Никола Бабунски
Никола Бабунски (13 ноември 1914 во Велес) ― револуционер, македонски партизан и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Тој е еден од организаторите на НОВ во Велес. Член на СКОЈ од 1934 година, а на КПЈ од 1935 година. Секретар на Месниот комитет на КПЈ за Велес (со прекини) од 1938 година до мај 1940 година, кога бил затворен. Од затвор се вратил во мај 1941 година, по што бил избран за секретар на МК КПЈ за Велес. Од декември 1941 година до март 1942 година бил во скопскиот затвор, а од август 1942 година до 1943 година, во затворот во Златоград, Бугарија. Од септември до декември 1944 година, ја вршел должноста секретар на ОК КПМ за Велес. По војната работел во Народниот фронт и во МВР на Македонија. Поради симпатии кон Советскиот Сојуз, двапати бил испратен на Голи Оток.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 55–56. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)