Општина Кршко
Општина Кршко (словенечки: Občina Krško) — општина во Посавскиот регион, источна Словенија. Подрачјето традиционално е поделено помеѓу областите Долна Штаерска (на левиот брег на Сава) и Долењска (на десниот). Во 2020 г. населението броело 26.224 жители.[1]
Општина Кршко Občina Krško | ||
---|---|---|
општина | ||
Местоположба во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Кршко | |
Управа | ||
• Градоначалник | Миран Станко | |
Површина | ||
• Вкупна | 286,5 км2 (1,106 ми2) | |
Надм. вис. | 163 м | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 26.224 | |
• Густина | 9,2/км2 (24/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Пошт. бр. | 8270 | |
Повик. бр. | (+386) 07 | |
Рег. таб. | KK | |
Мреж. место | krsko.si |
Историја
уредиАрхеолошките наоди покажуваат дека подрачјето е населено уште во праисторијата. Долж реката Сава има бројни наоѓалишта од бронзеното и железното време, како и од римскиот период, што укажува на непрекинато живеење. По средновековниот период овој крај станал владение на Хабсбурговците. Од XV до XVII век кршкото подрачје било мета на османлиски напади.
Знаменитости
уредиОпштината има разни знаменитости како the енориската црква „Св. Јован Богослов“ во Кршко,[2] црквата „Св. Руперт“ во Видем,[3] црквата „Св. Дух“ на десниот брег на Сава,[4] Капуцинскиот манастир,[5] и остатоците замокот Кршко. Понајуг се наоѓа замокот Шрајбарски турн, изграден во XVI век. Од природните знаменитости можат да се одвојат пештерата Костањевичка Јама во подножјето на венецот Горјанци и Краковската Шума — единствената прашума во Словенија каде расте дабот стежер (Quercus robur) и претставува живеалиште за неколку ретки и загрозени животински видови.
Стопанство
уредиВо Општина Кршко Поле се развиени градежништвото, металообработката, производството на хартија, текстилството, дрвопреработката, земјоделството, трговијата и превозот, додека туризмот сè уште е во развој. Во плодната раминица на југоисток од градот Кршко крај брегот на Сава наречена Кршко-брежичко Поле има лозја и овоштарници со јаболка, круши, праски, кајсии и сливи. Овдешните винарии се познати по сортите „цвичек“, „лашки ризлинг“, „модра франкиња“, а и по помалку познати месни вина како бел и црвен сремичан.
Населени места
уредиПокрај општинското седиште Кршко, општината ги опфаќа и следните населени места:
- Анже
- Ановец
- Апненик кај Велики Трн
- Ардро кај Рака
- Ардро под Велики Трн
- Армешко
- Бреге
- Брезје во Подбочје
- Брезје кај Довшкоф
- Брезје кај Рака
- Брезје кај Сенуше
- Брезовица во Подбочје
- Брезовска Гора
- Брестаница
- Брлог
- Брод во Подбочје
- Бучерца
- Велика Вас кај Кршко
- Велики Дол
- Велики Камен
- Велики Корен
- Велики Подлог
- Велики Трн
- Велико Мрашево
- Венише
- Видем
- Вихре
- Воловник
- Врбина
- Врх кај Површје
- Врхуље
- Гмајна
- Голек
- Голи Врх
- Гора
- Горења Вас кај Лесковец
- Горења Лепа Вас
- Горење Доле
- Горењи Лесковец
- Горица
- Горица кај Разтез
- Горње Пијавшко
- Градец
- Градишче кај Рака
- Градње
- Гржеча Вас
- Гунте
- Далце
- Дедни Врх
- Добрoва
- Добрава на Крка
- Добрава под Рака
- Довшко
- Дол
- Долга Рака
- Долења Вас кај Кршко
- Долења Вас кај Рака
- Долења Лепа Вас
- Долењи Лесковец
- Дреновец кај Лесковец
- Дрново
- Дунај
- Жабјек во Подбочје
- Жадовинек
- Жење
- Забуковје кај Рака
- Залоке
- Здоле
- Ивандол
- Јеленик
- Јелше
- Јелшевец
- Калишовец
- Калце
- Калце-Накло
- Керинов Грм
- Кобиле
- Копривница
- Коритница
- Костањек
- Кочно
- Кремен
- Кржишче
- Лесковец кај Кршко
- Либељ
- Либна
- Локве
- Локе
- Ломно
- Мали Камен
- Мали Корен
- Мали Подлог
- Мали Трн
- Мало Мрашево
- Микоте
- Младје
- Мртвице
- Мрчна Села
- Немшка Вас
- Немшка Гора
- Нова Гора
- Осредек кај Тршка Гора
- Песје
- Пијана Гора
- Планина во Подбочје
- Планина кај Рака
- Плетерје
- Површје
- Подбочје
- Подлипа
- Подулце
- Премаговце
- Пресладол
- Пристава кај Лесковец
- Пристава на Крка
- Пристава под Рака
- Прушња Вас
- Равне кај Здоле
- Равни
- Равно
- Разтез
- Рака
- Рештањ
- Рожно
- Села кај Рака
- Село
- Селце кај Лесковец
- Сеново
- Сеножете
- Сенуше
- Сливје
- Смедник
- Смечице
- Сподња Либна
- Сподње Дуле
- Сподње Пијавшко
- Сподњи Стари Град
- Средње Арто
- Средње Пијавшко
- Сремич
- Стари Град
- Стари Град во Подбочје
- Столовник
- Стража кај Кршко
- Стража кај Рака
- Страње
- Стрмно Ребро
- Тршка Гора
- Фрлуга
- Храстек
- Целине
- Цеста
- Цирје
- Чретеж кај Кршко
- Чрешњице над Пиљавшко
- Шедем
- Шутна
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 1950
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 3485 и 3486
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 305
- ↑ Културнонаследен регистар на Словенија, рег. бр. 10286
Надворешни врски
уреди- Општина Кршко на Ризницата ?
- Портал на Општина Кршко Архивирано на 17 јули 2012 г. (словенечки)
- Општина Кршко на Геопедија Архивирано на 20 јуни 2012 г.