Падалиште (Гуменџиско)
поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија
Падалиште — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Падалиште | |
---|---|
Координати: 41°0.13′N 22°27.7′E / 41.00217° СГШ; 22.4617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на источните падини на планината Пајак. Се наоѓало меѓу селата Бојмица, Извор, Горгопик и Црна Река, на патот од Бојмица за Црна Река.[1] Под селото тече истоимената река Падалиште.[2]
Историја
уредиПадалиште било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во околните села, претежно во Бојмица и Горгопик.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 64. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“