Оклопно возило

(Пренасочено од Оклопни возила)

Оклопно борбено возило е воено возило заштитено со оклоп и вооружено со оружје. Највеќето вакви возила се направени за нерамен терен.

Видови оклопни борбени возила

уреди

Оклопните борбени возила се делат според нивната намена на бојното поле и нивните одлики. Класификацијата не е апсолутна; во разни времиња разни земји класификуваат исти возила за разни намени. На пример, оклопните транспортери биле заменети со пешадиски борбени возила во многу слична улога, но второспоменатите имаат некои додатни предности.

Супешните општонаменски оклопни борбени возила често служат како основа за цело семејство на специјализирани возила, како на пример М113 и MT-LB гасеничарски носачи, и оние на тркала како Моваг Пирана.

Тенк

уреди
 
Тенк Т-72 со плочи реактивен оклоп

Тенк е гасеничарско, оклопно борбено возило, со главна задача за конфронтација на непријателот по пат на директен оган. Современиот ударен тенк се разликува по големата огнена моќ, подвижност и силен оклоп релативно на другите возила во своето време. Преминува компаративно груб терен со голема брзина, но бара доста гориво, одржување и муниција, т.е. бара доста логистика. Тој го носи најтешкиот оклоп од сите други возила, и носи моќно оружје кое конфронтира разни цели на бојното поле. Ова е веројатно најразнообразното и најстрашното оружје на бојното поле, ценето за неговиот шок-ефект против други единици, како и неговата висока преживливост.

Оклопен транспортер

уреди
 
М113, американски оклопен транпортер, најчест во Виетнамската војна.

Оклопните транспортери се лесни оклопни борбени возила за превоз на пешадија. Обично имаат само митралез, иако некои варијанти носат и бесповратни топови, противтенковски теледиригирани проектили или минофрлачи. Обично овие не се осмислени за директна борба, туку за пренос на единици на бојното поле вон опасност од шрапнели и заседа. ТИ еможат да бидат и на тркала или гасеници. Примери за ова возило се американскиот М113 (гасеничар), британскиот FV 432 (гасеничар),францускиот VAB (на тркала) и советскиот БТР (на тркала). Овој концепт бил наполно реализиран од страна на канадската војска во Нормандија во 1944 со конструирањето на Кенгур. Претходните оклопни транспортери биле или полугасеничари или премали за делотворен превоз на дел/одред пешадија (како универзалниот носач).

Пешадиско борбено возило

уреди

Пешадиско борбено возило е оклопен транспортер кој дава огнена поддршка за пешадијата.

првите обиди за пренос на единици во вооружено гасеничарско возило ги направила британската војска во Првата светска војна со продолжување на марк V во кој седела пешадиска единица додека возилото сѐ уште било вооружено како тенк. По војната, идејата за ова воило била заменета со камиони и лесно оклопени полугасеничари, кои нашле широка примена за време на Втората светска војна. Во оваа војна била направени извесни експерименти за тешко оклопени траснпортери, како Кенгури, приспособени од тенкови со остранување на куполите. По војната полугасеничарите била заменети со оклопни транспортери со гасеници или на тркала, вооружени обично со митралез за самоодбрана.

 
Шведско Борбено Возило 90, современо пешадиско борбено возило.

Современите пешадиски борбени возила се добро вооружени оклопни транспортери од чија внатрешност пешадијата може да се бори. Воеи се раликуваат од претходните оклопни транспортери по нивното тешко вооружување, кое овозможува поддршка со директен оган во случај на напад. Пешадијата пука со рачно оружје низ пушкарниците, во безбедноста на оклопот. Обично тие се вооружени со 20-милиметарски или поголеми автоматски топови, или пак со противтенковски теледиригирани проектили. Пешадиските борбени возила се обично гасеничари, но во оваа категорија спаѓаат и некои вакви возила на тркала.

Специјално опремените пешадиски борбени возила играат улога на лесни текнови; тие се користат во огранизации за извидување, или од воздушни единици кои мораат да се борат без тешката огнена моќ на тенковите.

По споредба, израелската Меркава е борбен тенк со можност да носи пешадија.

Самоодна артилерија и јуришен топ

уреди

Самоодна артилерија е артилерија која има свој интегрален превоз со тоа што се прицврстени на гасеници или шасија на тркала. Обично овие се исто така и оклопени. Вака, оваа подвижност им дава можност да се во чекор со оклопното војување, и им дава номинална заштита од контрабатериски оган или оган од мало оружје. Како влечената артилерија, батеријата на самоодни топови сепак мора да се постави на релативно безбедно место за да бомбардира, но може да се релоцира побргу.

Јуришен топ е самоодна артилерија наменета за поддршка на пешадија во улога на директен оган. Обично имаат топови со голем калибар кој може да фрла тешки високоексплозивни гранати, ефективни против единици во ровови и утврдувања.

Противтенковски топ

уреди
Податотека:JPz IV-70.jpg
Германски Јагдпанцер IV/70 (V), со 75-милиметарски топ од Пантер на шасија на Панцер IV.

Самоодниот противтенковски топ главно се користи за противнападна поддршка на пешадиски или тенковски единици, во дефанзивни или операции на повлекување. Може да носи големобрзински противтенковски топ или понекогаш, фрлач на противтенковски теледиригирани проектили.

Противтенковските топови неможат да извршуваат многу функции кои тенковите можат; тие се многу помалку флексибилни и обично немаат способност за одбрана од пешадија. Но тие се многу поевтини и полесни за одржување и замена.

Противтенковските топови воглавно се заменети со поопштонаменски тенкови од Втората светска војна наваму, но лесно оклопени носачи на противтенковски теледиригирани проектили се користат заради нивните дополнителни долгосежни противтенковски способности, како и за замена на тенковите кај лесните или воздушните сили.

Тенкета

уреди
 
Полска тенкета ТКС, вооружена со 7,92-милиметарски митралез

Тенкета е мало оклопно борбено возило со едончлен или двочлен екипаж кое е слично на тенкот, наменета за поддршка на пешадија и извидување. Повеќето немале купола и биле вооружени со еден до два митралеза, или поретко, малокалибарски топ или ракетен фрлач. Тенкетите се произведувале од околу 1930 до 1935 год, но подоцна престанало нивното производство поради нивната ограничена корисност и ранливоста на противтенковско оружје. Нивната улога ја презеле оклопните автомобили.

Класичен пример е британската тенкета Карден Лојд која служела како основа за производство на многу други. Јапонија обилно ја користела тенкетата, произведувајќи разни конструкции, кои се покажале корисни во прашумско војување.

Поврзано

уреди

Следниве не се оклопни борбени возила, но често се среќаваат заедно со нив: