Ние не сме ангели (филм од 1992)

„Ние не сме ангели“ (српски: Ми нисмо анђели) е српски филм од 1992 година од жанрот комедија. Тој е е првиот филм од истоимената трилогија.[1] Според продажбата од повеќе од милион билети за кино, тој е еден од најуспешните филмови во Србија, веднаш по Зона Замфирова, и се смета за култен филм. Режисерот и сценаристот Срѓан Драгоевиќ дебитирал со овој филм и истовремено со него се прославил.[2]

„Ние не сме ангели“
РежисерСрѓан Драгоевиќ
ПродуцентРанко Петриќ и Гојко Кастратовиќ
СценаристСрѓан Драгоевиќ и Исидора Бјелица
Главни улогиНикола Којо
Милена Павловиќ
Бранка Катиќ
Срѓан Тодоровиќ
Урош Ѓуриќ
Соња Савиќ
Весна Тривалиќ
Зоран Цвијановиќ Мики Манојловиќ
Богдан Диклиќ
Станислава Пешиќ
Војка Чордиќ-Чавајда
Бојан Жировиќ
ЖанрКомедија
МузикаАлександра Ераковиќ
КинематографијаДушан Јоксимовиќ
МонтажаБранка Чепарац
СтудиоАвала филм
РТВ Белград
Премиера1992
Времетраење98 минути
ЗемјаСојузна Република Југославија СР Југославија
Јазиксрпски

Синопсис

уреди

Никола, 20-годишен студент по книжевност, има два проблеми: редовна утринска амнезија придружена со мамурлак и будење во креветите на непознати девојки. проблемите започнуваат кога бременоста и љубовта се мешаат во неговиот живот. Имено, матурантката Марина, една од многуте „еднократни“ авантури на Никола, забременила и се заљубила во него. За жал, Никола не се сеќава добро на сите околности. Најдобрата пријателка на Марина решава да ги земе работите во свои раце. Бидејќи Марина одбива да ја прекине бременоста, таа планира преку луди стратегии засновани на нејзините омилени романи со среќен крај, така што „суровиот љубовник“ Никола ќе се заљуби во Марина...[1] [3]

Улоги

уреди
Глумец Улога
Никола Којо Никола
Милена Павловиќ Марина
Бранка Катиќ Буба
Срѓан Тодоровиќ Ѓавол
Урош Ѓуриќ Ангел
Соња Савиќ Марта
Никола Пејаковиќ таксист
Зоран Цвијановиќ Ѓура
Бата Камени Брле
Мики Манојловиќ Милан
Бојан Жировиќ Раца
Богдан Диклиќ Павле
Станислава Пешиќ Олга
Ева Рас Баба Сера
Весна Тривалиќ Виолета
Слободан Нинковиќ Цане
Војка Чодриќ Вишња
Драган Максимовиќ хипик
Бранко Видаковиќ Шиљан
Наташа Лучанин Јулијана Владиќ
Ратко Танкосиќ Смрда
Татјана Пујин Лидија
Горан Даничиќ Радош „Џони“
Дејан Матиќ полицаец

Интересни факти

уреди

Културно добро

уреди

Југословенската кинотека на 28 декември 2016 година, согласно своите овластувања според Законот за културно наследство, прогласил сто српски играни филмови (1911-1999) за културно богатство од големо значење. На списокот се наоѓа и филмот „Ние не сме ангели“.[5]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ми нисмо анђели“. Филмски центар Србије. Архивирано од изворникот на 2021-02-04. Посетено на 29. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Srđan Dragojević, "Mi nismo anđeli": kod nas su kreativnost i inteligencija najjeftinije kategorije“. Yugopapir. Посетено на 29. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. РТС, Ми нисмо анђели (пристапено на 1.11.2022)
  4. „ISPLIVALA VELIKA TAJNA IZ FILMA "MI NISMO ANĐELI"! Đurić nije trebao da bude anđeo, već ON!“. Еspreso. Посетено на 29. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Сто српских играних филмова (1911-1999) проглашених за културно добро од великог значаја“. Југословенска Кинотека. Посетено на 5. 2. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)