Малачки Проток
Малачки Проток (малајски: Selat Melaka, индонезиски: Selat Malaka) — тесна водна површина долга 805 км која се протега Малајскиот Полуостров и индонезискиот остров Суматра. Наречен е по Малачкиот Султанат кој заповедал со архипелагот од 1414 до 1511 г.
Малачки Проток Selat Melaka | |
---|---|
Малачкиот Проток го поврзува Тихиот Океан на исток со Индискиот Океан на запад | |
Подрачје | Андаманско Море - Каримата |
Координати | 4°N 100°E / 4° СГШ; 100° ИГД |
Вид | проток |
Сливни земји | Тајланд Малезија Сингапур Индонезија |
Прос. длабочина | 25 м |
Населени места |
Граници
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација границите на Малачкиот Проток се следниве:[1]
На запад. Линија од Педропунт (најсеверната точка на Суматра, 5°40′N 95°26′E / 5.66° СГШ; 95.43° ИГД) и Лем Воалан (јужниот крај на островот Пукет во Сијам [Тајланд], 7°45′N 98°18′E / 7.75° СГШ; 98.3° ИГД).
На исток. Линија од ’ртот Танџинг Пиај (Булус) (јужниот крај на Малајскиот Полуостров, 1°16′N 103°31′E / 1.26° СГШ; 103.51° ИГД) и Браќата (1°11′N 103°21′E / 1.19° СГШ; 103.35° ИГД), а оттаму до Клајн Каримун (1°10′N 103°23′E / 1.16° СГШ; 103.39° ИГД).
На север. Југозападниот брег на Малајскиот Полуостров.
На југ. Североисточниот брег на Суматра на исток сè до Танџонг Кедабу (1°06′N 102°58′E / 1.1° СГШ; 102.96° ИГД), а оттаму до Клајн Каримун.
Стопанска важност
уредиОд стопанска и стратешка гледна точка, Малачкиот Проток претставува еден од најважните водни патишта во светот.
Протокот е главен премин за бродскиот сообраќај помеѓу Индискиот и Тихиот Океан, поврзувајќи ги најголемите стопанства во Азија како Индија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Годишно низ протокот поминуваат по 94.000[2] бродови,[3] и превезуваат една четвртина од трговската стока во светот како нафта, кинески производи и индонезиско кафе.[4]
Нив Малачкиот Проток минува и една четвртина од нафтените танкери во светот, главно од земјите во Персискиот Залив кон големите азиски пазари како Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Во 2006 низ теснецот се превезувале 15 милиони барели дневно (2.400.000 м3/ден).[5]
Најголемите бродови што можат да поминат низ протокот се нарекуваат „малакамакс“. Протокот е длабок само 25 м, па затоа најголемите бродови (претежно нафтени танкери) не можат да поминуваат низ него. Бродовите што се поголеми од ова мораат да одат преку Ломбочкиот и Макасарскиот Проток, преминот Сибуту и Миндорскиот Проток.
Во Филипсовиот Канал во подрачјето јужно од Сингапур, Малачкиот Проток се стеснува до 2,8 км (1,5 морски милји), што претставува едно од најзначајните геостратешки тесни грла на светот.[6]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
- ↑ Aljazeera.net (англиски)
- ↑ Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД (англиски)
- ↑ Freeman, Donald B. (2003). The Straits of Malacca: Gateway or Gauntlet?. McGill-Queen's University Press. ISBN 0-7735-2515-7.. A book review citing this information can be found at University of Toronto Quarterly, Volume 74, Number 1, Winter 2004/5, стр. 528-530
- ↑ Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД (англиски)
- ↑ Тесни грла во светскиот превоз на нафта (англиски)
Надворешни врски
уреди„Малачки Проток“ на Ризницата ? |
- [https://web.archive.org/web/20050317141338/http://www.fsas.upm.edu.my/~masdec/web/straits.html Архивирано на 17 март 2005 г. Центар за истражување и развој на Мачачкиот Проток] (англиски)
- [https://web.archive.org/web/20080528100902/http://www.zef.de/fileadmin/webfiles/downloads/zef_wp/zef_wp17_evers-gerke.pdf Архивирано на 28 мај 2008 г. Стратешката важност на Малачкиот проток за светската трговија и регионалниот развој] (англиски)