Дискос
Дискос[1] (грчки: δίσκος - округол сад) — во православната црква и во католичките цркви со византиски обред, еден од литургиските садови. Тоа е чинија на столче на која се прикажани сцени од Новиот завет, најчесто - младенецот Исус Христос. Сличен сад во римскиот обред се нарекува патен. Главната разлика помеѓу источниот дискос и западниот патен е тоа што патенот има масивна основа.
Се користи за време на литургијата. Според литургиските интерпретации, дискосите симболично ги прикажуваат Витлеемските јасли, како и ковчегот во кој било погребано телото на Исус Христос.
Дискосите служат за поставување на средишниот дел на проскомидијата изрежана од просфората на посебен начин со печат на врвот. Ова четириаголно кубоидно јадро на просфората, пресечено од долната страна попречно до самиот печат, се нарекува агнец - осветен леб, подготвен за негово последователно преобразување, според христијанската доктрина, во Тело Христово, кое се случува на истиот тој дискос.
Кога се носи, дискосот обично не се држи за столчето (како путирот), туку за рабовите.
Поврзано
уреди- Патен - католички пандан.
- Литургиски садови
- Путир
- Кадилница
Наводи
уреди- ↑ Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 30.
Литература
уреди- Барсов Н. И. (1890–1907). „Дискос“. Енциклопедиски речник „Брокхаус и Ефрон“ : во 86 тома (82 тома и 4 доп.). Санкт Петербург.
- Л. В. Беловинский. Дискос // Иллюстрированный энциклопедический историко-бытовой словарь русского народа. XVIII — начало XIX в. / под ред. Н. Ерёминой. — М.: Эксмо, 2007. — С. 172. — 784 с.: — ил. с. — 5000 экз. — ISBN 978-5-699-24458-4.
- Петровский А. В. Дискос // Православная богословская энциклопедия. — СПб.: Издание Петроград. Приложение к духовному журналу «Странник», 1903. — Т. 4. — Стб. 1060
- Настольная книга священнослужителя. — М.: Издательский Совет РПЦ.