Ние не сме ангели (трилогија)
Ние не сме ангели е југословенска и српска филмска трилогија.
„Ние не сме ангели“ | |
---|---|
Режисер | Срѓан Драгоевиќ (1-2) Петар Пашиќ (3) |
Продуцент | Ранко Петриќ (1) Гојко Кастратовиќ (1) Биљана Парановиќ (2—3) DELIRIUM films (2) Жељко Митровиќ (3) Душан Панчиќ (3) Срѓан Драгоевиќ (3) |
Сценарист | Срѓан Драгоевиќ |
Главни улоги | Никола Којо Срѓан Тодоровиќ Урош Ѓуриќ Никола Пејаковиќ |
Жанр | Комедија |
Музика | Александар Ераковиќ (1) Кристина Ковач (2) Дејан Пејовиќ (3) |
Кинематографија | Душан Јоксимовиќ |
Монтажа | Бранка Чеперац (1) Марко Глушац (2—3) |
Студио | Авала филм (1) РТВ Белград (1) DELIRIUM films (2) РТВ Пинк (3) Маслачак филм (3) Министерство за култура на Србија (3) |
Времетраење | 90 минути |
Земја | Југославија |
Јазик | српски |
Филм
уредиНие не сме ангели
уредиНикола, 20-годишен студент по книжевност, има два проблеми: редовна утринска амнезија придружена со мамурлак и будење во креветите на непознати девојки. Проблемите започнуваат кога бременоста и љубовта се мешаат во неговиот живот. Имено, матурантката Марина, една од многуте „еднократни“ авантури на Никола, забременила и се заљубила во него. За жал, Никола не се сеќава добро на сите околности. Најдобрата пријателка на Марина решава да ги земе работите во свои раце. Бидејќи Марина одбива да ја прекине бременоста, таа планира преку луди стратегии засновани на нејзините омилени романи со среќен крај, така што „суровиот љубовник“ Никола ќе се заљуби во Марина...
Ние не сме ангели 2
уредиНикола и понатаму останува заводвик низ годините. Безгрижната рутина на белгратскиот љубовник драматично ја прекинува неговата ќерќа Софија која наполнила 16 години а „напалените'' тинејцери почнуваат да чукаат на нивната врата.
До неодамна, Софија е класичен човек кој оди на натпревари со својот татко и пука во пејнтбол арената (татко и е сопственик на пејнтбол клубот „Малиот Сталинград“). Потоа, за 15 роденден, неговата поранешна сопруга Марина и нејзината пријателка Виолета Зубиќ ангажираат модни и козметички експерти кои од „грдото пајче“ ќе го претворат во „секси лебед“.
Сепак, вистинскиот пекол за Никола доаѓа дури кога Марина и Виолета ќе заминат во Рим на една недела и ќе му ја препуштат грижата за Софија. Притиснат од еден куп додворувачи на Софија, Никола почнува да полудува , со насилство и психотерапија за да ја одбрани Софија од додворувачи.
А3 - Рокенролот го возвраќа ударот
уредиБорко Павиќ Доријан ја продава душата на Ѓаволот во средината на 1970-тите за да стане рок ѕвезда во Социјалистичка Федеративна Република Југославија и да се здобие со богатство и слава. Но, во денешна Србија, успехот и славата повеќе не живеат во рокенролот.
Ова најдобро го знае Марко, поранешен фан на Доријан, кој се откажува од него кога неговиот идол преминува во турбо фолк. Како што Ангелот и Ѓаволот се секогаш во акција, така и големата желба на Марко да добие гитара „Телекастер“ го наведува да му ја продаде душата на Ѓаволот.
Улоги
уредиЛик | Филм | ||
---|---|---|---|
Ние не сме ангели (1992) |
Ние не сме ангели 2 (2005) |
А3 - Рокенролот го возвраќа ударот (2006) | |
Никола | Никола Којо | ||
Марина | Милена Павловиќ | ||
Буба | Бранка Катиќ | ||
Ѓавол | Срѓан Тодоровиќ | ||
Ангел | Урош Ѓуриќ | ||
Марта | Соња Савиќ | ||
Ѓура | Зоран Цвијановиќ | ||
Милан | Мики Манојловиќ | ||
Виолета Зубиќ | Весна Тривалиќ | ||
Софија | Мирка Васиљевиќ | ||
Марко | Лука Кнежевиќ | Златко Ракоњац | |
Андрија | Горан Јевтиќ | ||
Божидар | Ненад Стојменовиќ | ||
Борко Павиќ Доријан | Никола Пејаковиќ | ||
Сара | Нада Мацанковиќ | ||
Момчило | Зоран Цвијановиќ | ||
Смоквица | Сека Алексиќ | ||
Мајор | Милорад Мандиќ | ||
Бели | Борис Миливојевиќ | ||
Кокс | Горан Јевтиќ | ||
Клопа | Мира Ѓурѓевиќ |
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Ние не сме ангели на сајтот IMDb (јазик: англески)
- Ние не сме ангели 2 на сајтот IMDb (јазик: англески)
- Ние не сме ангели 3 : Рокенрол го возвраќа ударот на сајтот IMDb (јазик: англески)