Мотивација — чинител кој го поттикнува, насочува и одржува однесувањето на луѓето. Мотивацијата се однесува на динамичниот дел од личноста и се разликува од поимите како чувства и личност. Мотивацијата е желба или волја да се направи некоја работа. Мотивираната личност може да си постави долготрајна цел: да стане истакнат писател или да има краткотрајна цел: да научи како се спелува еден збор. Поимот личност се однесува на помалку или повеќе трајна црта на поединецот (срамежлив, осетлив, чесен). Спротивно да мотивацијата, чувство се однесува на привремена состојба која не е инстантно поврзана со однесувањето (лутина, радост, тага).

Генерирањето на енергија е очигледен доказ за мотивација

Што се однесува до менаџментот мотивацијата има важна улога за менаџерот кој настојува да ги задоволи желбите и нагоните на своите соработници така што нивното однесување би било пожелно и прифатливо за организацијата.

Био-психолошка теорија

уреди

Теорија за нагоните

уреди

Постојат повеќе теории за нагоните. Една од нив е Теорија за редукција на нагонот.

Оваа теорија се заснова на биолошките потреби како на пример глад. Како што времето поминува ние огладнуваме и силата на нагонот се зголемува. Откако ќе ја задоволиме потребата за јадење, силата на нагонот се намалува. Оваа теорија се повикува на теоријата на Фројд и идејата на негативен фидбек како што е термостатот.

Сепак оваа теорија има некој недостатоци и е отворена за дебатирање. Прво не објаснува како секундарното поткрепување ја редуцира силата на нагонот. Второ оваа теорија не објаснува како гладен човек додека спрема храна не јаде од истата додека не заврши со подготовка на храната. Теоријата на редукција на нагонот сугерира дека човекот ќе јаде за време на подготовка на храната и нема да ја игнорира потребата за храна. И последната забелешка се однесува на тоа дека не може да се измери нагонот и оттука не може да тврдиме дека истиот постои (Barker 2004.

Мотиватори

уреди

Мотиватори се чинители кои ја поттикнуваат личноста на дејствување и влијаат на однесувањето на поединецот. Мотиватори се награди или пак пофални зборови кои ја зголемуваат желбата за задоволување на одредена желба.

Регулатори на однесувањето

уреди

Награда и инсентив

уреди

Наградата следува после појавата на одредено однесување, за поткинување на позитивното однесување и исто така со намера истото да се повтори.

Дефиницијата на награда не смее да се замени со дефиницијата на поттикнување, која вклучува умерен раст на зачестеноста на посакувано однесување кое следи по додавањето на нешто ново во средината. Има два вида на мотиватори: внатрешни и надворешни. Надворешна поткрепа е: пари, пофалби итн., а внатрешни се: лично задоволство од постигнатиот успех, достигнување, подвиг итн. Може овие два вида на мотиватори да се комбинираат сè со цел да се добие повисоко ниво на мотивација. Некои автори прават разлика меѓу два вида на внатрешна мотивација: мотивација основана на лично задоволство и мотивација заснована на обврска. Обврска се дефинира како она што личноста мисли дека треба да го направи.

Внатрешна мотивација

уреди

Внатрешна мотивација е евидентна кога луѓето правам нешто водени од сопствена желба без никаква поткрепа од надвор. Хобито е типичен пример за тоа.

Внатрешната мотивација е интензивно проучувана од педагошката психологија од 1970 година и многу студија потврдија дека истата е поврзана со високо постигнување и задоволство од студентите.

Не постои една единствена и општо прифатена теорија која го појаснува потеклото на внатрешната мотивација. Многу објаснувања се комбинација од Теоријата на атрибуција на Bernard Weiner, работата на Бандура поврзана со себе-ефикасноста и други студии поврзани со локусот на контрола и ориентацијата кон цели. Студентите се водат од внатрешна мотивација ако:

  • Успехот во студирањето е воден од внатрешни потреби кои можат да ги контролираат како (трудот кој го вложуваат во учењето)
  • Верување во себе дека резултатот зависи од личност (на пример успехот односно неуспехот не зависи од среќа односно лоша среќа)
  • Да се водени од мотивот за знаење и суштинско разбирање на мотивацијата, а не учење за да се добијам одлични оценки

Се забележува дека не се спомнува награда за постигнувањето односно однесувањето затоа што, наградата е надворешен чинител за мотивација.

Во некои заедници и организации, луѓето дејствуваат од алтруистички причини вклучувајќи создавање за општо добро, морална обврска кон групата, менторска работа и др. Овој модел (начин) на мотивација сè уште се проучува и еволуира.

Надворешна мотивација

уреди

Традиционално, надворешната мотивација се поврзува со мотивирање на вработените:

  • Награда како промоција, зголемување на плата (негативна мотивација: казна, намалување на плата)
  • Доделување на почести и признанија

Со трансформација на економијата од фабрички ленти до услужна дејност (индустрија), значењето на внатрешната мотивација се зголемува:

  • Новите работни места ги дистанцираат работниците од лентата и бараат нови вештини, на кои потешко е да се мери поединечната продуктивност. Овој е очигледно кај високо образовани кадри, особено кај тимската работа. Недостаток од објективен и универзален критериум за мерење на поединечниот учинок (продуктивност) ќе влијае произволно да се наградува личноста.
  • Внатрешната мотивација не се потпира на мотивирање со пари, па затоа може да ни се чини дека е поевтина (пресметано во денари). Меѓутоа таа е многу поскапа затоа што треба проучи и усвои пред да се практикува ако внатрешен мотиватор.
  • Како и да е внатрешната мотивација не е лек за се кога се работи за мотивацијата на вработените. Има неколку проблеми:
  • И високо мотивираните луѓе треба да јадат. Па затоа се потребни други форми за наградување.
  • Внатрешната мотивација може лесно да се „скрши“. На пример, дополнителна надворешна мотивација е познато дека има негативно влијание во многу случаи, особено кога надворешната не се дава доследно и праведно.

Telic and Para telic модел на мотивација

уреди

Психологот Мајкл Аптер збори за два вида на модели на мотивација: „telic“ (што потекнува од грчкиот збор telos или цел) и „paratelic“. Во првиот модел личноста е мотивирана од посебна (специфична цел) како што е заработка на средства откако една работа е завршена. Paratelic мотивацијата се однесува кога личноста е мотивирана од активноста сама по себе, а не од некоја специфична.

Казна/Казнување

уреди

Се користи како метод со кој се очекува дадено однесување да се елиминира и да не се применува. Се очекува откако на личноста ќе и биде одземено или ќе и биде наметнато нешто.

Агресија

уреди

Најчесто агресијата се користи во цивилната служба за да се одржи јавниот ред и мир.

Стрес

уреди

Најчесто работењето под стрес го постигнува спротивниот ефект од очекуваниот. Кога личноста е под стрес и во тешки ситуации таа чувствува притисок. Најверојатно ќе се роди чувство дека личноста не постигнала доволно и треба да се стреми кон поголеми достигнувања. Ова може да речеме дека се одвива на несвесно ниво. Крајниот резултат е дека стресот може да ја мотивира личноста да работи многу со што ќе го „компензира“ горенаведеното чувство.

Секундарни Цели

уреди

Биолошките потреби генерираат повеќе силни чувства и на тој начин многу посилна мотивација отколку секундарните цели. Ова е опишано во„ Хиерархијата на потреби“ на Абрахам Маслов. Дистинкција може да се направи меѓу директна и индиректна мотивација. Во директната мотивација, акцијата ја задоволува потребата, а во индиректната акцијата ја задоволува целта (која се наоѓа среде), која води до задоволување на потребата. На работа, парите се типичен пример за индиректна мотивација додека, задоволството од работата и пријатната социјална средина се пример за директна мотивација. Како и да е ова води кон заклучок индиректната мотивација (да се купи скапа облека, да се јаде ексклузивна храна) може да биде посилна отколку директната мотивација која потекнува од пријатната работа (социјална)средина.

Социјална и себе контрола

уреди

Само-контрола

уреди

Самоконтролата се сфаќа како дел од емотивната интелигенција; Личноста може да има висока интелигенција (гледано конвенционално, мерено со скала за интелигенција), но немотивирана да изврши некоја конкретна задача. Victor Vroom, во неговата теорија објаснува како луѓето одлучуваат кога да користат себе-контрола за да постигнат одредена цел.

Нагоните и копнежот се јавуваат како недостаток или потреба која го активира нашето однесување кое служи како цел или инцентив. Се смета дека базичните потреби потекнуваат од поединецот додека надворешен стимул за поттикнување на (ваквото) однесување може и да не е потребен. Основните нагони може да се поттикнат од недостатоци како гладот, кој ја мотивира личноста да бара храна; додека желбата за одобрување и пофалба, кога се задоволуваат посуптилни нагони, ја мотивираат личноста да се однесува на начин кој ги задоволува останатите.

За да ни биде појасно, која е разликата помеѓу самоконтролата и мотивирањето на надворешно поткрепување, може да наведеме примери каде животните добиваат храна кога ќе го изведат очекуваното однесување (пример дресирањето на кучиња или делфини.

Теоријата на Маслов

уреди

Многу е зборувано и пишувано за „хиерархијата на потреби“ на психологот Абрахам Маслов

Неговата теорија говори за:

  • Луѓето имаа потреби и желби кои влијаат на однесувањето, само незадоволените потреби, нè мотивираат на однесување
  • Има многу потреби кои се распоредени во хиерархија, во основата се наоѓаат базичните потреби, а кон врвот на пирамидата се наоѓаат помалку или повеќе комплексни потреби
  • Личноста ги задоволува потребите од повисоките нивоа само ако и се задоволени „пониските“ потреби.
  • Преку задоволување на своите потреби личноста се себе – актуализира.

Потребите за кој зборува Маслов се:

Се смета дека базичните потреби потекнуваат од поединец додека надворешен стимул за поттикнување на (ваквото) однесување може и да не е потребен. Основните нагони може да се поттикнат од недостатоци како гладот, кој ја мотивира личноста да бара храна; додека желбата за одобрување и пофалба, кога се задоволуваат посуптилни нагони, ја мотивираат личноста да се однесува на начин кој ги задоволува останатите.

Херцбергова двочинителска теорија

уреди

Фредерик Херцберг во неговата теорија пишува за одредени чинители, кој го поттикнуваат работното задоволство, додека други не го поттикнуваат, но нивното отсуство може да демотивира.

Тој прави разлика меѓу:

  • Мотиватори (пример: предизвик, признание, одговорност)
  • Чинители на незадоволство (на пример статус, плата, дополнителни бенефиции) овие чинители не е мотивираат во сегашноста, но нивно отсуство може да демотивира и да предизвика работно незадоволство.

ERG теорија на Алдерфер

уреди

Clayton Alderfer, ја развива теоријата на Маслов и ја создава ЕРГ теорија (Егзистенција, Припаѓање, Развој). Биолошките потреби и сигурност (од хиреархијата на Маслов) тој си сместува во категорија како егзистенцијални. Љубов и самопочит во категоријата на припаѓање. Во категоријата на развој спаѓа потребата за самоактуелизација.

Когнитивна дисонанца

уреди

Автор на оваа идеја е Leon Festinger, и говори за состојва во која поединецот е во колфликт како резултат на различни спознанија (когниции). На пример личноста се преиспитува пред да купи некој производ дали некоја мината одлука е подобра отколку сегашната.

Друг пример е кога има верувањети на личноста е во конфликт со однесувањето. Кога личноста верува дека пушењето е штето по здравјето, а пуши цигари.

Теорија на самоопределбата

уреди

Теоријата на самоопределбата e развиена од Едвард Деси и Ричард Рајан и се фокусира на внатрешната мотивација, која е главен поттикнувач на внатрешната мотивација. Како и теоријата на Маслов и оваа теорија препоставува природна тенденција на личноста да се развива. За раслика од другите теории оваа теорија смета дека стимулацијата од средината е суштинска. Главни чинители кои не поттикнуваат се: независна, автономна личност, фидек и приврзаност.

Теорија за мотивација за постигнување

уреди

Дејвид Мекклиланд вели дека личноста генерално е мотивирана од три чинители:

  • потреба за постигнување
  • потреба за моќ
  • потреба за приврзаност

Теоријата се води од идејата дека поединецот понекогаш има јасно дефинирана цел или состојба. Најчесто достигнувањето на целта е награда сама по себе. Контролата (достигнувањето) на целта зависи од близината, комплексноста, специфичноста. Идеална цел би била сегашна состојба во која времето помеѓу иницирањето на однесувањето и достигнувањето на целта е кратко. Ова објаснува зошто некој деца се повеќе мотивирани да учат како да возат велосипед отколку да учат алгебра. Целта треба да биде реална и разумна. Не премногу лесна и не премногу тешка. Исто така луѓето сакаат да знаат (претчувствуваат) дека постои голема веројатност да ја достигнат целта.

Надворешни врски

уреди
  • „Научно објаснување за недостатокот на мотивација“. ЕНаука. (македонски)