Охридски бисер
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Охридскиот бисер е еден од препознатливите белези за Македонија, земја на културно-историски споменици, природни убавини и богатства, традиција и квалитет. Иако Охрид изобилува со културно-историски обележја, споменици, и секако Охридското Езеро, мора да се види и дознае за Охридскиот бисер и приказната за него.
Легендата за бисерот
уредиВо далечната 1928 година,во Охрид, синот на Никола Филев, угостител и сопственик на кафеаната „Велика Србија“, Михајло Филев, во ресторанот се запознава со еден таинствен гостин, Јован Субанович. Тој дошол како емигрант од далечната Русија, на Балканот, сосема случајно, токму во Охрид - Македонија. Останувајќи тука подолго време, помеѓу Јован и Михајло се создало големо пријателство. Па така шетајќи по бреговите на Охридското Езеро и разговарајќи на многу теми и животни приказни, ги здогледале рибарите, кои биле воедно и стриковци на Михајло Филев. Тие носеле кошеви со плашица, која е една врста на риба која живее во Охридското Езеро.После таа глетка во рибите, Јован веќе сфатил дека таа тајна што ја носи со себе од Русија, поточно од Бајкалското Езеро, може да ја открие тука. А таа тајна била во рибата плашица која е ендемска форма од чии крлушки на кожата може да се направи бисер. Па така, во знак на големото пријателство, Јован го запознал со таинствената техника за изработка на бисер господинот Михајло Филев. Тука, во Охрид, порано никој не знаел за таков занает.
Потоа, семејството Филеви започнува со изработка на бисери, пренесувајќи ја семејната тајна од колено на колено, од татко на син. Како водечки сувенир на градот Охрид, препознатлив бренд на Република Македонија, бисерите ги красат грлата и ги збогатуваат колекциите со накит на многу луѓе во Македонија и ширум светот.
Изработка
уредиЦелосната тајна за изработката на бисерот ја знаат само семејството Филеви и семејството Талеви. Овие две семејства ја негуваат традицијата и обработуваат производ наречен Оригинален Охридски бисер. Всушност изработката се темели на рачно производство. Основата на бисерот е школка, т.е. срцевината на школката која се гребе и од неа се изработуваат најразлични форми (топче, солза и др.) и најразлични големини (од F5 до F15). Потоа се земаат крлушките на рибата плашица, и од нив се прави емулзија која се нанесува врз основата. Се разбира, на емулзијата е најспецифичниот дел од изработката на бисерот. Емулзијата се нанесува со четка од природен материјал, најчесто од влакна од опашката на верверица. Таа се нанесува онолку пати колку што е и големината на топчето бисер(ако е F5, тогаш се нанесува 5 пати). Сето тоа се остава да исуши, па одново, и одново. Оваа рачна изработка на бисерот е постепена и во фази.
Новите творби се предизвик за новите генерации на семејствата, за продолжување на долгата семејна традиција.
Оригиналност
уредиПознати со Охридски Бисер
уреди- Јованка Броз (Прва Дама на Југославија)
- Дијана (принцеза од Велс)
- Маргарета II (Кралица на Данска)
- Јулијана (Кралица на Холандија)
- Марија (Кралица на Југославија)
- Џована (Кралица на Бугарија)
- Вилма Трајковска (Прва Дама на Македонија)
- Елизабета II (Кралица на Обединето Кралство)
- Каролина Гочева (Македонска пејачка)
- Жулиет Бинош (Француска глумица)
Производот го гарантираат многубројните сертификати и признанија на светско ниво.
Наводи
уреди- www.ohridpearl.com