Оружје за масовно уништување

Оружје за масовно уништување (ОМУ) — јадрено, радиолошко, биолошко, хемиско или друг вид оружје што може да убие или да нанесе значајна штета на голем број луѓе или да направи огромна штета на градбите изградени од човекот (на пр. згради), на природните градби (на пр. планини), или на биосферата. Доменот и примената на овој термин се развиваат и се дискутираат, почесто со политичко отколу техничко значење. Образуван во врска со воздушното бомбардирање со хемиски експлозиви, тој ги издвојува оружјата од големи размери на другите технологии, како што се хемиското, биолошкото, радиолошкото, или јадреното. Ова прави разлика помеѓу овој термин и оние постручните како што е хемиско, биолошко, радиолошко и јадрено оружје (ХБРН, анг.CBRN).

Рани употреби на терминот

уреди

Првата регистрирана употреба на терминот "оружје за масовно уништување" е од Космо Гордон Ланг, Архиепископ од Кантербери, во 1937 г. во врска со воздушното бомбардирање на Герника, Шпанија:

Кој може да размислува во сегашново време без да му се згрози срцето за ужасното убиство, за страдањето, за многукратната мизерија што војната им ги донесе на Шпанија и на Кина? Кој може да размислува без да се ужаси за тоа што друга пространа војна би значела, водена со сите нови оружја за масовно уништување? [1]

Во тоа време, САД (со помош од Западните сојузници) допрва го развиваше и го употреби јадреното оружје. Јапонија спроведе истражување за биолошките оружја (види Unit 731),[2] додека, пак, хемиските оружја имаа широка примена, особено во Првата светска војна.

По атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки што ставија крај на Втората светска војна, и напредувајќи во периодот на Студената војна, терминот почна да се однесува повеќе на неконвенционални оружја. Примената на овој термин за посебно јадрено и радиолошко оружје го открива Вилијам Сафир во руската фраза "Оружие массового поражения" – oruzhiye massovovo porazheniya (оружје за масовно уништување).

Тој му го припишува на Џејмс Гудбај (од Brookings Institution) откривањето на она што тој го смета за најрана позната употреба на англиски јазик по јадреното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки (иако не е сосема буквално): соопштение од 15 ноември 1945 г., од средбата на Хари Труман, Клемент Атли и Мекензи Кинг (веројатно подготвено од Ваневар Буш– барем така тврдеше Буш во 1970 г.) се однесуваше на "оружја приспособливи за масовно уништување".

Токму оваа фраза, вели Сафир, ја употребил и Бернард Барух во 1946 г. (во говор во Обединетите Нации, најверојатно напишан од Херберт Бејард Своп).[3] Истата фраза си го најде својот пат до првата резолуција што Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои во јануари 1946 г. во Лондон, кое го употреби збороредот: „...уништување на државното вооружување со атомско оружје и на сите други оружја приспособливи за масовно уништување.“[4] Оваа резолуција ја создаде и Комисијата за атомска енергија (претходник на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)).

Точната употреба на овој термин се даде во предавањето „Атомската енергија како атомски проблем“ (анг.„Atomic Energy as an Atomic Problem“ од Џ.Роберт Опенхаимер. На 17 септември 1947 г., предавањето се достави до Надворешната служба и Министерството за надворешни работи. Тоа повторно се испечати во The Open Mind (Њујорк: Сајмон и Шустер, 1955 г.).

„Тоа претставува делекусежна контрола што би го отстранила соперништвото во оваа област помеѓу нациите, што би го спречила тајното вооружување на една нација против друга, што би обезбедила дополнително време пред атомски напад, спред тоа, најверојатно пред каков било напад со оружје за масивно уништување, и што ќе цели кон отстранување на атомската енергија, во најмала рака како извор на судири помеѓу силите.“.

Терминот е употребен и во енормно влијателниот документ на американската влада познат како NSC-68 напишан во април 1950 г.[5]

Во емитуваната презентација за Кубанската ракетна криза на 22 октомври 1962 г., Џон Ф. Кенеди спомна „офанзивно оружје за ненадејно масовно уништување.[6]

Рана употреба во меѓународен договор на истата фраза е во Договорот за вселената од 1967 г., меѓутоа не беше дадена никаква дефиниција.

Развојот на неговота употреба

уреди

За време на Студената војна, терминот "оружје за масовно уништување" првично се однесуваше на јадрено оружје. Во тоа време, на Западот се користеше еуфемизмот "стратегиско оружје" што се однесуваше на американскиот јадрен арсенал, кој претставуваше неопходно средство за одвраќање на Советскиот Сојуз од јадрен или конвенционален напад (види Заемно загарантирано уништување).

Терминот "оружје за масовно уништување" продолжи периодично да се употребува во ова време, особено во контекст на контрола на јадрено оружје; Роналд Реган го употреби за време на Самитот во Рејкјавик, кога се осврна на Договорот за вселената во 1967 г..[7] Наследникот на Реган, Џорџ Х. В. Буш, го употреби терминот во говор до Обединетите нации во 1989 г., првично упатувајќи кон хемиско оружје.[8]

Завршетокот на Студената војна ја намали зависноста на Сад од користењето на јадреното оружје како средство за заплашување, што предизвика да го насочи своето внимание кон разоружување. Овој период се совпадна со сè поголемата закана од исламските нации и независните исламски групи за интересите на САД. Со инвазијата на Кувајт во 1990 г. и Заливската војна од 1991 г., посебна грижа на првата аминистрација на Буш беа програмите за јадрено, биолошко и хемиско оружје на Ирак.[9] По војната, Бил Клинтон и други западни политичари и медиуми продолжија да го користат терминот, особено кога упатуваа на тековните обиди за укинувње на програмите за оружје на Ирак.[се бара извор]

По нападите на 11 септември во 2001 г. и нападите со антракс во 2001 г., САД и други западни сили ги опфати зголемен страв од неконвенционално оружје и асиметрично војување. Овој страв го достигна својот врв со Кризата за разоружување на Ирак во 2002 г. и наводното постоење на оружје за масовно уништување во Ирак што стана првичното оправдување за инвазијата на Ирак во 2003 г. Меѓутоа, никакво ОМУ не беше пронајдено во Ирак. (Беа пронајдени резерви на хемиска муниција меѓу кои и сарин и хемиски боени отрови, но ништо од тоа не се сметаше дека е во состојба за користење поради корозија.)[10]

Поради својата плодна употреба во овој период, Американското здружение за дијалекти , во 2002 г., го прогласи терминот "оружје за масовно уништување" (и неговата кратенка, "ОМУ") за збор на годината,[11] а во 2003 г., Државниот универзитет Лејк Супериор го додаде ОМУ на својата список на термини забранети за "погрешна употреба, прекумерна употреба и општа бескорисност".[12]

Во својата Кривична пријава против главниот осомничен за бомбардирањето на бостонскиот маратон на 15 април 2013 г., ФБИ заборува за импровизирана бомба во експрес-тенџере како за "оружје за масовно уништување".[13]

Дефиниција на терминот

уреди

Стратегиско

уреди

Иако не постои никаков договор или вообичаено меѓународно право што содржи авторитативна дефиниција за "оружје за масовно уништување", најчесто употребувана е дефиницијата на јадрено, биолошко, или хемиско оружје (НБХ). Всушност, меѓународното право се користи во однос на одредени категории оружје што спаѓаат во ОМУ, но не се однесува на ОМУ како целина. Иако јадреното, хемиското и биолошкото оружје се сметаат за трите главни видови ОМУ,[14] некои аналитичари тврдат дека и радиолошките материјали како и проектилната технологија и системите за испорака како што се воздухопловството и балистичките проектили може да се окарактеризираат како ОМУ.[14]

Кратенките НБХ (за јадрено, биолошко и хемиско) или ХБР (хемиско, биолошко, радиолошко) се употребуваат во однос на системите за заштита на оклопни возила во бојно поле, бидејќи и трите содржат притаени отрови кои можат да се пренесат низ воздухот и можат да се заштитат со системите за филтрација на воздухот во возилата.

Сепак, постои аргумент дека јадреното и биолошкото оружје не припаѓаат во истата категорија со хемиското оружје и радиолошкото оружје "валкана бомба", кои имаат ограничен потенцијал за уништување (и кој, кога се однесува на својствата, не е близок до ни еден друг), додека, пак, јадреното и биолошкото оружје ја имааат уникатната способност да убијат голем број на луѓе со многу мали количини материјал, па така може да се каже дека припаѓаат во сопствена класа.

НБХ дефиницијата се употребува и во официјалните документи на САД, од претседателот на САД,[15][16] Централаната разузнавачка агенција на САД,[17] Министерството за одбрана на САД,[18][19] и Службата за владина одговорност на САД.[20]

Други документи ја прошируваат дефиницијата на ОМУ за да се вклучат и радиолошкото и конвенционалното оружје. Армијата на САД го опишува ОМУ како:

Хемиско, биолошко, радиолошко или јадрено оружје со способност за уништување од големи размери или за предизвикување на масивно убивање, а ги исклучува средствата за транспорт или придвижување на оружјето кога таквите средства се одделив и делив дел на оружјето. Тие се нарекуваат и ОМУ.[21]

Ова може да се однесува и на јадрените ИЦБМ (меѓуконтинентални балистички проектили).

Значењето на зборовите одделив и делив дел на оружјето е дека проектилите како што се Pershing II и SCUD се сметаат за оружје за масовно уништување, додека авионите со способност за носење на бомби не се сметаат за оружје за масовно уништување.

Во 2004 г., Батлеровиот преглед (анг. Butler Review) на Обединетото Кралство ја призна "значајната и долготрајна академска расправа за соодветното толкување на фразата ‘оружје за масовно уништување’". Комитетот се обидуваше да го избегне општиот термин, но кога го употреби ја примени дефиницијата од Резолуцијата 687 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која ги дефинира системите што се бараат од Ирак да ги напушти:

  • "Јадрено оружје или употреблив материјал од јадрено оружје или какви било подсистеми или компоненти или какво било истражување, развој, поткрепување или произведување на опрема поврзана со [јадрено оружје].
  • Хемиско и биолошко оружје и сите залихи на агенси и сите сродни подсистеми и компоненти и цела опрема за истражување, развој, поткрепа и производство.
  • Балистички проектили со дострел поголем од 150 километри и сродни главни делови и опрема за поправка и производство."[22]

Стручњакот за хемиско оружје, Герт Г. Хариге го смета само јадреното оружје за вистинско оружје за масивно уништување, бидејќи "единствено јадреното оружје е целосно неселективно со неговата моќ на експлозија, зрачење на топлина и радиоактивност, и затоа единствено тоа треба да се нарекува оружје за масовно уништување". Тој претпочита да го нарекува хемиското и биолошкото оружје "оружје за терор" кога цел се цивилите, и "оружје за заплашување" за војниците.

Сведоштвото на еден таков војник го искажува истото гледиште.[23] Во текот на неколку месеци во зимата 2002–2003 г., Заменик министерот за Одбрана на САД Пол Вофовиц често го употребуваше терминот "оружје за масовен терор," очигледно препознавајќи ја и разликата помеѓу психолошките и физичките ефекти на многу работи кои во моментот спаѓаат во категоријата на ОМУ.

Густаво Бел Лимус, потпретседател на Колумбија, на 9 јули 2001 г. на Конференцијата за нелегална трговија со стрелачко оружје и Лесно оружје во сите негови аспекти на Обединетите нации, го цитираше во Генералното собрание Милениумскиот извештај на Генералниот секретар на ОН, во кој Кофи Анан кажа дека стрелачкото оружје може да се опише како ОМУ поради смртните случаи што тоа ги предизвикува "ги засенува сите други системи на оружје – и во повеќето години во голема мера го надминува бројот на загинати од атомските бомби што ги опустошија Хирошима и Нагасаки".[24]

Дополнителен услов кој често безрезервно се придодава на ОМУ е дека употребата на оружјето мора да биде стратегиска. Со други зборови, ти би биле наменети "да имаат последици кои во голема мера би ја надминале големината и делотворноста на самото оружје".[25] Стратегиската природа на ОМУ ја дефинира и нивната функција во воената доктрина за целосна војна бидејќи цели кон средствата што една земја би ги употребила за го поткрепи и опреми својот воен напор, особено своето население, индустрија и природни ресурси.

Во американските организации за цивилна заштита, категоријата опфаќа хемиско, биолошко, радиолошко, јадрено и експлозивно (ХБРНЕ), што го дефинира ОМУ како:

(1) Секој експлозив, запаливо средство, отровен гас, бомба, граната, или ракета наполнета со повеќе од четири унци [113 g] гас, проектил наполнет со повеќе од една четвртина унца [7 g] експлозив или запаливо средство или мина или направа слична на гореспоменатите. (2) Отровен гас. (3) Секое оружје кое вклучува организам на болест . (4) Секое оружје кое е наменето да ослободи зрачење на ниво што е опасно по човековиот живот.[се бара извор]

Воено

уреди

За општите цели на националната одбрана,[26] Законикот на САД[27] го дефинира оружјето за масовно уништување како:

  • секое оружје или направа што е наменета, или има сопсобност, да предизвика смрт или сериозни телесни повреди на значаен број луѓе преку ослободување, ширење или влијаење на:
    • токсични или отровни хемикалии или нивните претходници
    • организам на болест
    • зрачење и радиоактивност[28]

За да го спречи ширењето на оружјето,[29] Законикот на САД го дефинира оружјето за масовно уништување како "хемиско, биолошко и јадрено оружје, и хемиски, биолошки јадрени материјали кои се користат за производство на такво оружје."[30]

Кривично (цивилно)

уреди

Кривичното право на САД кое се занимава со тероризам,[31] го дефинира оружјето за масовно уништување како:

  • секоја „направа за уништување“ дефинирана како каков било експлозив, запаливо средство или отровен гас – бомба, граната, ракета што е наполнета со повеќе од четири унци гас, проектил наполнет со повеќе од една четвртина унца експлозив или запаливо средство, мина, или направа слична на која било од направите опишани во претходните клаузили[32]
  • секое оружје кое е наменето или планирано да предизвика смрт или сериозни телесни повреди преку ослободување, ширење или влијаење на токсични или отровни хемикалии, или нивните претходници
  • секое оружје кое вклучува биолошки агенс, токсин или пренесувач на зараза
  • секое оружје кое е наменето да ослободи зрачење или радиоактивност на ниво што е опасно по човековиот живот[33]

Дефиницијата на Федералното истражно биро е слична на горепретставената од статутот за тероризам:[34]

  • секоја "направа за уништување" како што е дефинирана во Законикот на САД (УСЦ) Наслов 18 Член 921 (анг. Title 18 USC Section 921): секој експлозив, запаливо средство или отровен гас – бомба, граната, ракета наполнета со повеќе од четири унци гас, проектил наплонет со повеќе од едначетвртина унца експлозив или запаливо средство, мина, или направа слична на која било од направите опишани во претходните клаузили
  • секое оружје кое е наменето или планирано да предизвика смрт или сериозни телесни повреди преку ослободување, ширење или влијаење на токсични или отровни хемикалии или нивните претходници
  • секое оружје кое вклучува организам на болест
  • секое оружје кое е наменето да ослободи зрачење или радиоактивност на ниво што е опасно по човековиот живот
  • секоја направа или оружје наменета или планирана да предизвика смрт или сериозни телесни повреди со предизвикување на погрешно функционирање или уништување на авион или друго возило што носи луѓе или на авион или друго возило чие погрешно функционирање или уништување може да предизвика споменатиот авион или друго возило да предизвика смрт или сериозни телесни повреди на луѓе кои можеби се наоѓаат во дострелот на векторот на неговата насока на движење или движењето на неговите остатоци.

Според „18 USC 2332a“, постојат обвинувања и пресуди за поседување и користење ОМУ како што се камион-бомби,[35] цевка-бомби,[36] чевел-бомби[37] и боцки од кактус обложени со биолошки токсин[38].

Како што е дефинирано со „18 USC §2332 (a)“, оружје за масовно уништување е:

  • (А) секоја направа за уништување дефинирана во член 921 од насловот;
  • (Б) секое оружје кое е наменето или планирано да предизвика смрт или сериозни телесни повреди преку ослободување, ширење или влијаење на токсични или отровни хемикалии, или нивните претходници;
  • (В) секое оружје кое вклучува биолошки агенс, токсин или пренесувач на зараза (бидејќи овие термини се дефинирани во член 178 од овој наслов); или
  • (Г) секое оружје кое е наменето да ослободи зрачење или радиоактивност на ниво што е опасно по човековиот живот;

Според истиот статут, за заговарање, обидување, заканување или користење оружје за масивно уништување може да се добие затворска казна од каков било временски период или доживотно, а ако е пропратено со смрт, казниво е со смрт или затворска казна од каков било временски период или доживотно. Може и да се побара да се плати максимална казна од $250,000.[39]

На 30 март 2006 г.„The Washington Post“ објави: „Денес, во судскиот процес за смртна казна на Закариа Мусауи, поротниците побараа од судијата да го дефинира терминот 'оружје за масовно уништување' при што им беше кажано дека вклучува и авиони употребени како проектили“. Мусауи беше обвинет и суден за употреба на авиони како ОМУ.

Преживеаниот осомничен за бомбардирањето на бостонскиот маратон, Џохар Царнаев, беше обвинет во април 2013 г. со федерален прекршок за "употреба на оружје за масовно уништување" откако тој и неговиот брат наводно поставиле блиску до крајната цел на бостонската позната трка бомби со суров шрапнел, направени од експресно-тенџере полно со лаѓери и шајки. Неговото наводно терористичко дело резултира со три смртни случаи и најмалку 282 повредени.

Договори

уреди

Со развојот и употребата на ОМУ раководат неколку меѓународни конвенции и договори, иако сите земји ги намаат потпишано и ратификувано:

Употреба, поседување и пристап

уреди

Јадрено оружје

уреди
 
Јадрени боеви глави на САД, 1945–2002

Единствената земја која употребила јадрено оружје во војна е САД, која фрли две атомски бомби на јапонските градови Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна. Осум земји изјавиле дека поседуваат јадрено оружје и познато е дека го тестирале, од кои само пет се членови на НПТ. Тие осум се Кина, Франција, Идија, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Обединетото Кралство, и САД.

Многу аналитичари сметаат дека и Израел има јадрено оружје по бројност во малите стотици, но води официјална политика на јадрена двосмисленост, ниту го одрекува ниту го потврдува својот јадрен статус. Јужна Африка создаде мал јадрен арсенал во 1980-тите год., но во 1990-тите год. го демонтира, што ја направи единствената земја која целосно се откажа од самостојно создаден јадрен арсенал. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Белорусија, Казахстан и Украина наследија залихи на јадрено оружје, но ѝ ги препуштија на Руската Федерација.

Во земјите кои имаат пристап до јадрено оружје преку договорите за делење на јадреното оружје се вклучуваат Белгија, Германија, Италија, Холандија и Турција. Северна Кореја тврди дека развила и тестирала јадрени направи. Иако надворешни извори не можеа категорично да го потврдат нејзиното тврдењето, Северна Кореја официјално е идентификувана дека поседува јадрено оружје.

Политиката на САД

уреди

Заради неговото неселективното влијание, стравот од напад со ОМУ оформи политички начела и кампањи, поттикна општествени движења и е главна тема на многу филмови. Поддршката за различни нивоа на развој и контрола на ОМУ варира на државно и меѓународно ниво. Сепак, не е високо разбирањето за природата на заканите, делумно поради непрецизната употреба на терминот од политичарите и медиумите.

 
Проект на A-бомба

Стравот од ОМУ, или од заканите намалени со поседувањето на ОМУ, долго се користи за да се катализира јавната поддршка за различни политики за ОМУ. Тие вклучуваат подеднаква мобилизација и на активистите за и на оние против ОМУ, и создавање општоприфатена политичка поддршка. Терминот ОМУ може да се употреби како силен помодарски збор[40] или да создаде култура на страв.[41] Се употребува и двосмислено, особено не разликувајќи ги различните видови ОМУ.[42]

Телевискиката реклама наречена Дејзи (анг. Daisy), која во 1964 г. ја промовираше претседателската кандидатура на демократот Линдон Џонсон, се повика на стравот од јадрена војна и беше елемент во идното избирање на Џонсон.

Неодамна, претседателот Џорџ В. Буш ја искористи заканата од потенцијално ОМУ во Ирак како оправдување за инвазијата на Ирак во 2003 г.[43][44] Општо земено, честото спомнување на ОМУ на Ирак се сметаше за дел од аргументите на претседателот Буш.[42] Тврдењето дека Ирак поседува оружје за масовно уништување (ОМУ) доведе до инвазијата на Ирак во 2003 г. од силите на коалицијата.

Од 2003 г., низ Ирак се пронајдени над 500 муниции кои содржат хемиски отровни агенси и гас сарин, произведени во 1980-тите и кои веќе не можат да се користат како што првично биле наменети.[45]

Во 2004 г., полските трупи нашле деветнаесет ракетни боеви глави од периодот на 1980-тите, спречувајќи обид на милитантите да ја купат секоја за $5000. Некои од ракетите содржеле крајно влошени нервни агенси.[46]

Восприемање на јавноста

уреди

Сознанието и размислувањата за ОМУ варираа во текот на неговата историја. За различни луѓе, заканата од него е извор на загриженост, безбедност и гордост. Движењето против ОМУ најмногу е отелотворено во јадрено разоружување, и во 1957 г. доведе до формирање на британската Кампања за јадрено разоружување.

Со цел да се зголеми сознанието за сите видови ОМУ, во 2004 г., јадрениот физичар и добитник на Нобелова награда за мир, Џозеф Ротблатго поттикна создавањето на Програма за сознание на ОМУ[47] за да обезбеди веродостојни и современи информации за ОМУ во светот.

Во 1998 г., Институтот за јавна политика при Универзитетот во Ново Мексико го издаде својот трет извештај[48] за восприемањата на САД – вклучувајќи ја пошироката јавност, политичарите и научниците – за јадреното оружје по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Ризиците од јадрен судир, ширење и тероризам се сметаа за суштински.

Додека важноста на одржувањето на јадрениот арсенал на САД се сметаше за натпросечна, имаше широкораспространета поддршка за намалување на залихите и многу мала поддршка за развивање и тестирање на нови јадрени оружја.

Исто така во 1998 г., но откако се спроведе истражувањето на УНМ (Универзитетот во Ново Мексико), за време на изборите во Индија, во март, се покрена прашање за јадреното оружје,[49] во однос на политичките тензии со соседен Пакистан. Пред изборите, Bharatiya Janata Party (Индиската народна партија) (БЈП) изјави дека откако ќе дојде на власт ќе ја „прогласи Индија за јадрена држава“.

БЈП победи на изборите , па на 14 мај, три дена откако Идија по вторпат тестираше јадрено оружје, анкетата за јавното мислење објави дека повеќето Индијци ја одобруваат јадрената подготовка на земјата.[се бара извор]

На 15 април 2004 г., Програмата за меѓународни политички односи (ПИПА) објави[50] дека граѓаните на САД покажаа загриженост на високо ниво во однос на ОМУ и дека спречувањето на ширењето на јадреното оружје треба да биде „важна цел за надворешната политика на САД", која попрво ќе се постигне преку мултилатерална контрола на оружје отколку со употреба на воени закани.

Исто така, мнозинството мислеше дека САД треба да биде повеќе на располагање со своето биолошко истражување и својата посветеност на Договорот за неширење на јадрено оружје за намалување на јадреното оружје, и погрешно мислеше дека САД претставуваше страна во различни договори за неширење.

Анкетата за мислење на Русите која се спроведе на 5 август 2005 г. покажа дека половина од населението мисли дека новите јадрени сили имаат право да поседуваат јадрено оружје.[51] 39% од нив мислат дека руските залихи треба да се намалат, но не целосно да се уништат.

Поврзано

уреди

Наводии

уреди
  1. "Archbishop's Appeal," Times (London), 28 December 1937, p. 9.
  2. „Biological Weapons Program – Japan“. Fas.org. Посетено на 5 August 2010.
  3. "Weapons of Mass Destruction", New York Times Magazine, 19 April 1998, p.22. Retrieved 24 February 2007.
  4. „UNODA - Nuclear Weapons Home“. Un.org. Посетено на 14 May 2012.
  5. „NSC-68 United States Objectives and Programs for National Security“. Fas.org. Посетено на 5 August 2010.
  6. Kennedy JF (1962-10-22). Televised remarks to the American people re "the Soviet military buildup on the island of Cuba"
  7. „CNN Cold War – Historical Documents: Reagan-Gorbachev transcripts“. Web.archive.org. 18 May 2008. Архивирано од изворникот 2008-05-18. Посетено на 14 May 2012.
  8. „Excerpts From Bush's Speech at the Opening of the U.N. General Assembly –“. New York Times. Union Of Soviet Socialist Republics (Ussr). 26 September 1989. Посетено на 5 August 2010.
  9. By MICHAEL WINES, Special to The New York Times (30 September 1990). „Confrontation in the Gulf; U.S. Explores New Strategies to Limit Weapons of Mass Destruction –“. New York Times. IRAQ. Посетено на 5 August 2010.
  10. Munitions Found in Iraq Meet WMD Criteria, Military.com, report filed by American Forces Press Service, 29 June 2006
  11. „American Dialect Society“. Americandialect.org. 13 January 2003. Посетено на 5 August 2010.
  12. „Lake Superior State University:: Banished Words List:: 2003“. Lssu.edu. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 5 August 2010.
  13. „Criminal Complaint United States vs Dzhokhar Tsarnaev“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 2013-04-24. Посетено на 23 April 2013.
  14. 14,0 14,1 Weapons of Mass Destruction Hampshire College
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-02. Посетено на 2014-05-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Weekly Compilation of Presidential Documents Volume 37, Issue 19 (May 14, 2001)“ (PDF). Frwebgate.access.gpo.gov. Посетено на 14 May 2012.[мртва врска]
  17. CIA Site Redirect – Central Intelligence Agency
  18. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2004-10-01. Посетено на 2014-05-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2006-06-01. Посетено на 2014-05-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Weapons of Mass Destruction: State Department Oversight of Science Centers Program“ (PDF). Посетено на 5 August 2010.
  21. „Department of Defense Dictionary of Military and Associated Terms“. Dtic.mil. 12 April 2001. Архивирано од изворникот на 2016-10-10. Посетено на 5 August 2010.
  22. Review of Intelligence on Weapons of Mass Destruction: Report of a Committee of Privy Counsellors Архивирано на 16 јули 2011 г. (HC 898), London: The Stationery Office, 2004, §14.
  23. „A Soldier's Viewpoint on Surviving Nuclear, Chemical and Biological Attacks“. Sightm1911.com. Посетено на 5 August 2010.
  24. „Colombia“. Web.archive.org. 2 September 2007. Архивирано од изворникот 2007-09-02. Посетено на 14 May 2012.Предлошка:Dead link 2013.06.08
  25. „What makes a weapon one of mass destruction? – Times Online“. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 2014-05-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  26. „US CODE: Title 50—War and National Defense“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. Посетено на 5 August 2010.
  27. „US CODE: 50, ch. 40—Defense Against Weapons of Mass Destruction“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. Посетено на 5 August 2010.
  28. „US CODE: 50, ch. 40, § 2302. Definitions“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. Посетено на 5 August 2010.
  29. „US CODE: 50, ch. 43—Preventing Weapons of Mass Destruction Proliferation and Terrorism“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. Посетено на 5 August 2010.
  30. „US CODE: 50, ch. 43; § 2902. Definitions“. .law.cornell.edu. 23 March 2010. Посетено на 5 August 2010.
  31. „US CODE: Chapter 113B—Terrorism“. .law.cornell.edu. 28 June 2010. Посетено на 5 August 2010.
  32. „US CODE: Title 18, § 921. Definitions“. .law.cornell.edu. 13 September 1994. Посетено на 5 August 2010.
  33. „US CODE: Title 18, § 2332a. Use of weapons of mass destruction“. .law.cornell.edu. 28 June 2010. Посетено на 5 August 2010.
  34. „What is A Weapon of Mass Destruction“. Fbi.gov. 30 March 2007. Посетено на 5 August 2010.
  35. „8/95 Grand Jury Indictment Of McVeigh & Nichols“. Lectlaw.com. Архивирано од изворникот на 2010-02-24. Посетено на 5 August 2010.
  36. „FindLaw for Legal Professionals – Case Law, Federal and State Resources, Forms, and Code“. Caselaw.lp.findlaw.com. Посетено на 5 August 2010.
  37. „U.S. v. Richard C. Reid“ (PDF). Посетено на 5 August 2010.
  38. The Free Lance-Star - Jul 14, 1998
  39. „18 U.S. Code § 2332a - Use of weapons of mass destruction“ (PDF).
  40. „David T. Wright – Weapons of mass distraction“. Thornwalker.com. 13 April 1998. Посетено на 5 August 2010.
  41. „Weapons of Mass Destruction Are Overrated as a Threat to America: Newsroom: The Independent Institute“. Independent.org. 28 January 2004. Посетено на 5 August 2010.
  42. 42,0 42,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2014-05-12.
  43. „Weapons of mass deception – SourceWatch“. Sourcewatch.org. Посетено на 5 August 2010.
  44. „War Pimps, by Jeffrey St. Clair [Weapons of Mass Deception: The Uses of Propaganda in President Bush's War on Iraq, by John Stauber and Sheldon Rampton]“. Theava.com. 13 August 2003. Архивирано од изворникот на 2011-06-11. Посетено на 5 August 2010.
  45. „Munitions Found in Iraq Meet WMD Criteria, Official Says“. US Department of Defense. Посетено на 1 April 2014.
  46. „Troops 'foil Iraq nerve gas bid'. BBC. 2 July 2004. Посетено на 7 December 2007.
  47. „wmdawareness.org.uk“. Архивирано од изворникот на 2009-06-26. Посетено на 2014-05-12.
  48. John Pike. „Sandia National Laboratories – News Releases“. Globalsecurity.org. Посетено на 5 August 2010.
  49. John Pike. „17 Days in May – India Nuclear Forces“. Globalsecurity.org. Посетено на 5 August 2010.
  50. „The Pipa/Knowledge Networks Polll“ (PDF). Web.archive.org. 29 September 2005. Архивирано (PDF) од изворникот 2005-09-29. Посетено на 14 May 2012.
  51. Russian public opinion on nuclear weapons (5 August 2005). „Russian public opinion on nuclear weapons – Blog – Russian strategic nuclear forces“. Russianforces.org. Посетено на 5 August 2010.

Библиографија

уреди

Дополнително

уреди

Дефиниција и потекло

уреди

Меѓународно право

уреди

Медиуми

уреди

, by Susan D. Moeller, Center for International and Security Studies at Maryland, 2004.

Етика

уреди

Восприемања на јавноста

уреди

Надворешни врски

уреди