Еланд (антилопа)
Обичен еланд | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Потсемејство: | Говеда |
Род: | Еланд |
Вид: | Обичен еланд |
Подвид: |
|
Научен назив | |
Taurotragus oryx (Палас, 1766) | |
Синоними | |
Синоними на видот[2]
|
Еланд или обичен еланд, јужен еланд (науч. Taurotragus oryx) — саванско-низинска антилопа од семејството на шуплорогите (Bovidae) која живее во источна и јужна Африка. Прв ја опишал германско-рускиот биолог Петер Симон Палас во 1766 г. Возрасниот мажјак е висок околу 1,6 м (женките се за 20 см пониски) и може да тежи до 942 кг, но просечно 500–600 кг (340–445 кг за женки). Ова е втора по големина антилопа во светот, само малку помала од џиновскиот еланд (Taurotragus derbianus).[3]
Примероци на ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[4]
Ова се претежно тревопасни животни и јадат треви и листови. Живеат во стада до 500 и повеќе единки, но не се територијални. Претпочита живеалишта со разновидни цветни растенија како саваните, кориите и отворени и планински тревести предели, а избегнува густи шуми.
Природно се среќаваат во Боцвана, Бурунди, ДР Конго, Етиопија, Кенија, Лесото, Малави, Мозамбик, Намибија, Руанда, ЈАР, Јужен Судан, Свазиленд, Танзанија, Уганда, Замбија и Зимбабве, а порано и во Бурунди и Ангола. Иако бројноста им се намалува, сепак го носат статусот „најмала загриженост“ (LC) доделен од Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП/IUCN).
Изглед
уредиИ мажјаците и женките имаат прави, но завиени рогови, задебелени рамена и од две до петнаесет пруги на предниот дел од телото. Крзното им е жолтокафеаво, претежно бледо, а кај постарите единки станува сиво-сино на вратот и рамената. Мажјаците на вратот имаат виснати кожни набори и перче на челото. Тежат 500 до 1000 кг, а долги се 2 до 3 м. Kaj гребенот се високи околу 1,50 м. По обем на телото наликуваат на крава, но оставаат впечаток дека се потенки.
Таксономија
уредиОбичниот еланд за прв пат бил опишан во 1766 година од германскиот зоолог и ботаничар Петер Симон Палас. Припаѓа на редот парнокопитни, семејството говеда и потсемејството шуплороги.[5] Обичните еланди понекогаш се сметаат за дел од родот лесни антилопи врз основа на молекуларна филогенетика, но обично се категоризираат како Taurotragus, заедно со џиновскиот еланд (T. derbianus).[3]
Подвидови
уредиПризнаени се три подвида на обичниот еланд, иако нивната валидност е оспорена.[1][2][3][6][7]
- T. o. oryx (Палас, 1766; Р'тски еланд): исто така наречен alces, barbatus, canna и oreas. Го има во Јужна и Југозападна Африка. Крзното им е кафеаво-портокалово, а возрасните ги губат ригите.
- T. o. livingstonii (Склејтер, 1864; Ливингстонов еланд): исто така наречен kaufmanni, niediecki, selousi and triangularis. Се наоѓа во Средишнозамбешките миомбови шуми. Ливингстоновиот еланд има кафеаво крзно со најмногу 12 риги.
- T. o. pattersonianus (Лидекер, 1906; источноафрикански еланд или патерсонов еланд): исто така наречен billingae. Го има во Источна Африка, па оттука и неговото заедничко име. Како и ливингстоновиот еланд, неговото крзно може да има и до 12 риги.
Поведение
уредиИ покрај тоа што еландот обично е лежерно животно, по потреба развиваат брзина до 70 км/ч. Покрај тоа, овие животни се познати и како многу добри скокачи. На дневната жештина одмораат во сенките на дрвјата или грмушките, а се активираат на квечерина. Се хранат со лисје, понекогаш со трева и со предните копита вадат кртоли и коренчиња од земја.
Просечното стадо се сотои од 25 единки, но при поволни услови, бројот на единки достигнува 700. Големите стада сепак се привремени групи без цврста врска. По правило, групите се состојат од возрасен мажјак и неколку женки, а воедно и млади мажјаци и младенчиња. Во ретки случаи групата може да има повеќе од еден возрасен мажјак. На ваквиот распоред му претходи задолжителна борба за превласт во хиерархијата. При бојот, мажјаците ги вркстуваат роговите и се обидуваат да го ранат противникот, што често доведува до значајни повреди.
Одлично се приспособени на високи температури. За време на суша, телесната температура им се покачува за 7 °C и благодарение на ова избегнуваат загуба на течности од потење.
Еландот и човекот
уредиЕландот е животно што се припитомува. Млекото содржи трипати повеќе масти и белковини од кравјото. Покрај ова, се користи и месото и кожата. Меѓутоа, првите обиди за припитомување почнал кон крајот на XX век и досега се водат во скромни размери.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Tragelaphus oryx“. IUCN Red List. Version 2011.1. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 21 November 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Предлошка:MSW3 Artiodactyla
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Pappas, LA; Elaine Anderson; Lui Marnelli; Virginia Hayssen (5 July 2002). „Taurotragus oryx“ (PDF). Mammalian Species. 689: 1–5. doi:10.1644/1545-1410(2002)689<0001:TO>2.0.CO;2. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-12-23. Посетено на 2015-06-04.
- ↑ „Антилопа еланд“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-03. Посетено на 2 јуни 2015.
- ↑ „Common eland: Taxonomy“. Museumstuff.com. Посетено на 5 January 2011.
- ↑ Harris, H (30 април 2010). „Husbandry Guidelines For The Common Eland“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 17 април 2012. Посетено на 17 април 2021.
- ↑ Skinner, JD; Chimimba, CT (2005). „Ruminantia“. The Mammals of the Southern African Subregion (3. изд.). Cambridge: Cambridge University Press. стр. 637–9. ISBN 978-0-521-84418-5.
Надворешни врски
уреди„Еланд (антилопа)“ на Ризницата ? |
- Обичен еланд на Викивидовите ?
- „Еланд“ — Енциклопедија на живиот свет
- Јачевска, Сања (23 мај 2015). „Приказни од зоолошка: Антилопи еланд“. Нова Македонија. Посетено на 2 јуни 2015.