Палатица (Берско)

село во Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Палатич)

Палатица (Палатич или Блатанци; грчки: Παλατίτσια, Палатиција) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Палатица
Παλατίτσια
Палатица is located in Грција
Палатица
Палатица
Местоположба во областа
Палатица во рамките на Бер (општина)
Палатица
Местоположба на Палатица во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 22°21′E / 40.483° СГШ; 22.350° ИГД / 40.483; 22.350
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаКутлеш
Надм. вис.&10000000000000110000000110 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно834
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Фреска на Свети Димитриј во истоимената црква од 1570 г.

Географија и местоположба

уреди

Селото е оддалечено околу 14 километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 110 метри, крај патот што води од Бер за Мелик и Катерина.[2]

Селскиот атар зафаќа површина од 18 квадратни километри.[2]

Историја

уреди

Палатица е постара грчка населба.[2]

Стопанство

уреди

Основни производи на оваа релативно голема населба се пченицата, тутунот, памукот и други земјоделски производи, а делумно во селото е развиено и сточарството, за кое постојат поволни услови со планински пасишта.[2]

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Палатич (Палатица) живееле 150 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палитач (Platitch) имало 145 жители.[2][4]

Според документи на Цариградската патријаршија во 1906 година во Пилатица (Πηλατίτσα) имало 54 семејства Власи.[5] Во 1910 година во Палатица (Παλατίτσα) имало 550 жители.[6]

Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[7]

На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[8]

Со пописот од 1913 година селото било забележано со 277, во 1920 година со 390, а во 1928 година со 538 жители, од кои 51 семејство со 177 жители биле бегалци. Во 1940 година имало 876, во 1951 година 769, во 1961 година 899, во 1971 година 826, во 1981 година 905, а во 1991 година 927 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 876 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 834 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 876 769 899 826 905 927 876 834
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Кутлеш со седиште во гратчето Кутлеш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Палатица, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 22.
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  5. Πατριαρχικά Έγγραφα: Επίσημα έγγραφα περί της εν Μακεδονία οδυνηρής καταστάσεως, Πατριαρχείο Τυπογραφείο, Κωνσταντινούπολις 1906. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  7. Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  8. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.