Меѓународен бизнис

Меѓународниот бизнис е поим кој се користи за заеднички да се опишат сите трговски зделки (приватни и државни, продажба, вложувања, логистика и транспорт) кои се одвиваат меѓу два или повеќе региони, земји и народи надвор од нивните политички граници. Вообичаено, приватните фирми се занимаваат со зделки од кои се збогатуваат, а државните фирми имаат и политички причини. Тоа се однесува на сите оние деловни активности кои вклучуваат прекугранична размена на стоки, услуги и средства помеѓу две или повеќе држави. Размената на економски средства вклучуваат капитал, квалификации, работници и слично за меѓународно производство на материјални добра и услуги како што се, финансии, банкарство, осигурување, градежништво итн.

Мултунацонално претпријатие (МНП) е компанија која има светски пристап до пазарите и производството, или компанија која соработува со повеќе од една земја. Едно МНЕ често се нарекува и мултинационална компанија(МНК) или пак транснационална компанија(ТНК). Добро позната МНК е синџирот за брза храна Мекдоналдс, Јум Бреновите и Стар Бакс производителите на возила Џенерал Моторс, Тојота, електронските компании на потрошувачите Самсунг, ЛГ и Сони (анг.Sony) и енергетските компани како што се ЕксонМобиле, Шел и БП. Повеќето од најголемите корпорации функционираат на повеќе национални пазари.

Области на проучување во оваа тема се разлики во правни системи, политички системи, економска политика, јазик, сметководсвтени стандарди, работнички стандарди, животни стандарди, еколошки стандарди, стандарди за животната средина, локална култура, корпоративната култура, девизниот пазар, тарифи(царини), прописи за увоз и извоз, трговски договори, клима, образование и многу други теми.Секој од овие фактори бара значителни промени во начинот на кој функционираат одделните деловни единици од една земја до друга.

Извршувањето на меѓународните работи зависи од целите на компаниите и средствата со кои тие ги извршуваат. Работата влијае и е под влијание на физички и општествени фактори како и конкурентната средина.

Работа:

Цели: Проширување на продажбата, стекнување ресурси, намалување на ризиците

Средства:

Физички и општествени фактори:

Фактори на конкурентност:

Во последниве децении се забележува пораст на глобализацијата, кое што се должи на следниве осум фактори:

Проучувањето на Меѓународниот бизнис е важно затоа што:

  • Повеќето компании се меѓународни или пак се натпреваруваат со меѓународни компании
  • Режимите на работење можат да бидат различни од оние што користат домашната земја
  • Има разлика во водењето бизнис на најдобар начин, од земја до земја
  • Разбирањето ви помага во донесувањето подобри одлуки во врска со кариерата
  • Разбирањето ви помага и при одлучувањето кои владини организации да ги поддржите

Раководителите во меѓународнот бизнис мора да ги разберат дисциплините на општествените науки и како тие влијаат врз сите функционални деловни полиња.

Наводи

уреди

Daniels, J., Radebaugh, L., Sullivan, D. (2014). International Business: environment and operations, 15th edition. Prentice Hall; Daniels, John D., Lee H. Radebaugh, and Daniel P. Sullivan. Globalization and business. Prentice Hall, 2002.

Надворешни врски

уреди