Морбиjан
Морбијан — департман во административниот регион Бретања, сместен во северозападниот дел на Франција. Именуван е по Морбијан (мало море на бретонски), затвореното море кое е главна одлика на крајбрежјето. Забележан е по Карнакските камења, кои датираат од пред споменикот Стоунхенџ во Вилтшир, Англија и и се пообемни од него.
Морбијан Morbihan Mor-Bihan | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Зградата на префектурата на департманот Морбијан, во Ван | |||
Местоположба на Морбијан во Франција | |||
Карта на Морбијан | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Бретања | ||
Префектура | Ван | ||
Потпрефектури | Лорјан Понтиви | ||
Управа | |||
• President of the General Council | Франсоа Гулар | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 6.823 км2 (2,634 ми2) | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 759.684 | ||
• Ранг | 31st | ||
• Густина | 110/км2 (290/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Број на департманот | 56 | ||
Арондисмани | 3 | ||
Кантони | 21 | ||
Општини | 249 | ||
^1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 km2 и речни устија. |
Три главни воени образовни објекти се сместени во Гер, вклучително и Специјалната воена школа во Сен-Сир (École Spéciale Militaire de Saint-Cyr), националната воена академија за офицери.
Историја
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1801 | 401,215 | — |
1821 | 416,224 | +3.7% |
1831 | 433,522 | +4.2% |
1841 | 447,898 | +3.3% |
1851 | 478,172 | +6.8% |
1861 | 486,504 | +1.7% |
1876 | 506,573 | +4.1% |
1881 | 521,614 | +3.0% |
1891 | 544,47 | +4.4% |
1901 | 564 | +3.6% |
1921 | 556,047 | −1.4% |
1936 | 542 | −2.5% |
1946 | 506,884 | −6.5% |
1954 | 520,966 | +2.8% |
1962 | 530,833 | +1.9% |
1968 | 541 | +1.9% |
1975 | 563,588 | +4.2% |
1982 | 590,889 | +4.8% |
1990 | 619,723 | +4.9% |
1999 | 643,293 | +3.8% |
2006 | 693,498 | +7.8% |
2016 | 747,548 | +7.8% |
Морбијан е еден од оригиналните 83 департмани создадени на 4 март 1790 година за време на Француската револуција. Создаден е од дел на Војводството Бретања.
Во 1945 година кадетите од Специјалната воена школа во Сен-Сир, најголемата француска воена академија за офицери, била преместена во Гер. Ова било направено со цел да ја вклучи и Меѓуармиската воена школа (École militaire interarmes), за подофицери; и Воената школа за технички и административен корпус (École Militaire du Corps Technique et Administratif).
Географија
уредиМорбијан, дел од регионот на Бретања, е опкружен со департманите Финистер, Арморските Брегови, Ил и Вилен и Атлантска Лоара и Атлантскиот Океан на југозапад.
Заливот Морбијан има многу острови: 365 според легендата. Има всушност меѓу 30 и 40, во зависност од тоа како се бројат. Има и многу островчиња кои се премали за каков било развој. Од овие острови, сите освен два се во приватна сопственост: Ил-о-Моан и Ил д'Арз. Сопствениците на другите вклучуваат филмски ѕвезди, модни дизајнери и други богатиши.
Во департманот Морбијан, но надвор од заливот, има четири населени острови:
Меабан, остров веднаш надвор од Пор ди Круести, е орнитолошки резерват. Таму се забранети посетители.
Уметност и култура
уредиМногу жители го поддржуваат одржувањето и употребата на бретонскиот јазик, а има и бројни поборници за двојазично образование.
Сликарот Ремон Винц (1884–1956) ги насликал местата околу Морбијанскиот Залив.
Управување
уредиОд 2014 година, префект на Морбијан е Жан-Франсоа Сави, претходно раководител на префектурите Ардени и Горни Алпи.[1]
Политика
уредиСегашни претставници во Националното собрание
уредиИзборна единица | Член [2] | |
---|---|---|
1-ва изборна единица на Морбијан | Ерве Пелоа | Републиката напред! |
Втора изборна единица на Морбијан | Жими Паен | МоДем |
3-та изборна единица на Морбијан | Никол Ле Пеи | Републиката напред! |
4-та изборна единица на Морбијан | Пол Молацк | Републиката напред! |
5-та изборна единица на Морбијан | Гвендал Рујар | Републиката напред! |
6-та изборна единица на Морбијан | Жан-Мишел Жак | Републиката напред! |
Туризам
уреди- Карнакски камења, мегалитски појаси на Карнак, се наоѓаат во Морбиjан.
- Туристичка канцеларија на Оре Архивирано на 15 јуни 2018 г.
-
Заливот Морбијан е популарна дестинација за едрење
-
Багад на Лан-Биуе
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Le préfet du Morbihan“. Morbihan Prefecture website.
- ↑ Assemblée Nationale. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblee-nationale.fr. Посетено на 2019-09-04.
Надворешни врски
уреди- (in French) Prefecture website
- (in French) General Council website
- (in English) Morbihan на Curlie (англиски)
- (in French) Cultural Heritage Архивирано на 17 март 2012 г.
- (in French) Tourism website
- (in English) Hiking in Morbihan Архивирано на 11 јуни 2017 г.