Олишки манастир
Олишки манастир „Св. Врач“ или „Св. Бессребреници Кузман и Дамјан“ (грчки: Μονή Αγίων Αναργύρων) — манастир кај селото Олишта во областа Пополе, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Олишки манастир | |
---|---|
Свети Врач | |
Αγίων Αναργύρων | |
Олишта со манастирот над него | |
40°34′58.53″N 21°22′52.22″E / 40.5829250° СГШ; 21.3811722° ИГД | |
Место | Олишта, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1457 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Горенско |
Епархија | Костурска |
Историја
уредиВо синаксарот (зборник) на Свети Нектариј Битолски се вели дека манастирот е основан во 1457 г. Тој доживеал расцут во XVIII век. Во 1857 г. врз темелите на стариот храм е изградена новата црква „Свети Бессребреници“. Дел од иконите на старата црква се зачувани до денес. На пример, на иконата „Ангелски собор“ се чита годината 1764. Иконата на Исус Голем Архијереј има датум 1794, а онаа на Архангел Гаврил е од 10 септември 1875 г. На друга икона има натпис кој ја покажува годината 1880.[1]
-
„Архангелски собор“
-
Разни сцени
-
„Богородица со Младенецот“
-
„Св. Јован Крстител“
На денес непостоечкиот параклис со лековита вода „Живоносен Извор“ имало натпис со годината 1880.[1]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за манастирот:
„ | Над тоа село [Тиолишта], на еден час патно растојание се наоѓа манастирот „Свети Врач“, кој одлично управува со своите богати имоти... Во манастирот има училиште во кое се образуваат 15-20 деца од двата пола од споменатото село Тиолишта и други места.[2] | “ |
Кон 1900 г. манастирот имал 10-12 монаси.[3]
На почетокот на XX век манастирот го поседувал чифликот Рудник меѓу Куманичево и Загоричани, како и други имоти и многуброен крупен и ситен добиток. Подоцна, поголем дел од имотот е одземен од грчката држава.[4]
По задушувањето на Илинденското востание во 1903 г. во манастирот се засолниле многу семејства од Загоричани и околните изгорени села.[5]
Многу ни помогна игуменот на манастирот... Во првите денови по горењето на селата около 4 илјади души најдоа прибежиште во „Св. Врач“. Игуменот на манастирот, иако Грк, му го стави на располагање на населението целото манастирско жито и брашно. Пченкарните полиња од неколку десетини дољуми под манастирот исто така му беа оставени на населението. Се направи уште една фурна во манастирот. Постојано се месеше и печеше леб, но сепак населението не можеше да се нахрани. Некои жени со многу[5] деца земаа брашно, излегуваат од манастирот и го замесуваа врз некој камен. Потоа клаваа оган и го печеа замесеното. На таков начин испечените турти, која со сол, која без сол, им се раздаваа на гладните деца.[6]
Во 1961 г. манастирот имал 9 жители[7], а истата состојба е забележана и во 2011 г.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 82.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 146.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 288. ISBN 954430424X.
- ↑ Шклифов, Благой. На кол вода пиехме. Записки за Христовите мъки на българите в Егейска Македония през XX век, София 2011, с. 36.
- ↑ 5,0 5,1 Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 44.
- ↑ Нединъ (1910). Спомени отъ една обиколка прѣзъ 1903 година (PDF). Скопие: Хафъзъ паша. стр. 45.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.
Надворешни врски
уреди- Олишки манастир на Ризницата ?
- „Олишкиот манастир Св. Врач – Костурско“ од Тома Шапарданов (бугарски)