Мустачево

историско село во Солунско, Егејска Македонија

Мустачево или Мустафча (грчки: Νέο Βασιλικό, Нео Василико; до 1926 г. Μουστάφτσα, Мустафца[1]) — историско село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.[2] Се распаднало некаде меѓу 1929 и 1935 г.[3]

Мустачево
Νέο Βασιλικό
Мустачево is located in Грција
Мустачево
Мустачево
Местоположба во областа
Мустачево во рамките на Илиџиево (општина)
Мустачево
Местоположба на Мустачево во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°40.57′N 22°36.49′E / 40.67617° СГШ; 22.60817° ИГД / 40.67617; 22.60817
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаИлиџиево
Надм. вис.&100000000000000080000008 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во Солунското Поле, североисточно од Крџалиево и југоисточно од Чохалари, недалеку од западниот брег на Вардар.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На пописот од 1905 г. селото имало 175 жители кои работеле на околните чифлици.[4]

Во Грција

уреди

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1913 г. Мустачево имало 100 жители, а во 1920 г. се намалило на 62 лица.[3] Боривое Милоевиќ во 1921 г. („Јужна Македонија]]“) вели дека Мустачево има 25 турски куќи.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а властите довеле грчки доселеници. Во 1928 г. Мустачево станало чисто дојденско со 19 семејства сочинети од вкупно 75 лица[6], од кои половина од Бугарија, а другата половина од Источна Тракија.[3]

Нешто подоцна, меѓу 1929 и 1935 г. селото е конечно напуштено поради отсуството на услови за живеење како училиште и црква. Жителите се преселиле во соседното Крџалиево.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης. Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 48. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 332. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 49. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  5. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012. Посетено на 29 јануари 2024.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)