Монти Пајтон и Светиот грал
„Монти Пајтон и Светиот Грал“ е филм од 1975 година. Сценариото, режијата и глумата се дело на членовите на „Монти Пајтон“, англиска група комичари, во празниот период меѓу двете последни сезони од нивната популарна телевизиска серија на Би-Би-Си - Летечкиот Циркус на Монти Пајтон. Во основа, филмот претставува пародија на легендата за Кралот Артур и неговата потрага по Светиот Грал. Филмот доживеал голем успех при премиерното прикажување, а денес има култен статус. Тој бил вдахновение за мјузиклот (добитник на наградата „Тони“) Спемалот од 2005 година, дело на членот на Монти Пајтон, Ерик Ајдл.
„Монти Пајтон и Светиот Грал“ | |
---|---|
Промотивен постер за изданието од 2001 година | |
Режисер | Тери Гилијам, Тери Џонс |
Продуцент | Марк Форстатер, Мајкл Вајт |
Сценарист | Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс, Мајкл Палин. |
Главни улоги | Греам Чепмен, Џон Клиз, Тери Гилијам, Ерик Ајдл, Тери Џонс, Мајкл Палин. |
Кинематографија | Тери Бедфорд |
Монтажа | Џон Хакни |
Дистрибутер | 20th Century Fox (Велика Британија), Columbia Pictures (САД), EMI (Велика Британија, 1975) |
Премиера | 3 април 1975 (Велика Британија) |
Времетраење | 91 минута |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | Англиски |
Буџет | £229,000 |
Претходен | А сега, нешто сосема различно |
Следен | Житието на Брајан според Монти Пајтон |
Надворешни врски
уредиВикицитат има збирка цитати поврзани со:
- Монти Пајтон и Светиот Грал на Семрежната филмската база на податоци
- Проценка на брзината на летот на слободна ластовичка