Монголски писма
Повеќе монголски системи на пишување биле користени во текот на развојот на јазикот. Бројот на писма поврзани со монголскиот јазик одговара со други неколку јазици. Најстариот бил и најуспешниот систем на пишување што се користи и денес. Други писма биле создадени за одредени потреби во одерени времиња. Во 20 век Монголија ја одбрала кирилицата за своја азбука поради блискоста со Советскиот Сојуз а и поради поедноставниот начин на пишување со кирилицата.
Хитанско писмо
уредиМонголско писмо
уредиКласичната вертикална монголска азбука (Монгол бичиг) било едно од многуте системи на пишување создадени за монголски јазик и највеќе користена азбука сѐ до воведувањето на кириличната монголска азбука во 1946. Традиционалното писмо со малимодификации се користи денес во Внатрешна Монголија во Народна Република Кина. Истото писмо се користи и во евенкискиот јазик.
Јасно писмо
уредиЈасното писмо (монголски: Тодо бичиг) било создадено во 1648 од будистичкиот монарх Заја-пандита Намхајџимко за пишување на монголски јазик. Било развиено врз основа на традиционалното монголско писмо и било создадено сѐ со цел да се прилагоди пишувањето според изговорот на јазикот. Исто така, со ова писмо полесно било преведувањето и транскрипцијата од тибетски јазик и санскритски јазик во монголски јазик.
Вагинтара писмо
уредиДруга варијанта била создадена во 1905 година од бурјатскиот монах Агван Доржиев. Со тоа писмо се претендирало да се зацврсти влијанието на рускиот јазик за разлика од монголскиот јазик врз самото писмо. Најзначајна промена било замената на формите на буквите. Сите знаци биле засновани на средновековното монголско писмо. По неколку години, Агван Дорџиев останал без финансиски средства за промовирање на писмото па така останале само неколку книги испечатени со ова писмо.
Пагспа писмо
уредиПагспа писмото или ново монголско писмо било абугида дизајнирано од тибетскиот Лама Дрогон Чогјал Пагпа за монголскиот император Кублај Хан за време на династијата Јуан во Кина.
Сојомбо писмо
уредиСојомбо писмото (Соёмбо бичиг) е писмо развиено од монголските монаси и научникот Богдо Занабазар во 1686 година за пишување на монголски јазик. Истото писмо се користи за пишување и на тибетски јазик и санскритски јазик. Специјален знак од писмото, наречено сојомбо стана национален симбол на Монголија и е дел од знамето на Монголија од 1921 година и на грбот на Монголија од 1992 година.
Хоризонтално квадратесто писмо
уредиМонголско латинично писмо
уредиМонголското латинично писмо било официјално прифатено на 1 февруари 1941, но по два месеца писмото се повлекло од употреба на 25 март 1941. Според официјалните изјави, писмото се повлекло бидејќи не било познато на населението и не било учено добро. Исто така во изјавите се тврдело дека не ги опфаќа сите звуци на монголскиот јазик и било тешко за користење. Веднаш после овој предлог се прифатила кирилицата како национална азбука.
Монголска азбука
уредиДенешната кирилична азбука што се користи во монголскиот јазик е изменета кирилична азбука. Азбуката е фонетска и е слична со руската. Разликата помеѓу овие две азбуки е во две букви: Өө /ö/ и Үү /ü/
кирилица | МФА | Кирилица | МФА | Кирилица | МФА | Кирилица | МФА | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аа | a | Ии | i | Пп | (pʰ ), (pʰʲ ) | Чч | tʃʰ | |||
Бб | p,pʲ | Йй | j | Рр | r,rʲ | Шш | ʃ | |||
Вв | w,wʲ | Кк | ( k ), (kʲ ) | Сс | s | Щщ | (stʃ ) | |||
Гг | ɡ,ɡʲ,ɢ | Лл | ɮ,ɮʲ | Тт | tʰ,tʰʲ | Ыы | i | |||
Дд | t,tʲ | Мм | m,mʲ | Уу | ʊ | Ьь | ʲ | |||
Ее | je | Нн | n,nʲ | Үү | u | Ээ | e | |||
Ёё | jɔ | Оо | ɔ | Фф | ( f ) | Юю | jʊ | |||
Жж | tʃ | Өө | o | Хх | x,xʲ | Яя | ja | |||
Зз | ts | Цц | tsʰ |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- The Silver Horde: монголски писма
- Монголскиот јазик и писмо
- Inkway Архивирано на 18 април 2008 г. Монголска калиграфија