Општина Доспат (бугарски: Община Доспат) — општина во Пиринска Македонија во Смолјанската област. Од 2015 г. Градоначалник на Општина Доспат е Елин Радев.

Општина Доспат
[[Податотека:|80п|Грб на Општина Доспат]][[Податотека:|120п|Знаме на Општина Доспат]]
Општи податоци
ОбластОбласт Смолјан
Население жит.
Управа
ГрадоначалникПредлошка:Инфокутија Општина во Бугарија/Градоначалник
Поглед кон Доспат

Географија

уреди

Географска положба, граници, големина

уреди

Општината се наоѓа во најзападниот дел на област Смолјан. Граничи со:

Природни ресурси

уреди

Релјеф

уреди

Релјефот на општината е во средно и високо планински и се простира во јагозападниот дел на Западните Родопи.

На нејзината територија потпаѓаат делови од три орографски единици, коишто се составни делови на Западните Родопи.

На север се наоѓа највисокиот западен дел на Девинска планина.

Од северозапад на југоизток, североисточно и источно од долината на река Доспат се простира дел од најдолгиот родопски рид – Велијшко-Виденишкиот дел. Југозападно од село Змеица, на границата со општина Борино се издигнува врв Виденица (Ѓоз тепе, 1652,5 m), а на околу 3 km североизточно од град Доспат – врв Даа (1652,6 m).

Најзападниот регион на општината, потпаѓа во големиот басен на реката Доспат.

Најнискиот дел на општина изнесува 574 m н. и се наоѓа во крајниот југозападен дел, на границата со Грција, во коритото на река Доспат.

Води

уреди

Основна водна артерија на општина Доспат е реката Доспат (лева приток на Места). Западно од град Доспат на реката е изградена преградната стена на вториот по големина бугарски резервоар – Доспат. После истекувањето од езерото, реката завртува кон југ, преминува преку куса клисура и навлегува од север во малата Барутинска котлина. На околу 4 km југозападно од село Брештен реката навлегува на грчка територија.

Население

уреди

Етнички состав (2011)

уреди

Состав и удел на етничките групи според пописот на населението во 2011 г.:[1]

Вкупно Удел (во %)
Вкупно 9116 100,00
Бугари 4469 49,02
Турци 65 0,71
Цигани 31 0,34
Други 309 3,39
Не се самоопределиле 290 3,18
Не се изјасниле 3952 43,35

Населени места

уреди

Општината има 8 населени места со вкупно население од 7510 жители, според проценката на 7 септември 2021 г.[2]

Список на населените места во општина Доспат, население и зона на землищата им
Населено место Население(2023 г.)



Зафатнина на атарот km2


Забелешка (старо име) Населено место Население(2023 г.)



Зафатнина на атарот km2



Забелешка (старо име)
Барутин 1495 54,946 Касак 786 38,231 Касака
Брештен 823 30,914 Љубча 772 20,037
Доспат 2067 69,196 Црнча 543 11,963
Змеица 1144 34,643 Иланџиево Чавдар 276 22,767 Чавдар махле, Чавдарица
ВКУПНО 7906 282,697 нема населени места без атар

Административно-територијални промени

уреди
  • МЗ № 2820/обн. 14.08.1934 г. – преименува со. Илнаџиево на со. Змеица;
– преименува со. Касака на со. Касак;
– преименува со. Чавдар махле на со. Чавдарица;
  • Указ № 1942/обн. 17.09.1974 г. – признава со. Доспат за гр. Доспат;
  • Указ № 2932/обн. 30.09.1983 г. – преименува со. Чавдарица на со. Чавдар;
  • Указ № 3005/обн. 09.10.1987 г. – одделување на селата Брештен и Црнча (Област Смолјан) и нивните земјиште од Општина Сатовча, област Благоевград и ги припојува кон Општина Доспат, област Смолјан.

Транспорт

уреди

Преку општината поминуваат делумно 3 патишта од Републиканската патна мрежа на Бугарија со општа должина 50,3 km.

Наводи

уреди
  1. „Етнически състав на населените места в България според преброяването на населението през 2011 г.“ (англиски). pop-stat.mashke.org. Посетено на 30 юни 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „НАСЕЛЕНИЕ ПО СТАТИСТИЧЕСКИ РАЙОНИ, ОБЛАСТИ, ОБЩИНИ, НАСЕЛЕНИ МЕСТА, ПОЛ И ВЪЗРАСТ“.

Извори

уреди
  • Мичев, Николай (2005). Речник на имената и статута на населените места в България 1878 – 2004. София: ИК „Петър Берон: Изток-Запад“. ISBN 954-321-071-3.

Надворешни препратки

уреди