Клоака е заден дел од цревата во кој се соединуваат изводните канали од системот за варење и размножување, првенствено кај оние кои несат јајца, како што се жабите, птиците и влекачите. Во клоаката влегуваат и гонадуктите (јајцеводот и семеноводот), но и каналот за уринирање.[1]

Kлоака кај црвеноопашест јастреб (Buteo jamaicensis)

Опис

уреди

Клоаката претставува продолжение на задното црево (rectum), кој е дел од дебелото црево (intestinum crassum).

Таквиот отвор е карактеристичен за голем дел од животните кои несат јајца. Исклучок се скоро сите цицачи и некои влекачи. Клоаката претставува еволуциска предност затоа што помалиот број телесни отвори ја намалува можноста за инфекциии, чиј извор може да биде токму телесниот отвор.

Специфичности

уреди

Редок исклучок меѓу цицачите е дабарот и неколку видови од семејството тенрек. И тие животни во раните фази од својот развој имале два телесни отвори, но подоцна повторно се развила секундарна клоака, што се смета за прилагодување кон условите за живот.

Рибите се уште еден од исклучоците, затоа што немаат клоака. Тие имаат посебен отвор за половите "продукти", јајце-клетката и спермата.

Кај едноотворните (клунарите и клунестите ежови) клоаката е првобитна, изворна одлика. Тоа ги разликува од торбарите и вишите цицачи, а така и им го дало нивното научно име Monotremata (едноотворни).

Наводи

уреди
  1. Cloaca (anatomy), Encyclopædia Britannica (анг.)