Мухамед Зеќири
Мухамед Зеќири (р. 10 март 1979 во Скопје) — македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и поранешен потпретседател на партијата.[1] Зеќири основно училиште завршил во ОУ „Лирија“ - Чаир, а средно богословско училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на Универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.[2]
Мухамед Зеќири | |
---|---|
Пратеник во македонското Собрание | |
На должноста 30 декември 2016 – во служба | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 март 1979 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Албанец |
Партија | СДСМ |
Установа | Универзитет на Југоисточна Европа |
Професија | новинар |
Вероисповед | ислам |
Зеќири во март 2006 година станал главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат останал до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде бил уредник на вестите до септември 2016.[3] Тој по 18 години во новинарството ја напуштил професијата и се зачленил во СДСМ. Бил кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освоила осум мандати.[4] Зеќири зборува албански, македонски, англиски, српски, и хрватски јазик.
Наводи
уреди- ↑ „Биографија на Мухамед Зеќири“. Собрание на Република Македонија. 2016-12-30. Посетено на 2017-07-01.
- ↑ „Потпретседатели на СДСМ“. Социјалдемократски сојуз на Македонија. 2017-06-18. Архивирано од изворникот на 2017-07-19. Посетено на 2017-07-01.
- ↑ „ТВ Шења – нова телевизија во Македонија“. Фокус. 2015-11-12. Посетено на 2017-07-01.
- ↑ „Кои се идните пратеници“. Телма. 2016-12-13. Посетено на 2017-07-01.