Курдерес
Курдерес — поранешна река во Битола. Ја образувале Брусничка Река и неколку помали водотеци кои извирале под Баба Планина, на спојот на улиците Солунска и Тошо Даскало и се приклучувала Лавчанска Река, а се влевала во реката Драгор.[1]
Курдерес | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Драгор |
Особености на сливот |
Етимологија
уредиИмето на реката Курдерес доаѓа од турските зборови „kurt-deresi“, што во превод значи „волчји поток“.[1]
Историја
уредиРеката Курдерес имала важна улога во заштитата на градот од поплави, кои биле честа појава во минатото.
Со изградбата на доводниот собирен канал за Стрежевското Езеро, овие води биле регулирани и нејзиното корито ја изгубило својата функција. Голем дел од годината каналот имал незначителна количина на вода и често пресушувал. Коритото станало отворен канал од кој се ширела неподнослива смрдеа и било извор на зарази особено во летниот период. Во 1975/1976 година била поставена канализација и коритото на реката Курдерес било целосно затрупано. Денес реката не постои, а над нејзиното корито е улицата Солунска.
На местото каде улица Солунска се сечи со Широк Сокак, постоел „Камен мост“ преку реката, па тоа место и денес го носи тоа име.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Реката Курдерес – „волчји поток" – Битола во минатото“. Bitola.info. Посетено на 24 февруари 2022.