Мунух

село во Нигритско, Егејска Македонија

Мунух (грчки: Μαυροθάλασσα, Мавроталаса; до 1927 г. Μουνούχι, Мунухи[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.

Мунух
Μαυροθάλασσα
Мунух is located in Грција
Мунух
Мунух
Местоположба во областа
Мунух во рамките на Визалтија (општина)
Мунух
Местоположба на Мунух во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.39′N 23°45.1′E / 40.88983° СГШ; 23.7517° ИГД / 40.88983; 23.7517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаЧеркезќој
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно1.300
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Серското Поле, источно од Нигрита и југоисточно од градот Сер. Лежи на 15 км од Струмскиот Залив.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Црквата во североисточното маало Кула (Пиргос) е „Св. Ѓорѓи“, изградена во XVIII век. До неа имало кула по која е наречено целото маало.[3]

На почетокот на XX век Мунух било село во Серскатата каза на Серскиот Санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Монух (Монухъ) имало 300 Грци христијани.[4]

По податои на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мунух (Mounouh) се состоело од 50 Грци.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година Мунух броел 291 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 245 лица.[6] Во 1926 г. селото е применувано во Мавроталаса, но промената стапила на сила следната 1927 г.[2] Во 1923 г. во селото се доведени грчки колонисти, највеќе од Северна Тракија, а остатокот од други делови на Тракија и Понт, како и Каракачани. Во 1928 г. Мунух е претставен како наполно дојденско село со 435 жители (107 семејства).[7] По пресушувањето на Тахинското Езеро бројот на жителите се покачил, и во Мунух дошле уште доселенички семејства.[6]

Во 1969 г. е изградена црквата „Успение на пресв. Богородица“.[8] В 1979 година во Кула до „Св. Ѓорѓи“ е построена новата парохиска црква „Св. Марина“.[3]

Месности во Мунух преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Меше Баир[9] Μεσέ Μπαΐρ Гаврос Γάβρος[10] возвишение на СЗ над Мунух (72 м)[9]
Керимичилик[9] Κεριμιτσιλίκι Керамидарио Κεραμιδαργιό[10] месност на ССЗ од Мунух[9]
Фриса[9] Φρίσσα Заркадија Ζαρκάδια[10] месност на СИ од Мунух[9]
Ховија[9] Χόβια Приони Πριόνι[10] месност на СИ од Мунух, по десниот брег на Струма[9]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.401 2.071 2.234 2.000 1.925 1.767 1.661 1.572 1.300
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди
Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 24 октомври 2019.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
  6. 6,0 6,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 238. ISBN 9989-9819-6-5.
  7. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  8. „Ιερός Ναός Κοιμήσεως Θεοτόκου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 26 октомври 2019.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1042. 1968. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)