Тара (планина)

планина во западна Србија
(Пренасочено од Национален парк Тара)

Тара (српски: Тара) — планина во западна Србија, дел Динаридите, на висина од 1.000 до 1.500 метри надморска височина. Падините ѝ е прекриени со густи шуми, бројни високи ледини и ливади, стрмни спили, длабоки клисури издлабени од реката Дрина и многу карстни и варовнички карпи. Голем дел од планината е опфатен од истоимениот национален парк и ужива популарност како туристички центар. Највисок врв е Збориште (1.544 м).

Тара
Митровац на Тара
Највисока точка
Надм. вис.1.544 м [1]
Географија
Тара на карта

Карта

Местозападна Србија
Матичен венецДинариди

Национален парк

уреди
 
Поглед на националниот парк Тара

Националниот парк „Тара“ е отворен во 1981 г. и ги опфаќа планините Тара и Звиезда, кај големиот свиок на реката Дрина. Зафаќа околу 220 км2 на надморска височина од 250 до 1.500 метри. Управата се наоѓа во Баина Башта.

Паркот има низа планински врвови и стрмните живописни клисури помеѓу нив. Од нив, најзабележителна е онаа на Дрина со нагол спуст од 1.000 до 250 метри и широк поглед на западна Србија и соседна Босна. Својствени за подрачјето се и карстни пештери, дупки, извори и видиковци.

Три четвртини од паркот е покриен со шуми — некои од нив меѓу најдобро зачуваните во Европа. Има ретки ендемски видови од терцијарот како омориката (Picea omorika), која е заштитена во својата природна средина во мал дел од паркот поради реткоста и научниот интерес. На Тара има многу видови диви животни, вклучувајќи ги кафеавата мечка, дивокозата, срната, рисот, видрата, волкот и други. Застапени се повеќе од 100 видови птици кои живеат на падините на редовна или повремена основа. Некои од нив се златинот орел, белоглавиот мршојадец, сивиот сокол, бувот, малиот тетреб и други.

Туризам

уреди

Главните туристички места на Тара се Калуѓерске Баре близу Баина Башта на север и Митровац на југ. Поголеми хотели во Калуѓерске Баре се „Бели Бор“ и „Оморика“, а во Митровац е сместено истоименото детско одморалиште.

До националниот парк се доаѓа непосредно од патот Баина Башта - Калуѓерске Баре, од Перуќац преку Баина Башта (крај патот Перуќац - Митровац) и од Кремна, преку патот Кремна - Калуѓерска Баре. Клисурата на Дрина се разгледува со чамец.

Мештаните прават волнени ракотвоорби, разни млечни производи, сливова и смеркова ракија и боров мед.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Тара“.

Надворешни врски

уреди