Мориц Шлик
Мориц Шлик, полно име Фридрих Алберт Мориц Шлик (Берлин, 14 април 1882 — Виена, 22 jуни 1936) — германско-австриски филозоф и физичар.
Мориц Шлик | |
---|---|
Мориц Шлик околу 1930 | |
Роден(а) | Фридрих Алберт Мориц Шлик 14 април 1882 Берлин, Германско Царство |
Починал(а) | 22 јуни 1936 Виена, Австрија | (возр. 54)
Период | Современа филозофија |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Аналитичка филозофија Виенски круг Логички позитивизам фундаментализам[1] |
Претежна дејност | Логика, филозофија на науката, филозофија на математиката, етика |
Значајни идеи | Општа теорија на знаењето Beobachtungssatz (опсервациски искази)[2] Интерни и апликативни правил на граматиката[3] |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Тој се смета за еден од најважните претставници на раната аналитичка филозофска школа на логичкиот позитивизам.[5] Како и другите претставници на логичкиот позитивизам, Шлик ја истакнувал врската помеѓу филозофијата и современата наука и категорично ја критикувал секоја традиционална метафизика. Најпознат е како водач на филозофско-научни семинари познати под официјалното име Друштво Ернст Макс,[6] попознат меѓу пошироката филозофска заедница како Виенски круг.[7]
Шлик ја насочил активноста на кругот со објавување на филозофското списание Erkenntnis.[8] Годините од 1927 до 1934 година го претставувале врвот на активноста на кругот, а доаѓањето на нацистите ја отежнало неговата активност. Во 1936 година, Шлик бил застрелан на скалите на универзитетот од ментално нестабилен поранешен студент кој исто така ги симпатизирал нацистите.
Со определување на темите, програмските активности на кругот, многубројните прилози и самостојните филозофско-научни монографии, тој влијаел на натамошниот развој на аналитичката филозофија по распадот на кругот.
Ран период
уредиМориц Шлик е роден во Берлин во богато буржоаско семејство кое припаѓало на протестантската вероисповед. Откако завршил класична гимназија во Берлин, тој ги продолжил студиите на универзитетите во Хајделберг, Лозана и на крајот на Хумболтовиот универзитет во Берлин. Неговите први интереси ги опфаќале областите на современата наука, математиката и особено физиката. Во 1904 година, ја промовирал својата теза од областа на физиката на Универзитетот во Берлин под менторство на физичарот Макс Планк. Во исто време, тој се заинтересирал за филозофијата. Првото дело од областа на етиката е релативно слабо, но релативно брзо се поврзува преку откривањето на модерната логика со неопходноста од доследно градење на научен облик на емпиризам. Тој ги критикувал традиционалните облици на емпиризам за недостатоци, кои можат да се отстранат само ако се земат предвид современите наоди во областа на новата формална логика и математика. Тој започнал да ги следи позитивистичките начела, според кои е можно да се прифатат и оправдаат само оние изјави кои можат логички да се оправдаат и да се потврдат со регрес кон фундаменталната основна и најочигледна изјава.
Во 1911 година, се стекнал со хабилитација на Росточкиот универзитет, каде што предавал до 1921 година. Покрај формалната логика, епистемологијата, филозофијата на науката и филозофијата на математиката, се интересирал и за актуелните проблеми во науката. Во 1915 година, објавил статија за посебната теорија на релативноста на Ајнштајн. Три години подоцна, постигнал интелектуален пробив со трудот „ Општа теорија на познанието “ (Allgemeine Erkenntnislehre), расправа насочена против позитивизмот на првото поколение и критика на неокантовото инсистирање на априори синтетички судови. Изјавите кои не можат да бидат емпириски оправдани и не можат да се изведат логички се беспредметни и се остаток од традиционалната метафизика, така што за Шлик овие изјави немаат место во филозофијата и науката. Ова начело станало и водечко начело на Виенскиот круг.
По Росток, тој предавал уште една година на Килскиот универзитет, каде што бил незадоволен од тамошната филозофска и научна средина, па во 1922 година ја прифатил поканата од Виенскиот универзитет.
Виенски круг
уредиВо Виена се запознал со многу филозофи и научници, со кои започнал да организира семинари, кои подоцна станале познати под името Виенски круг. Меѓу најважните биле Рудолф Карнап, Ото Нојрат, Херберт Фајгл, Ханс Хан, Виктор Крафт, Фридрих Вајсман и младиот, но иновативен Курт Гедел. Во средиштето на расправите бил логичкиот филозофски трактат на Витгенштајн, кој станал програмски водич на кругот во потрагата по строг формализам на јазикот и разграничување на филозофијата од неискажливото, т.е. метафизичкото. Соработката меѓу Витгенштајн и Шлик го поттикнала Витгенштајн да се врати во водечките филозофски кругови по пауза од повеќе од десет години.
Со трудот „Етички прашања“ ги убедил другите членови на кругот за важноста од справување со етичките проблеми. Во 1929 година, бил објавен заедничкиот труд на групата, манифест со наслов „Научниот дизајн на светот: Виенскиот круг“ ( Wissenschaftliche Weltauffassung. Der Wiener Kreis) со посвета на Мориц Шлик. При проверката на научните претпоставки, вниманието на кругот било насочено кон начелото на верификација, претходно Карл Попер во преден план го ставил начелото на фалсификување.
Во 1929 и 1932 година, Шлик бил визитинг професор на Стенфордски универзитет и заедно со другите членови на кругот, учествувал на многу конгреси на тема филозофија на науката на европските универзитети.
Престанок на кругот и смрт
уредиРаботата на кругот стана многу потешка во 1933 година, кога нацистите дошле на власт во Германија. Германскиот дел од членовите претежно емигрирале во САД, но за останатите, силниот пораст на антисемитизмот го отежнувал функционирањето, бидејќи значителен дел од членовите на кругот биле со еврејско потекло. И покрај опасноста, Шлик решил да остане во Виена.
Поранешниот студент Јохан Нелбок, кој пукал во него, претходно бил лекуван во психијатриска установа. Тој бил осуден на 10 години затвор за убиството на Мориц Шлик, но бил условно ослободен по само две години по аншлусот.
Наводи
уреди- ↑ Ted Poston, "Foundationalism" (Internet Encyclopedia of Philosophy)
- ↑ Hans Günther Ruß, Wissenschaftstheorie, Erkenntnistheorie und die Suche nach Wahrheit. Stuttgart, Kohlhammer Verlag 2004, p. 71.
- ↑ Thomas Oberdan, Protocols, Truth and Convention, Rodopi, 1993, p. 110.
- ↑ B. F. McGuinness (2013). Moritz Schlick. стр. 336–7.
Once again, one has to understand Schlick's world conception, which he took over from Schopenhauer's world as representation and as will. ... 'To will something' – and here Schlick is heavily influenced by Schopenhauer – .
- ↑ Наречен и логички емпиризам и неопозитивизам
- ↑ герм. Verein Ernst Mach
- ↑ герм. Wiener Kreis
- ↑ Спознание
Надворешни врски
уреди(германски):
- Биографија Архивирано на 18 февруари 2015 г.
(англиски):