Ново Луковец
Ново Луковец (грчки: Σωτήρα, Сотира) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.
Луковец Σωτήρα | |
---|---|
Црквата „Св. Петка“ во Ново Луковец. | |
Координати: 40°51.27′N 22°02.42′E / 40.85450° СГШ; 22.04033° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Воден |
Општ. единица | Воден |
Надм. вис. | 440 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 205 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 11 км северно од Воден и на 3 км северозападно од старото село Луковец (денес наречено Старо Луковец).[2]
Историја
уредиСелото е изградено по завршетокот на Граѓанската војна и во него се сместени жителите на старото село Луковец.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | 290 | 369 | 267 | 242 | 250 | 226 | 205 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Култура и спорт
уредиСекој 2 мај во годината ва селото се одржуваат културни манифестации во чест на спасувањето на жителите од ова село од напаста на мравките за време на неговото опстојување во месноста Тополите.
На оваа културна манифестација покрај учеството на играорните и пејачките групи од селото Луковец учествуваат и групи од Воден и соседните села.
За подготовки за одржувањето на манифестациите се грижи одбор од селото и со помош од Одборот за култура и други културни манифестации од градот Воден.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53.
Надворешни врски
уреди- Ново Луковец на Ризницата ?