Коле Канински
Никола Тодоровски (попознат како Коле Канински) (село Канино, Битолско, 18 јануари 1914 - село Буринец, Струшко, 22 јули 1944) — македонски комунист, учесник во НОВ.
Животопис
уредиПо професија бил правник. Основното и средното образование ги заврши во Битола. Во октомври 1933 г. заминал на студии по право во Белград. Тука се истакнал со делувањето во прогресивното комунистичко движење. Стана член на КПЈ во 1936 г. По завршувањето на факултетот во 1938 г. се врати во Битола и продолжил со својот политички ангажман. Во 1940 г. стана член на Месниот комитет на КПЈ во Битола.
По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, во септември 1941 г. станал член на првиот битолски месен воен штаб. Поради својата револуционерна активност во време на окупацијата неколкупати бил затворен. Во есента 1942 се приклучил на партизанските единици. Во април 1943 г. стана началник на штабот на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. По формирањето на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ на 20 мај 1943 г. станал негов командант. Подоцна бил именуван за политички комесар на Вториот баталјон на Третата оперативна зона, познат и како Битолско-мариовски баталјон на Втората македонска бригада. Бил избран за делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал како политички комесар на Првата македонско-косовска ударна бригада, во несреќен случај на 22 јули 1944 г., при испробувањето на минофрлач кај селото Буринец на планината Караорман,[1] заедно со Трифун Пановски и и уште тројца нивни соборци.
Во негова чест, едно од основните училишта во Битола го носи неговото име.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Александар Литовски, „Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско“, Завод и Музеј Битола, Битола, 2012, 51 стр.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |