Муволепачка
Муволепачка или лепило за инсекти — лента за фаќање и убивање домашни муви и други крилести инсекти. Се состои од исклучително леплива хартија спакувана во кутија. Постарите ленти биле обложени со супстанции отровни за инсектите, но и за луѓето и другите животни. Најчесто се користел арсен,[1] но откако арсенот од лентите бил користен за извршување на некои убиства, неговата употреба била прекината.[2] Денес се користат природни нетоксични материи, најчесто колофонски смоли и мед.
Долго време не и се придавало значење на бојата на муволепачката, но во поново време се истражува и оваа ставка при што било утврдено дека сините муволепачки се најефикасни.[3]
Историја
уредиМуволепачката ја измислил германскиот производител на печива и слатки Теодор Кајзер во 1909 година.[4] Во почетокот како лепило се користел шеќерен сируп кој брзо се топел на високи температури. Пронаоѓачот ја добил идејата да вметне хартија во кутијата кога бил на одмор во Чешка додека набљудувал месно складиште на картонскки ленти. Откако се вратил дома во Вајблинген, Кајзер ја развил оваа идеја и заедно со својот пријател хемичар конечно успеал да ја добие вистинската мешавина од смола, масти, масло и мед за да добие муволепачка што ќе може да стои и да ја врши работата долго време.
Во 1910 година во Швајцарија првпат имало обид изумот да се регистрира како патент под името аероплан, но не успеал поради жалби од производители на авиони и играчки. Во 1911 година конечно изумот бил регистриран под името аероксон.
Користење муволепачки
уредиДолжината на муволепачките е околу 50, а ширината околу 5 сантиметри. Достапни се и подолги и пошироки ленти, кои се поставуваат во штали каде што големи инсекти летаат околу добитокот. На крајот од муволепачката обично има притискач со кој лентата се прицврстува на основата. Муволепачките најчесто се поставуваат така што висат од таванот, најчесто во близина на изворот на светлина, како и на стаклени површини каде што се поставени проѕирни ленти. Инсектите привлечени од светлината слетуваат на муволепачката и се лепат на неа. Под влијание на силна и непосредна светлина и поради неможноста за движење, инсектите брзо умираат на лентата.
Иако муволепачките се ефикасни како и другите предмети за иста намена, тие се користат поретко од естетски причини, како и поради непријатните мириси што ги испуштаат и стравот од можно труење.[5] Муволепачките треба често да се менуваат бидејќи слабеат при долго стоење поради сушењето и прашината што се собира на нив.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Randerson, James (29 март 2007.). „Lethal poisons for sale in web marketplace“. Лондон: The Guardian. Посетено на 6 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Cantle, John (1982). Atomic Absorption Spectrometry, Volume 5. Elsevier Scientific Publishing Company. стр. 385. ISBN 978-0-444-42015-2. Посетено на 6 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Plava boja smrt za muve!
- ↑ „Aeroxon History“. Архивирано од изворникот на 29 октомври 2013. Посетено на 27 октомври 2013.
- ↑ Gosnell, Kathee Rachel (1995). Insects Thermatic Unit. Teacher Created Resources. стр. 58. ISBN 978-15573459293323 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). Посетено на 6 септември 2013.
Литература
уреди- Gosnell, Kathee Rachel (1995). Insects Thermatic Unit. Teacher Created Resources. стр. 58. ISBN 978-15573459293323 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help). Посетено на 6 септември 2013.CS1-одржување: ref=harv (link) - Cantle, John (1982). Atomic Absorption Spectrometry, Volume 5. Elsevier Scientific Publishing Company. стр. 385. ISBN 978-0-444-42015-2. Посетено на 6 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)