Орден „8 Септември“

(Пренасочено од Орден „8 септември“)

Орден „8 Септември“ — високо македонско одличие во чест на 8 септемвриДенот на независноста на Република Македонија.

Орден „8 Септември“
Доделена заВонредни заслуги на личности и организации за исклучителен придонес за развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива соработка со други држави. За придонес, за развој и афирмација на меѓунационалните односи, за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста и одбраната на земјата.
ДржаваМакедонија Македонија
ДоделуваПретседател на Република Македонија

Особености

уреди

Има основна ѕвездеста форма со димензии од 81 мм.

Орденот е изработен од сребро со позлата, тониран топол емајл во современа јувелирско-ковна техника. Има соодветна, лента и минијатурна лента.

Редниот број на орденот, жигот за чистота на металот од кој е изработен и жигот на производителот е втиснат на задниот дел на орденот.

Секој орден и медал има соодветна кутија, во одредена боја, која димензионално одговара на димензиите на одличјата. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одличјето.

Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.

Критериуми

уреди

Орденот „8 Септември“ се доделува:

  • за вонредни заслуги на личности и државни органи, установи, владини и невладини организации и слично, од Република Македонија во конституирањето и изградбата на Република Македонија во мирновременски услови како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, како и за исклучителен придонес за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка со други држави и меѓународни организации и асоцијации и за афирмирање и јакнење на нејзината меѓународна положба и углед;
  • на лица, органи и организации кои особено придонеле за развој и афирмација на меѓунационалните односи во Република Македонија;
  • на лица за извонредни дела и заслуги на полето на безбедноста, одбраната и заштитата на Република Македонија, како и за меѓународна соработка на тој план;
  • на претседатели на држави, на парламенти и на влади, на високи странски државници и дипломати, на највисоки функционери на меѓународни организации и установи за исклучителни заслуги за воспоставување, развивање и зацврстување на пријателски односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу соодветната држава, односно организација или установа и Република Македонија, како и за исклучителен придонес за јакнење на нејзината меѓународна положба и углед.

Добитници

уреди
Име и презиме Година Опис на заслугата Напомена
  Робер Бадентер 2006 За исклучителен придонес за јакнењето на меѓународнта положба и углед на Македонија и за придонес во развој и афирмација на меѓуетничникте односи Француски државник
  Кристофер Хил 2007 За исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со САД прв амбасадор на САД во Македонија
  Роман Херцог 2009 за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Германија Претседател на Германија
  Жељу Желев 2010 за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија , и за развојот на севкупните односи и соработка меѓу двете држави. Претседател на Бугарија во Македонија
  Уфе Елман Јансен 2010 за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска Министер за надворешни работи на Данска
  Џон Битов 2011 за исклучителната посветеност и ангажираност во поддршката на напредокот на Република Македонија и нејзина афирмација во светот како независна и демократска држава, како и за придонесот во развојот и унапредувањето на односите и соработката со пријателска Канада Канадски стопанственик
  Никола Кљуесев 2011 за исклучителен придонес за остварувањето на независноста, сувереноста, самостојноста, териоторијалниот интегритет на Република Македонија. Прв Премиер на Македонија(посмртно)
  Јордан Мијалков 2011 за исклучителен придонес во остварувањето на независноста, самостојноста, сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија . Министер за внатрешни работи на Македонија (посмртно)
  Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани 2011 за неговите заложби во афирмацијата на дијалогот меѓу цивилизациите и религиите, како и за особениот придонес кон развојот на односите меѓу Катар и Република Македонија. . Емир на Катар
  Бронислав Коморовски 2013 за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Полска. Претседател на Полска
  Виктор Орбан 2013 за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија Премиер на Унгарија
  Милош Земан 2016 за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија Претседател на Чешка

Поврзано

уреди

Наводи

уреди