Немања Прибак (српски: Немања Прибак) (26 март 1984 во Ниш) — српско- македонски поранешен ракометар и македонски репрезентативец, кој играл за Хапоел Ришон Ле Цион во израелското првенство.

Немања Прибак
Лични податоци
Роден(а) 26 март 1984(1984-03-26)(40 г.)
Ниш, СР Србија, СФРЈ
Националност Србин/Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,90 м
Позиција среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Израел Хапоел Ришон Ле Цион
Број 8
Сениорски клубови
2003–2006
2006–2007
2007–2009
2009–2010
2010–2012
2012–2015
2015–2019
2019–2022
2022–
Србија Железничар Ниш
Словенија Тримо Требње
Македонија Вардар ПРО
Србија Колубара
Франција Нант
Македонија Вардар
Турција Бешикташ
Србија Војводина
Израел Хапоел Ришон Ле Цион
Репрезентација
2010–2011
2014–2018
Србија Србија
Македонија Македонија

Животопис

уреди

Прибак во 2013 година добил македонско државјанство и со тоа можност за настап за македонската репрезентација. Прибак добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија, донесена на владината седница на 10 декември 2013 година.[1]

Професионална кариера

уреди

Прибак настапувал за РК Вардар, и тоа во два наврата: од 2007 до 2009 година и повторно, од 2012 до 2015 година. Во февруари 2015 година, „Вардар“ објавил дека нема намера да го продолжи договорот со него, по што тој потпишал двегодишен договор со турскиот клуб Бешикташ.[2][3]

Во септември 2022 година Прибак потпишал договор со израелскиот клуб Хапоел Ришон Ле Цион.[4]

Со македонската репрезентација, Прибак настапил на Светското првенство во 2015 година.

Наводи

уреди
  1. „Прибак и Вугринец станаа Македонци“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 12 декември 2012.
  2. „Прибак се сели во Бешикташ“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 24.
  3. „Прибак две години во Бешикташ“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
  4. Прибак потпиша за клуб од Израел g-sport.mk; 15 септември 2022

Надворешни врски

уреди