Олимписки стадион во Киев

(Пренасочено од Олимписки стадион (Киев))

Национален олимписки спортски комплекс или Олимпискиот стадион (украински: Національний спортивний комплекс «Олімпійський») е стадион кој се наоѓа во Киев, Украина.

Олимписки стадион
Національний спортивний комплекс «Олімпійський»
Место Киев, Украина
Отворен 12 август 1923
Проширен 1941, 1999, 2011
Сопственик Компанија Олимписки
Подлога Трева
Игра Фудбалска репрезентација
ФК Динамо Киев
Гледачи 70.050

Стадионот е еден од најголемите во Европа, со сместивост од 70.000 гледачи. На овој стадион биле одржани Летните олимписки игри во 1980 година, а на овој стадион исто така ќе се одржи и финалето од Европското фудбалско првенство во 2012 година.

Историја

уреди

Во времето кога бил изграден, стадионот имал сместивост од 100.000 гледачи.

По прогласувањето на независност од страна на Украина во рамките на Советскиот Сојуз, стадионот својот национален статус го добил во 1996 година. Овој стадион уште се нарекува и Централен стадион или Републички стадион. Во периодот од 1997 до 1999 година, стадионот бил реконструиран според тогашните нови правила за безбедност наложени од ФИФА, и сместивоста била намалена на 83.450 гледачи.

На овој стадион, своите домашни натпревари ги играл ФК Динамо Киев, но во 1998 година, клубот одлучил да се пресели на стадионот Лобановски. По ова, стадионот главно се користи од страна на Украинската фудбалска репрезентација, како и во поголемите натпревари, главно во европските купови, од страна на Динамо. Од 2008 година, по добивањето на статусот за организирање на европското првенство во фудбал во Украина, стадионот повторно започнал да се реновира.

Се планира сместивоста да биде намалена на 70.050 гледачи, а самото игралиште од 104×72 метри да се зголеми на 105×68 метри.

Надворешни врски

уреди