Побуди

(Пренасочено од Мотиви)

Однесувањето на човекот е сложено и често неразбирливо, но секогаш во неговата основа лежат мотивите, односно потребите кои човекот треба да ги задоволи. Мотивацијата како процес е една од најинтересните области во психологијата, затоа што и самиот процес е променлив и динамичен. Со мотивацијата го објаснуваме однесувањето на луѓето во определени ситуации. Колку интензитетот на мотивацијата е поголем, толку однесувањето кое овозможува задоволување на мотивот, ќе биде поизразено. Кога го анализираме односот на човекот со неговата средина, забележуваме дека тој спрема предметите и ситуациите во таа средина се однесува различно. Кон едни е наклонет, други го привлекуваат неговото внимание, трети ги избегнува. Неговиот однос го определуваат неговите потреби, желби, интереси и намери – како двигатели на активност. Извор на мотивите се потребите. Потребата е состојба на нестабилност или нарушена рамнотежа во организмот, која се пројавува со зголемена или продолжена активност или напнатост. Потребата секогаш претставува недостаток или вишок на нешто. Доколку е тоа недостаток на нешто во организмот (храна, вода), станува збор за органска потреба. Ако тој недостаток не е органски, туку е желба за одреден предмет, лице или ситуација, станува збор за психолошка потреба (потреба за дружење, за афирмација, и сл.). Органските потреби се вродени и тие предизвикуваат физиолошки промени. На пример, при потреба за вода доаѓа до сушење на устата, промени во крвта, малаксаност. Самата потреба за вода не е мотив, а исто така и водата сама по себе не е мотив, мотив е стремежот за вода за да се задоволи потребата. Психолошките потреби се стекнати, посложени, со што и активностите за нивно задоволување се посложени. Честопати во секојдневниот говор термините мотив и потреба се изедначуваат, што не е правилно. Мотив и потреба не е исто. Постојат ситуации кога мотивот се јавува без претходно постоење на потреба, или може да има потреба која не предизвикува мотив. На пример, кај претерано дебелите луѓе проблемот е во тоа што мотивот за јадење е постојано присутен. Иако претходно јадел и ја задоволил својата глад (потреба), дебелиот човек пак сака да јаде (мотив). Од друга страна, познато е дека во нашиот организам се јавува постојана потреба од некој витамин или минерал, а ние немаме мотив тој витамин или минерал да го земеме. Според степенот на свесноста на мотивациите се издвојуваат три типа на ситуации:

  • свесна мотивација е кога човекот точно ја утврдува потребата и свесно и намерно презема активност за нејзино задоволување (свесен е дека е жеден и посакува чаша вода). Свесно доживеаната потреба претставува нагон. Кога сме свесни за потребата можеме да ја замислиме целта со која таа ќе биде задоволена- тоа е желба.

во втората ситуација човекот верува дека точно ја утврдил потребата и затоа презема некоја активност за да ја задоволи, а во прашање е погрешно утврдување на потребата. Пример, ако човекот е осамен и има потреба од дружење со пријателите, а тие го избегнуваат, кај него се јавува чувство на губење на самопочитта, потиштеност, се чувствува навреден. Ваквите чувства кај него предизвикува напнатост. Напнатоста која е всушност предизвикана од психолошки потреби, човекот ја идентификува, пример, мисли дека се чувствува напнато бидејќи е гладен па внесува храна. Психолошката потреба погрешно ја заменува со потребата – глад, па за да ја задоволи погрешно претставената потреба сака да јаде (мотив)

  • несвесна мотивација, кога човекот не е свесен за потребите и целите, т.е. за своето однесување. Тоа доаѓа одтаму што општествените услови на живеење често го забрануваат или ограничуваат задоволувањето на некои потреби на човекот. Тие забрани човекот некогаш ги прифаќа свесно, но понекогаш изградува „внатрешни потсвесни прегради―. Така, оние желби што најчесто предизвикуваат непријатни чувства ќе бидат потиснати (пакост, завист, љубомора), но и како такви ќе бидат двигатели на активностите на човекот, иако тој не е свесен за нивното постоење.

Често активноста може да се изврши и без постоењето на потреба и нагон, но при постоење на надворешен примамлив ојект - поттикнувач. Пример, не сме гладни ,но минувајќи пред пекарница ја чувствуваме миризбата на топлиот ѓеврек и одлучуваме да земеме еден.

Видови мотиви

уреди
  • Биолошки мотиви - се вродени мотиви и во нивната основа лежи задоволувањето на физиолошките потреби на човекот.
  • Социјални мотиви – се оние што се остваруваат во контактите со другите луѓе, и некои од нив се вродени, а други стекнати.
  • Лични мотиви – се оние во чија основа лежат психолошки потреби за реализација и развој на сопствената личност.

Биолошки потреби и мотиви

уреди

Овие потреби се од основно значење за биолошкиот опстанок на човекот. Тие се наследни и се својствени за сите луѓе на планетава. Во основата на биолошките мотиви лежи принципот на хомеостаза (рамнотежа). Всушност се работи за активност на организмот чија цел е постигнување на рамнотежа која претходно е нарушена, поради недостаток или поради вишок на определена материја (или активност). Штом постои нерамнотежа се јавува потреба, пример нема вода, потребата предизвикува нагон - состојба во крвта, и сето тоа предизвикува мотив – барање вода. Во моментот на постигнување на целта, постигната е рамнотежа и биолошката потреба е задоволена. Постојат следниве биолошки мотиви

Мотив за храна

уреди

Глад претставува подолготрајно лишување од храна. Може да биде општ глад кој претставува недостаток од било кој вид на храна, и специфична глад каде се јавува недостаток од определен вид на храна (пр. позната е потребата од храна со кисел вкус кај некои бремени жени). Организмот поседува свој природен регулатор за земање на храна за тоа кога му е најпотребна храна и која храна му е најпотребна. Малите деца го почитуваат овој регулатор и јадат само кога му е потребна храна (затоа не треба сосила да се хранат). За разлика од децата, возрасните често земаат храна и кога ннемаат објективна потреба од неа т.е. не се гладни или јадат и она за што немаат потреба.

 
Храна

Потреба за вода

уреди

е еден од најсилните мотиви на човекот. Без храна човек може да издржи неколку недели, но без вода само неколку дена. Центарот за жед како и центарот за храна се наоѓа во хипоталамусот. Хипоталамусот го контролира количеството на вода во клетките. Кога количеството на вода во клетките се намалува се јавува потребата од вода во организмот. Но освен хипоталамусот постои и периферен регулатор а тоа е сувост во устата. Докажано е дека и покрај тоа што потребата за вода во организмот е задоволена, човекот и понатаму ќе пие ако чувствува сувост во устата.

Сексуален мотив yea

уреди

е од големо значење за организмите, заради продолжување на видот. Ако кај животните продолжувањето на видот има примарна улога во сексуалниот мотив, кај човекот овај мотив има посложено значење и претставува израз на љубов, пријателство и доверба. Кај животните спремноста за сексуални контакти е директно поврзана со биолошките циклуси во организмот. Кај човекот е резултат на свесна одлука и мислење, па затоа неговата сексуална активност е под влијание на процесот на учење во текот на социјализацијата. Човекот чувствително и свесно го бира својот партнер и при тоа задоволува и други свои потреби (дружење, припаѓање, естетски потреби). За разлика од животните човекот е во состојба да се откаже од задоволувањето на сексуалниот мотив, доколку партнерот не ги задоволува и другите негови потреби т.е. не му одговара.

Мајчински мотив

уреди

има големо значење за опстанокот на видот. Овој мотив се состои од две потреби: потребата да се имаат деца и потребата за грижа народените деца. И кај многу животински видови, мајчинскиот мотив се манифестира преку нивната пожртвувана грижа за своите младенчиња.

 
Мајка и дете
 
Мајка и дете

Мотив за активност, мотив за истражување и мотив за спознавање

уреди

Овие мотиви се поврзани со човековата еволуција. Човекот во својот еволутивен развиток ја истражувал својата околина, ја осознавал и манипулирал со неа. Овие мотиви кај човекот се јавуваат уште во раното детство. Малите деца ги сакаат оние играчки што може да ги расклопуваат, да ги истражуваат, да видат што има внатре, да манипулираат со нив. Детето сака во средината околу него да дофати и испита што поголем број на предмети со цел да ги задоволи овие мотиви. Со реализацијата на овие мотиви кај детето се развиваат интелигенцијата, креативноста и ефикасноста. Овие мотиви се особено силни тогаш кога другите биолошки мотиви се задоволени. Биолошките мотиви иако се вродени и универзални, сепак кај луѓето се разликува начинот на кој тие се задоволуваат. На кој начин ќе се задоволуваат биолошките мотиви во голема мерка ќе зависи од учењето. Пример во различни земји луѓето за храна употребуваат ралични нешта. Некои народи јадат инсекти и змии, додека кај други тоа би било неприфатливо. Некои јадат со раце, некои со стапчиња, некои со виљушки и сл.На некои изгледот односно како е сервирана храната воопшто не му е битно, додека други нема да ја јадат несервираната храна. Учењето и социјалната средина се од огромно знашење и тие го диктираат начинот на задоволување на биолошките мотиви.

Социјални мотиви

уреди

Социјални мотиви се оние мотиви што се остваруваат во контакти со други луѓе. Некои од социјалните мотиви се универзални за сите луѓе, а други се карактеристични само за одделни општества. Можат да бидат позитивни и негативни.

Мотив за сигурност

уреди

е еден од најважните социјални мотиви и го одразува стремежот на човекот да ја одржи својата егзистенција и да може да ги задоволува своите основни потреби. Луѓето ќе се чувствуваат посигурно во општество каде што имаат работа, каде што нема војни и закани од војни, каде што нема природни катастрофи и сл.

Мотив за друштвеност

уреди

е потреба на човекот да биде со други луѓе, да живее и работи и да се дружи со нив. Сите сакаме да бидеме со некого, да ги поделиме своите мисли и чувства и да се посоветуваме. Осаменоста е најтешка казна. Испитувањата докажуваат дека оние луѓе кои подолг временски период живеат осамено, доживуваат депресии и психички кризи. Кога сме вознемирени и несигурни сакаме да бидема содруги луѓе за да се чувствуваме побезбедно. Кога сме радосни или тажни пак сакаме да бидеме со други луѓе за да ја поделиме радоста или тагата. Човекот сака да биде со други луѓе дури и кога не ги познава (во театар, на натпревар, приредба, прослава) и тогаш се чувствува пријатно. Овај мотив некои психолози го нарекуваат мотив на стадо и тврдат дека тој мотив ни е вроден, а потекнува од нашиот предок кој живеејќи во опасна средина можел Мотив за друштво да опстане само така во „стадо―.

 
Пријатели

Голем број психолози истакнуваат дека мотивот за друштвеност е стекнат мотив во процесот на социјализација. Ова се објаснува со тоа што малото дете кога е во присуство на луѓе што го милуваат, го играат, му даваат подароци, се чувствува пријатно. Ако и неговите родители се чувствуваат пријатно кога се со други луѓе, детето започнува да чувствува потреба за дружење. Спротивно пак, ако семејството е сомничаво и недоверливо кон другите луѓе, и детето ќе се повлече во изолација.

Мотив за емоционална приврзаност(мотив за љубов и припаѓање)

уреди

е една од основните социјални потреби на човекот. Секој човек сака и сака да биде сакан. Се јавува рано во детството и трае до крајот на животот. Недостатокот на овај мотив доведува до чувство на отфрленост.

Мотив за агресивност

уреди

е негативен социјален мотив и затоа се нарекува асоцијален. За човекот што покажува непријателство и агресивност велиме дека се однесува асоцијално.денешните истражувања покажуваат дека асоцијалното однесување не е вродено, тоа се стекнува.Антрополошките докази од испитувањата на Маргарет Мид на племињата во Нова Гвинеја, покажаа дека во племињата во кои се негуваат љубовта и пријателскиот однос, и се однесуваат заштитнички кон децата, владее мирољубиво однесување. Додека во племињата каде се негуваат борбеноста и непријателскиот однос, а децата се воспитуваат мошне сурово, владее агресивно однесување. Современите психолози потенцираат два вида на агресивност. Еден каде агресивноста е во вид на напад со цел да му се нанесе штета на другиот, а вториот вид е агресивност во вид на самоодбрана со цел да се заштити реализацијата на некој сопствен мотив.

Лични мотиви

уреди

Личните мотиви се всушност социјални мотиви но формирани врз основа на личното искуство на поединецот. Тие се насочени кон сопствената личност и истакнување на нејзините вредности. Човекот постојано се стреми да ја зголеми својата вредност во сопствените очи и да ја доведе сопствената личност што поблиску и што послично до идеалната личност од своите замисли. При тоа постојано обрнува внимание на другите, се споредува со нив и се труди да биде почитуван и ценет од нив. Од тој аспект постојат поголем број на лични мотиви, како мотивот за самоостварување, самопотврдување, совршенство, афирмација, углед, слава, моќ , итн. Ќе објасниме некои од нив.

Мотив на самопотврдување

уреди

се манифестира со стремежот да постигнеме признанија во средината во која живееме, да сме почитувани и да се покажеме способни. За остварување на овај мотив потребна е упорна и долготрајна работа.

Мотив за самоактуализација (самоостварување)

уреди

Ја одразува нашата тенденција во целост да се посветиме на активноста што ја работиме, да покажеме што можеме и да ги реализираме нашите потенцијали. Луѓето кај кои се позастапени личните мотиви покажуваат повеќе успех, вложуваат повеќе напор, преземаат потешки и поодговорни задачи. Се одликуваат со одговорност, одлучност и храброст.

Хиерархија на мотивите

уреди

Секојдневните активности на човекот се определени од дејствувањето на повеќе мотиви. Тие мотиви понекогаш дејствуваат истовремено (пр, ученикот после часови има потреба да јаде, да се одмори, да учи, да се дружи, да спортува, да прошета и сл. Во таков случај преовладува еден мотив пред другите и тој станува доминантен (пр. ученикот прво ќе јаде). Кога доминантниот мотив ќе биде задоволен се јавува друг. Психологот Абрахам Маслов тврдел дека постои голем ред и правилник при задоволување на мотивите и ја предложил познатата пирамида на хиерархија (подреденост) на мотивите.[1] Секој од нас има своја хиерархија на мотивите, која воглавно се поклопува со пирамидата на Маслов, но која сепак во текот на животот се менува и се прилагодува на нашата возраст и условите во коишто живееме.

Наводи

уреди
  1. Пирамидата на Хиерархија на Маслов