Никола Бојков Шекеров ( 1924 во Љубанци, Скопско16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, па се занимавал со земјоделство. Како младинец бил симпатизер на Народноослободителната борба, во која активно се вклучил во 1944 година. Собирал храна, муниција и други потребни работи за партизанските единици. Во средината на септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која се борел на тој терен. Во составот на Бригадата учествувал против балистите на падините на Скопска Црна Гора и во акциите против Германците во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија во составот на истата Бригада заминал во Војводина. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбите против Германците и усташите на 16 април 1945 година, храбро загинал кај селото Будровци. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 163. На |first= му недостасува |last= (help)