Абрахам Маслоу
Абрахам Харолд Маслоу или Маслов (англиски: Abraham Harold Maslow; 1 април 1908 – 8 јуни 1970) бил американски психолог. Неговото име најчесто се поврзува со хиерархијата на човековите потреби и се смета за основач на хуманистичката психологија.
Абрахам Маслоу | |
---|---|
Роден(а) | Абрахам Харолд Маслоу 1 април 1908 Бруклин, Њујорк, Њујорк, САД |
Починал(а) | 8 јуни 1970 Менло Парк, Калифорнија, САД | (возр. 62)
Националност | американец |
Полиња | психологија |
Тој е прво родено дете од вкупно седум деца во семејство на емигранти од Русија. Неговите родители се надевале на подобар живот во САД и го форсирале своето дете да постигне одличен академски успех. Во текот на своето детство Маслов се чувствува осамено и единствено сигурно засолниште за него претставувале книгите.
За да ги задоволи своите родители Маслов најпрво запишува Правен факултет. Нешто подоцна се жени со неговата прва братучетка Берта Гудман, спротивно на желбата на неговите родители. Абрахам и Берта ќе имаат две ќерки. Тој и Берта заминуваат за Висконсин, каде што тој ќе ја изучува психологијата. Дипломира на Универзитетот во Висконсин во 1930, магистрира во 1931, а докторира во 1934 година. На овој универзитет работи со Хари Харлов, познат по изучувањето на емоционалното врзување кај резуз мајмуните. Една година по дипломирањето Маслов разминува во Њујорк каде што работи со Е.Л.Торндајк. Во тоа време Маслов се интересира за сексуалноста кај луѓето.
Подоцна станува редовен професор на универзитетот во Бруклин. За време на овој период од неговиот живот, тој ќе запознае многу интелектуалци од Европа (луѓе како Алфред Адлер, Ерих Фром, Карен Хорнај и уште неколку гешталт и фројдовски ориентирани психолози) кои ќе емигираат во Америка, особено во Бруклин.
Од 1951 до 1969 година Маслов е на чело на институтот за психологија во Брендајс и од тогаш започнува со неговата теоретска работа. Во тоа време се сретнува со Курт Голдстеин кој го запознава со идејата за себе-остварување.
Последните години од својот живот ги поминува во Калифорнија сè до неговата смрт на 8 јуни 1970 година. По долги години боледување тој умира од срцев удар.
Хиерархија на човековите потреби
уредиМаслов ќе придонесе за психлогијата преку неговата хиреархија на човекови потреби, која ја претставува како пирамида, а на врвот од пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување или тензија или конфликт во животот на некоја личност. Основата на пирамидата ја сочинуваат основните потреби за преживување. Откако ќе се задоволат овие потреби, човекот се стреми да ги реализира потребите од второто ниво: потребата за безбедност и сигурност. Потребата се актуелизира само тогаш кога не е задоволена. Со задоволување на потребите, тие не исчезнуваат туку не мотивираат да се искачиме скалило погоре.
Третото ниво го сочинуваат потребите за припаѓање и љубов: потреба за пријател, дечко, девојка, потреба за деца односно за блиска емоционална врска (однос). Незадоволување на оваа потреба води кон осаменост и социјална анксиозност. Потоа следи потребата за почит. Маслов наведува две верзии на потребата за почит: ниска и висока. Негативна верзија на оваа потреба е комплексот на инфериорност и ниска самодоверба. На врвот од пирамидата се наоѓа потребата за самоостварување.