Отомански поморски експедиции во Индискиот Океан

Отоманските поморски експедиции во Индискиот Океан претставувале серија на операции во Индиски Океан во 16 век. Имало четири експедиции помеѓу 1538 и 1554, во времето на Сулејман Величествениот.

Операција на Пири Рејс
Португалски бродови во Ормускиот Проток

Позадина уреди

По експедициите на Васко де Гама, моќната португалска морнарица ја презела контролата на Индискиот Океан во почетокот на 16 век. Тоа претставувало закана за крајбрежните градови на Арапскиот Полуостров и Индија. Членови на морнарицата се населиле во Гоа, град на западниот брег на Индија во 1510 година.

Отоманската контрола на Црвено Море во меѓувреме започнала во 1517 кога Селим I го зазел Египет. Поголемиот дел од Арапскиот Полуостров набргу паднале доброволно под Отоманското Царство. Пири Рејс, кој бил познат по својата мапа на светот ја претставил на Селим само неколку недели по зазимањето на Египет. Во таква ситуација започнало турско-португалското соперништво. Селим започнал преговори со Музафер II, султан на Гуџарат во Индија за можни заеднички дејства против Португалија во Гоа[1]. Сепак, Селим починал во 1520 година.

Во 1525 за време на владеењето на Сулејман I, Селман Рејс бил назначен како адмирал на отоманската флота во Црвеното Море и бил задолжен за одбраната на отоманските крајбрежни градови против португалските напади. Во 1534 Сулејман пристигнал до Басра и Персиски Залив. Отоманското Царство уште се соочувала со проблемот на португалските контролирани брегови. Повеќето крајбрежни градови на Арапскиот Полуостров биле или португалски пристаништа или португалски вазалства. Друга причина за соперништво меѓу двете земји била во трговијата. Во 15 век главните трговски патишта од Далечниот Исток до Европа се одвивале преку Црвеното Море и во Египет. Додека Отоманското Царство имала голема моќ на Средоземјето, таа не била во можност да ја пренесе морнарицата во Црвено Море. Новата флота била изградена во Суецкиот Канал. Официјалната причина на експедиците во Индискиот Океан била поканата од Индија[2].

Експедиција од Хадим Сулејман-паша, 1538 уреди

Бахадур Шах, (син на Музафер II кој преговарал со Селим) апелирал до Цариград за заедничка акција против португалската морнарица. Сулејман I ја искористил оваа можност за да ја провери португалската доминација во Индискиот Океан и го именувал Хадим Сулејман-паша како адмирал на неговата флота. Поморските сили биле составени од околу 90 галии. Во 1538 година тој пловел кон Индија преку Црвеното и Арапското Море, само за да дознаее дека Бахадур Шах бил убиен за време на судирите со португалската морнарица и неговиот наследник направил сојуз со Португалија. По неуспешната опсада на Диу, тој одлучил да се повлече. На својот пат назад кон Суец тој го освоил поголемиот дел од Јемен.

Експедиција од Пири Рејс, 1548-1552 уреди

По првата експедиција, португалската морнарица го зазела Аден и го ставилa под опсада градот Џеда (во денешна Саудиска Арабија) и се обидeле да навлезат во Црвеното Море. Целта на втората експедиција била да се врати власт во Црвеното Море и Јемен, да се блокира португалскиот пристап кон Персискиот Залив и да се обнова османлиската контрола над Индиски Океан.

Новиот адмирал бил Пири Рејс (кој претходно ја презентирал својата Мапа на светот на Селим), во 1548 година го зазел Аден и ја обезбедил контролата на Црвеното Море. Тој продолжил кон исток и го зазел Мускат во 1552, пропирувајќи ја османлиската власт во денешен Оман. Областа околу Мускат под контрола на Португалија паднала во 1507 година. Тој потоа заминал за Ормускиот Проток во Персискиот Залив и успеал да го зазеде. По зазимањето на Катар тој одбил да продолжи со работа и се вратил во Суец. Поради овој потег подоцна тој бил казнет од султанот.

Експедиција од Мурат Рејс Постариот, 1552 уреди

Целта на оваа експедиција била да се донесе флотата назад кон Суецк. Новиот адмирал бил Мурат Рејс Постариот. Додека се обидувал да плови надвор од Персискиот Залив, тој наидел на голема португалска флота каде доживеал неуспех.

Наводи уреди

  1. „History cooperative“. Архивирано од изворникот 2012-08-03. Посетено на 2012-08-03.
  2. Prof Dr. Yaşar Yücel-Prof Dr. Ali Sevim :Türkiye Tarihi II, Türk Tarih Kurumu Yayınları,1990,İstanbul[се бара страница]