Плашица
Плашица | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Краповидни |
Семејство: | Крапови |
Род: | Плашица |
Вид: | Плашица |
Научен назив | |
Alburnus alburnus (Linnaeus, 1758) |
Плашица (науч. Alburnus alburnus) — вид на речна риба од семејството на краповите (Cyprinidae). Охридската плашица е ендемичен вид за Охрид - Дрим - Скадар екосистемот.
Опис и распространетост
уредиОхридската плашица припаѓа на семејството Cyprinidae. Телото и е издолжено, странично сплеснато со релативно големо око. Телото и е покриено со лушпи кои лесно отпаѓаат. Грбот и е темнозелен до темносин, а страните и стомакот и се сребрено бели со седефаст сјај. Устата е терминална и свртена нагоре. Грбната перка започнува зад крајот на градната перка, а завршува пред почетокот на аналната перка. Опашната перка е длабоко засечена. Градните перки се долги и речиси достигнуваат до стомачните. Телото на плашицата од горната страна е сивозелено, додека странично е сребренесто. Бојата на стомачната страна е млечнобела. По страните се протега темносива тенка линија.[1]
Основни биолошки одлики
уредиОхридската плашица полово созрева во третата година од животот, на должина од 7- 8 см. Се мрести порционо во долг временски интервал, од мај до јули, во литоралот на езерото плитката крајбрежна зона. Во зависност од возраста и големината плодноста на охридската плашица варира и се движи помеѓу 3 000 – 10 500 јајца. Икрата има леплив слој со кој се прицврстува најчесто на растителна подлога. Ембрионалниот развој е краток и трае 4 - 5 дена. Просечната големина која ја достигнува охридската плашица изнесува 12 - 15 см. Максималната големина е до 20 см и тежина од 50 грама. Овие примероци во езерото се доста ретки.
Младите рипчиња се задржуваат во заливите и се хранат со зоопланктон, додека на возрасните основна храна им е зоопланктонот. Исто така се храни и со инсекти што пагаат во водата, кукли од хирономиди и со други без‘рбетници, но и со растителна храна.[1]
Значење
уредиМесото од охридската плашица е доста вкусно и барано на пазарот, за што има и економска вредност. Има голема економска вредност поради големите количини кои се среќаваат во Охридското Езеро.[1]
Надворешни врски
уреди- ‘Рбетните животни на Русија: плашица Архивирано на 15 октомври 2021 г. (руски)
- Плашицата на fischen.ru Архивирано на 30 август 2009 г. (руски)