Металoобработкатехнолошки процес на работа со метали за создавање на поединечни делови, склопови, или големи структури. Терминот опфаќа широк спектар на работа од големи бродови и мостови до прецизни делови на мотори и нежен накит. Затоа, таа вклучува соодветен широк спектар на вештини, процеси и алатки.

Вртење на метална лента на струг

Металугријата е наука, уметност,[1][2] хоби, индустрија и трговија. Нејзините историски корени опфаќаат култури, цивилизации, и милениуми. Металообработувањето еволуирало од откривањето на топење разни руди, произведувајќи ковлив и обликлив метал корисен за алати и украси. Модерните процеси на обработка на метали, иако разновидни и специјализирани, може да се категоризираат како процеси на обликување, сечење или спојување. Производството на машини денес вклучува голем број на машински алати способни за создавање на прецизни и употребливи делови.

Наводи

уреди
  1. Metal sculptures http://www.janetgoldner.com
  2. „Steampunk Metal Sculptures“. Архивирано од изворникот на 2015-07-07. Посетено на 2012-08-30.

Надворешни врски

уреди