Мошусна патка
Мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Род: Мошусни патки
Вид: Мошусна патка
Научен назив
Cairina moschata
(Linnaeus, 1758)
Подвидови
  • C. moschata sylvestris (Stephens 1824)
  • C. moschata domestica Donkin, 1989[2]
Синоними

Anas moschata (Linnaeus, 1758)

Шарен патор

Мошусна патка (научCairina moschata) — голема патка со потекло од Мексико, Средна и Јужна Америка. Помали диви и подивени населенија со време за сместиле и во САД, особено по долното течение на реката Рио Гранде во Тексас и јужна Флорида, но и во разни други делови од Северна Америка како јужна Канада. Подивени населенија се среќаваат и во Нов Зеланд, Австралија и делови од Европа. Примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[3]

По градба, ова е крупна патка, чии мажјаци се долги 76 см и тешки до 7 кг. Женките се значајно помали, и достигнуваат само 3 кг, т.е. околу половина од мажјаците. По боја се претежно црно-бели, а кај мажјаците, задните пердуви се светкави и мазни, а кај женките, истите се побледи. Застапеностана белата боја по главата и вратот се разликува од единка до единка. Клунот може да биде жолт, розов, црн или некоја мешавина од овие бои. На крилата може да имаат бели дамки или пруги, кои стануваат повоочливи во лет. Обата пола имаат розови или црвени израстоци околу клунот, при што оние на мажјаците се поголеми и во посилна боја.

Иако мошусната патка е тропска птица, таа лесно се прилагодува на постудена клима, и удобно живее на температури до −12 °C, а преживува и на постудено.[4][5]

Домашната раса е научно наречена Cairina moschata forma domestica и се одгледува уште од претколумбовско време од американските староседелци. Потешки се од дивите патки и имаат послаба летна способност од нив, а перјето им е поразновидно на изглед.

Опис

уреди
 
Вистинска дива мошусна патка
 
Глава на мошусна патка

Мошусните патки имаат долги канџи на стапалата и широка сплесната опашка. Кај домашните патки, мажјакот е долг околу 86 см и тежи 4,6-6,8 кг, а женките се многу помали, со должина од 64 см и тежина од 2,7-3,6 кг. Големите домашни мажјаци достигнуваат до 8, а големите домашни женки до 5 кг.

Вистинската дива мошусна патка, од која потекнува домашната има црникава боја, со големи бели дамки на крилјата. Долги се 66-84 см, со распон на крилјата од 137-152 см и тежина од 1,1-4,1 кг. Дивиот мажјак има кратка пувка на тилот. Клунот е црн, со светлорозови точки. При основата на клунот се забележува црникаво или темноцрвена џумка, а кожата на лицето е со слична боја. Очите се жолтеникаво-кафеави. Стапалата се ципести и црни по боја. Дивата женка има слично перје, но е значително помала, лицето ѝ е пердувесто и нема џумка на клунот. Младите не се толку живописни, а белата боја на горниот дел од крилата отсуствува или е многу малку застапена.[6] Домашните птици може да наликуваат; највеќето се темнокафени или црни мешано со бело, особено на главата.[7] Се среќаваат и други бои како лаванда или целосно бела. Обата пола имаат црно-црвено или сосема црвено лице; паторот има изразен месест израсток на почетокот од клунот и нисна пуфка од пердуво што може да ја поткрева.[5]

Пајчињата се претежно жолти, со светлокафеави белези на опашката и крилата. Некои примероци од домашниот подвид имаат темна глава и сини очи, додека пак други светлокафеаво теме и темни белези на тилот. По поведение се мошне подвижни и брзи.

Мажјакот има длабок зарипнат глас, додека пак женката има трепетно „куу“.

Кариотипот на мошусната патка е 2n=80, т.е. се состои од три пара макрохромозоми, 36 пара микрохромозоми и пар полови хромозоми. Двата најголеми макрохромозомни пара се субметацентрични, додека пак сите други хромозоми се акроцентрични или (кај мајмалите микрохромозоми), веројатно телоцентрирани. Субметацентричните хромозоми и Z-хромозомот (женски) имаат прилично малку составен хетерохроматин (Ц-појаси), додека пак W-хромозомите се хетерохроматински во мера од барем две третини.[8]

Мажјакот има пенис во облик на сврдел што при ерекција достигнува 20 см, и тоа во рок од 13 секунда. Женките имаат клоака која е исто така сврдлеста, но се завива во спротивната насока, со цел да се намали присилното парење.[9]

Екологија

уреди

Овие патки се непреселни и живеат во шумовити мочуришта, езера, потоци, околните тревни површини и земјоделските насади.[10] Навечер често седат на дрва. Се хранат со растителен материјал кој го пасат или скубат од плитка вода, како и мали риби, водоземци, влекачи, мекотели, инсекти и двојноноги.[11] По природа се донекаде агресивни: мажјаците често меѓусебно се борат за храна, територија и женки. Женките поретко се во судир. Некои возрасни единки ги колват пајчињата ако им јадат од истата храна.

Размножување

уреди
 
Јајце од мошусна патка

Мошусната, како и дивата патка, не живее во стабилни двојки. Се парат на копно или во вода, до трипати годишно.

Женката снесува 8–16 бели јајца, обично во шулина на дрво, и ги квачи 35 дена. Гнездото го напушта еднаш дневно во траење 20 минути до 1,5 час, и тогаш врши нужда, јаде, пие вода и (понекогаш) се капе. При изведувањето, на пајчињата им требаат 24 часа за да ја скршат лушпата. Во природни околности, остануваат блиску до мајката 10–12 недели бидејќи телата не можат да ја произведат потребата топлина, особено во умерените краишта.

Мажјакот исто така е со пајчињата неколку недели од изведувањето. Шета заедно со нив во потрага по храна со цел да ги заштити.

Во овој неколкунеделен период, пајчињата се хранат со житарки, пченка, трева, инсекти и речиси сè што се движи. Додека се мали, мајката ги подучува како да се хранат.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Cairina moschata. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. Donkin, R.A. (1989). Muscovy duck, Cairina moschata domestica: Origins, Dispersal, and Associated Aspects of the Geography of Domestication. B.R. Rotterdam: A.A. Balkema Publishers. ISBN 9789061915447.
  3. „Мошусна патка“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 15 мај 2015.
  4. Holderread 2001, стр. 17
  5. 5,0 5,1 „Non-Native Aquatic Species in the Gulf of Mexico and South Atlantic Regions“. Gulf States Marine Fisheries Commission. Архивирано од изворникот на 12 April 2008. Посетено на 6 February 2012. Наводот journal бара |journal= (help); Надворешна врска во |publisher= (help)
  6. „Muscovy Duck Cairina moschata. oiseaux-birds.com. Надворешна врска во |website= (help)
  7. Cisneros-Heredia, Diego F. (2006). „Information on the distribution of some species of birds of Ecuador“ (PDF). Boletín de la Sociedad Antioqueña de Ornitología (шпански и англиски). 16 (1): 7–16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-27. Посетено на 2015-05-15.
  8. Wójcik, Ewa; Smalec, Elżbieta (2008). „Description of the Muscovy Duck (Cairina moschata) Karyotype“ (PDF). Folia Biologica (Kraków). 56 (3–4): 243–248. doi:10.3409/fb.56_3-4.243-248.
  9. Sample, Ian (23 December 2009). „Video reveals twists and turns of genital warfare in ducks“. The Guardian. Посетено на 23 December 2009.
  10. Accordi, Iury Almeida; Barcellos, André (2006). „Bird composition and conservation in eight wetlands of the hydrographic basin of Guaíba lake, State of Rio Grande do Sul, Brazil“. Revista Brasileira de Ornitologia (португалски и англиски). 14 (2): 101–115. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-26. Посетено на 2015-05-15.
  11. US Fish and Wildlife Service (1 March 2010). „Migratory Bird Permits; Control of Muscovy Ducks, Revisions to the Waterfowl Permit Exceptions and Waterfowl Sale and Disposal Permits Regulations“ (PDF). Federal Register. 75 (39): 9316.

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди