Муволовка или тепалка — предмет за убивање домашни муви и други мали инсекти.

Обична муволовка

Историја

уреди

Иако се претпоставува дека уште древните народи користеле некои облици на муволовки направени од влакна од коњска опашка и слични природни материјали, се верува дека првата современа муволовка ја направил Роберт Монтгомери во 1900 година.[1] Тој му го продал својот патент на Џон Бенет, богат индустријалец кој го подобрил и започнал производство на големо[2].

Поголемата побарувачка за муволовки започнала уште во 1905 година, по големата наезда на муви и други инсекти во Канзас.

Обични муволовки

уреди

Обичните муволовки обично се состојат од глава, во облик на правоаголен или кружен тенок лист од метал, гума или пластика со пречник од околу 10 сантиметри и лесна пластична или жичена рачка долга 30-60 сантиметри.

Муволовката треба да биде лесна со свивлива глава за да може полесно и побрзо да реагира при удирање на инсекти. Мувите обично се убиваат со удар додека се на тврда површина или во лет.

Електрични замки за муви

уреди
 
Електрична муволовка

Електричната муволовка е рачен уред што користи висок напон за убивање на инсекти. Ја измислил ХХХХХ од Тајван во 1996 година, а се здобил со поголема популарност во 2005 година[3]. Уредот наликува на рекет за тенис или бадминтон и има батерии на полнење во рачката кои ствараат висок напон. Струјното коло е слично на оние што се користат во електрошокерите и зашеметувачите, но се ствара многу помал напон. Се состои од електричен осцилатор и трансформатор за зголемување на напонот[4].

Мрежата на муволовката се полни на напон кој изнесува од 1000-2500 волти и се активира со притискање на копче. Кога телото на мувата, кое спроведува струја, доаѓа во просторот помеѓу електродите, низ него поминува искра, која обично ја убива мувата. Доколку е потребно, копчето може повторно да се притисне и процесот ќе се повтори.

Муволовката обично има трет слој помеѓу слоевите на електродите за да се спречи повреда на луѓето, но има и други системи за заштита:

  • електричното полнење на кондензаторот е ограничено. Сè што е помало од 45 се смета за безбедно, дури и ако струјата тече од едната до другата рака делумно низ срцето.[5] Ова значи дека кондензатор од 1000 треба да има капацитет помал од 45 . Поради ова ограничување, почетниот удар обично не е смртоносен за инсектите, но трајно ги онеспособува.
  • струјата по почетното празнење е исто така ограничена. Максималната струја на повеќето муволовки е помала од 5. Оваа струја е безбедна, дури и кога тече од едната во другата рака.[6]

Предноста на електричните во однос на обичните муволовки е тоа што не бара механички удар врз инсектот за да го убие со што избегнува оставање дамки од смачканите тела на инсектите. Исто така, протокот на воздух се намалува кога се користи муволовката, па нема растерување другите инсекти како кај обичната муволовка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. FLY-KILLER; ROBERT R. MONTGOMERY;Patent number: 640790;Filing date: Oct 13, 1899;Issue date: Jan 9, 1900[мртва врска]
  2. New York Times:John L. Bennett, Beer Can Pioneer; Inventor Dies--Also Made a Better Fly Swatter
  3. „Electronic insect-killing swatter“. Посетено на 5 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Indoor Mosquito Bats Explained“. Архивирано од изворникот на 5 јули 2012. Посетено на 5 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Electrical Safety Standard IEC 61010-1
  6. Electrical Safety Standard IEC 479-1

Надворешни врски

уреди