Отвори го главното мени

Мултинационално претпријатие

Мултинационални претпријатија (МНП) - претпријатија кои се вклучени во меѓународниот бизнис без разлика дали притоа применуваат мултидомашна, транснационална или глобална стратегија.Со други зборови тоа е група на корпорации, кои имаат активности низ многу земји во светот, но се контролирани од една главна централа. Многу важно за МНП е влијанието што го имаат на своите матични земји, како и земјите каде што делуваат.Голем број истражувања се направени за овие влијанија на мултинационалните претпријатија, каде што можеме да кажеме дека мислењето е различно.Имено некои истражувања кажуваат дека влијанијата на земјите домаќин (земји каде што делуваат), се доста поволни, други пак донеле спротивен заклучок. Но сепак треба да го знаеме фактот дека, поголемиот дел од истражувањата сметаат дека влијанијата на МНП се поволни.

ВлијанијаУреди

Потенцијални позитивни влијанијаУреди

  • Пренос на капитал од страна на новиот инвеститор
  • Вработување на локално население, особено значајно за земјите во транзиција
  • Конкуренција на локалниот пазар
  • Поголем избор и достапност на нови производи


Сите овие позитивни влијанија имаат шанса да се појават, но како што кажавме претходно, тие се потенцијални и делуваат во зависно од ситуацијата.

Потенцијални негативни влијанијаУреди

  • Истиснување на домашни производи од пазарот
  • Економска зависност донесена надвор од земјата

Без разлика на големото политичко влијание што го имаат МНП, нивната етика е секогаш над нивото на етиката на локалните компании, но исто така постојат случаи кога МНП знаат да бидат ранливи пред локалните влади. Низ светот секогаш влегувањето на мултинационалните компании на локалните пазари се гледаат со еден вид недоверба од страна на владите, но од друга страна пак таквите инвестиции се посакувани во многу земји, поради позитивното влијание, растот на еконoмијата други позитивни фактори што можат да донесат.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди