Комплементарни агли

(Пренасочено од Комплементни агли)

Комплементарни агли се два агли чиј збир изнесува 90 степени.[1]

Еден агол формиран од два крака кои произлекуваат од темето.

Доколку аглите се напоредни тогаш нивните надворешни краци формираат прав агол.

Според Евклид (Евклидовата теорема), двата остри агли во правоаголниот триаголник се комплементарни бидејќи имаат збир од 90 степени (со оглед на тоа што збирот на аглите во еден триаголник е 180 степени, а правиот агол е 90 степени).

Зборот „комплементарен“ доаѓа од латинскиот збор „complementum“ што значи да се надополнува. Наречен е така бидејќи едниот остар агол е надополнет од страна на својот комплемент до прав агол.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Комплементарни агли на Math open reference

Надворешни врски

уреди