Отвори го главното мени

Жељу Желев (бугарски: Желю Митев Желев) (3 март 1935 - 30 јануари 2015) - бугарски политичар, прв некомунистички претседател на Бугарија во периодот од 1990 до 1997 година.

Жељу Желев
Желю Желев
Zhelyu-Zhelev-20090423.jpg
Втор Претседател на Бугарија
На должноста
1 август 1990 – 22 јануари 1997
Премиер Андреј Луканов
Димитар Попов
Филип Димитров
Љубен Беров
Рената Инџова
Жан Виденов
Претходник Николај Тодоров
Наследник Петар Стојанов
Претседател на Сојузот на демократските сили
На должноста
1989 - 1990
Претходник нема
Наследник Петар Берон
Лични податоци
Роден(а) март 3, 1935(1935-03-03)
Веселиново, Бугарија
Починал(а) 30 јануари 2015(2015-01-30) (воз. 79 г.)
Софија
Партија Сојузот на демократските сили
Сопружник Марија Желева
Деца Јорданка
Станка
Професија филозоф
Потпис

БиографијаУреди

Желев е роден на 3 март 1935 година во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршил во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломирал филозофија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“

Жељу Желев бил иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година[1].

По првите повеќепартиски избори во Бугарија во јуни 1990 година, Желев станал координатор на Пратеничката група на СДС, а веќе на 1 август Народното собрание го избрал за претседател на Бугарија. Во јануари 1992 година бил реизбран на функцијата на првите дирекни претседателски избори во Бугарија. Претседателксата должност ја извршувал до јануари 1997 година.

Во 1993 станал член на Либералната интернационала, а во 1997 година бил избран за почесен претседател на бугарската партија Либерално демократска алтернатива. Тој раководел и со фондацијата „Д-р Жељу Желев“, а бил и коосновач и претседател на Балканскиот политички клуб.

Желев е носител на највисокото државно одличје на Бугарија, орденот „Стара Планина“ од прв степен, како и на поголем број академски и државни награди.

Во Македонија е познат како предводник на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име. Во Македонија го има добиено Орденот „8 Септември“

НаводиУреди

  1. „Профил на Желю Желев в "omda“. omda.bg. конс. 16 December 2014.