Опсада на Диу
Опсадата на Диу се одвила кога османлиската флота се обидела да го зазеде индискиот град Диу во 1538 година. Гувернерот на Османлиски Египет, Сулејман-паша во 1525 година добил задача од Истанбул да изврши притисок врз Португалија, односно да го зазеде поморскиот пат кој води кон Индија[1]. Така, за таа цел биле подготвени една флота од 80 бродови[1]. Сепак планираниот напад не се одвивал како што било замислено, глвно поради Опсадата на Корон и Османлиско-сефевидската војна[1] Во меѓувреме, португалските сили го продолжиле своето напредување, убивајќи го Бахадур Шах во февруари 1537 година[1].
Опсада на Диу | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-португалски војни | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Португалија | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Антонио Силвеира | Хадим Сулејман-паша | ||||||
Сила | |||||||
600 војници | 22,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | непознато |
Во 1538 година од страна на Османлиите бил окупиран Аден, на чело со Сулејман-паша. Целта била градот да се претвори во османлиска база во случај ан османлиско-португалска војна[1][2]. Султанот од Аден, кој бил сојузник на Португалија, бил обесен, а градот ставен под опсада. По ова, османлиската флота на 4 септември 1538 година престигнала пред градот Диу[1]. Ова претставувала најголемата османлиска флота некогаш пуштена по водите на Индиски Океан[3]. Диу бил опсаден со 130 топови. И покрај постојаните напади, опсадата не успела[1] The Ottomans finally had to lift the siege.[1].
По неуспешната опсада, Османлиите се вратиле во Аден, каде се утврдиле со своите оружја[2][4]. Хадим Сулејман-паша наредил да се започне втора опсада на Диу, но тоа не се случило.[1]. Во 1540 година, Португалците ги испратиле своите сили во Црвено Море, напаѓајќи ги Суакин и Кусајар, обидувајќи се да го заземат Суецкиот Канал со флота од 72 бродови[1][5]. Во следните години следувале постојани битки помеѓу двете светски сили.
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 An economic and social history of the Ottoman Empire by Halil İnalcik p.324ff [1]
- ↑ 2,0 2,1 The history of Aden, 1839-72 by Zaka Hanna Kour p.2
- ↑ European warfare, 1494-1660 Jeremy Black p.60
- ↑ An economic and social history of the Ottoman Empire by Halil İnalcik p.326 [2]
- ↑ Mecca: a literary history of the Muslim Holy Land by Francis E. Peters p.405 [3]