Видови агли

(Пренасочено од Накрсни агли)


Видови на агли во рамнина уреди

Агли [1] уреди

Македонски Англиски   Опис Слика
Конвексни агли: празен, остар, прав, тап, рамен, полн
Празен еmpty
 
Аголот α e празен ако α=0°.
Остар acute
  • Меѓу 1° и 89°
 
Аголот α e остар ако 0°<α<90°.
Прав right
  • 90°
 
Аголот α e прав ако α=90°.
Тап obtuse
  • Меѓу 90° и 180°
 
Аголот α e тап ако 90°<α<180°.
Рамен straight
  • 180°
 
Аголот α e рамен ако α=180°.
Полн full
  • 360°
 
Аголот α e полн ако α=360°.
Неконвексни агли
Неиспакнат reflex
  • Меѓу 180° и 360°
 
Аголот α e неиспакнат ако 180°<α<360°.

Агли во геометриски фигури [2] уреди

Македонски Англиски   Опис Слика
Внатрешен
агол
interior
 
Аголот α e внатрешен.
Аглите означени со β се надворешни.
Надворешен
агол
exterior
  • надвор од многуаголникот
  • напореден со внатрешниот агол
  • темето е теме на многуаголникот
  • еден крак е страна од многуаголникот
  • другиот крак е продолжение на друга страна
 
Централен central
 
Аголот   е централен.
Периферен inscribed
  • внатре во кружница
  • темето е точка на кружницата
 
Аголот   е периферен .

Агли парови уреди

Македонски Англиски Опис Слика
Соседни adjacent
  • имаат заедничко теме
  • имаат заеднички крак
  • немаат заеднички точки
 
Пар соседни агли
Накрсни vertical
  • имаат заедничко теме
  • немаат заеднички крак
  • краците им лежат на истите прави
 
Пар накрсни агли
Суплементни supplementary
  • збир на нивни големини е 180°
  • доколку се напоредни формираат рамен агол
  • не мора да се соседни!
 
Пар суплементни агли
Напоредни нема
  • соседни
  • суплементни
 
Пар напоредни агли
Комплементни complementary
  • збир на нивни големини е 90°
  • доколку се напоредни формираат прав агол
  • не мора да се соседни!
 
Два пара комплементни агли
Соседни adjacent [3]
  • немаат заедничко теме
  • еден крак лежи на истата права
  • лежат на истата страна од таа права
 
Аглите β и δ се соседни на аголот α

Агли на трансверзала [4] уреди

Македонски Англиски Опис Слика
Агли на трансверзала на две паралелни прави. Вкупно има 8.  
Внатрешен interior
  • теме е пресечна точка на трансверзалата со една од паралелите
  • лежи помеѓу паралелите
  • има 4 внатрешни агла: α, β, γ1, δ1
 
α е внатрешен агол;
γ е надворешен агол
Надворешен exterior
  • теме е пресечна точка на трансверзалата со една од паралелите
  • лежи надвор од паралелите
  • има 4 надворешни агла: γ, δ, α1, β1
Согласни corresponding
  • немаат заедничко теме
  • лежат на иста страна од трансверзалата
  • едниот е внатрешен, а другиот e надворешен агол
  • има 4 пара согласни агли
 
Еден пар согласни агли
Наизменични alternating
  • немаат заедничко теме
  • лежат на различни страни од трансверзалата
  • двата се внатрешни или двата се надворешни агли
  • има 4 пара наизменични агли: 2 се внатрешни, 2 се надворешни
 
Еден пар наизменични агли
Спротивни consecutive interior
  • немаат заедничко теме
  • лежат на иста страна од трансверзалата
  • двата се внатрешни
  • има 2 пара спротивни агли
 
Еден пар спротивни агли

Наводи уреди

  1. „Видови агли“. Skool MK. Посетено на 1 December 2014.
  2. C.Clapham, J.Nicholson (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics“ (PDF). Addison-Wesley. стр.421 (англиски)
  3. „Adjacent Angles“ (англиски). Math Open Reference. Посетено на 1 December 2014. интерактивен
  4. „Агли на трансверзала од две паралелни права“. Skool MK. Посетено на 1 December 2014.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди