Никола Николиќ (револуционер)

Д-р Никола Николиќ (18961986), лекар-епидемилог и учесник во Октомвриска револуција и Народноослободителна војна.

Никола Николиќ
Роден 1896
 Австроунгарија
Починал 1986
 СФРЈ
Занимање лекар

Животопис

уреди

Како гимназијалец во Тузла, заедно со школскиот пријател Младен Стојановиќ, се приклучил на Тајна ученичката организација, која била дел од Млада Босна. По Сараевскиот атентат, сите членови на оваа организација биле уапсени, а во септември 1915 година бил осуден на затвор во помала временск период. Во есен 1917 година бил пуштен од затвор поради општа амнестија и веднаш бил упатен на Руски фронт.

Успеал да побегне и од Австроунгарска војска и да се предаде на Русите. Потоа се приклучил на Бољшевици и учествувал во Октомвриска револуција. Се вратил во Југославија, каде во Загреб студирал медицина. Бил член на Комунистичка партија на Југославија (КПЈ), а во меѓувоениот период работел како лекар-епидемиолог во Загреб.

По Окупациитена на Југославија во Втора светска војнаи прогласување на усташката Независна Држава Хрватска, наставил со работата во болници во фашистичкиот Загреба, одржувајќи ги врските со Народноослободителното движење (НОП) и испраќајќи лекови и санитетски материјал на партизаните. Во јули 1942 година бил ухапсен од сѕтана наусташи и притворен во логорот Јасеновац. Во февруари 1943 година, со уште четворица затвореници бил разменет за Германци кои ги заробиле партизаните.

По заминување во партизани, обавувал должности — како члан на Санитетскиот одсек на Врховен штаб на НОВ и ПОЈ и шеф на Медицинското одделение на НОВ и ПОЈ во Италија. Бил член на војна мисија во Велика Британија и главен ополномоштеник на Врховниот штаб за прашањата на Црвениот крст. Во југословенското претставништво во Швајцарија организирал изложба за злочини од времето на војната.

По завршувањето на војната бил секретар за заштита на здравје на Федеративна Народна Република Југославија и редовен професор на Медицинскиот факултет во Сараево. За време на комфликтот на Југославија и Совиетскиот Сојуз, бил уапсен заради поддршка на Резолуолуцијата на Информбирото и бил притворен на Голиот оток.

Во 1948 година во Сараево објавил книга „Јасеновачки логор”, која подоцна доживеала неколку повторни, но и изменети изданија под наслов „Јасеновачки логор на смртта”.[1]

Наводи

уреди
  1. Nikolić, Nikola (1948). Jasenovački logor. Zagreb: Nakladni zavod Hrvatske. Nikolić, Nikola (1975). Jasenovački logor smrti. Sarajevo: Oslobođenje.