Молат хрватски: Molat, италијански: Meladaхрватски остров во Јадранското Море. Се наоѓа во близина на Задар, југоисточно од Ист, одвоен од теснецот Запунтел. Островот има површина од 22,82 км2[2][3].

Молат
Географија
МестоЈадранско Море
Координати44°13′52″N 14°50′28″E / 44.231° СГШ; 14.841° ИГД / 44.231; 14.841
Површина22,82 км2
Држава
Хрватска
ЖупанијаЗадарска
Демографија
Население197 (2011[1])
Сателитска слика од островот

Населени места на островот се: Молат (население 107), Запунтел (42) и Бргуље (48)[1], и се наоѓаат во внатрешноста на островот. Главни индустрии на островот се земјоделството, овчарството, риболовот и туризмот[4][5].

Географија

уреди

Островот е составен е од низок еоценски варовник од периодот Креда. Североисточниот брег е претежно низок и вдлабнат со бројни заливи, но југозападниот брег е во голема мера стрмен. Релјефот се одликува со два варовни рида, разделени едни од други од областа Запунтел (Брегот на Бргуље е нејзиниот југоисточен потопен дел).

Историја

уреди

Стара историја

уреди

Молат бил населен од камено време. Во Леденице кај пристаништето Запунтел, на далечниот север од островот, во Запунтелско Поле и на исток од селото Молат, од тоа време се пронајдени повеќе варовнички предмети. Според името на островот може да се заклучи дека бил населен во неолитската ера од страна на пред-Индоевропската популација. Оваа форма на име е распространето во Средоземното Море: Мљет, Малта (остров Вели Дрвеник, островот јужно од Сицилија).

За островот не постојат наоди од бронзеното време. Од железното време имало четири илирски тврдини: Локардиник, Грачина, Стража и Кнежак. Во внатрешноста на тврдината имало предмети од печена земја, варовнички предмети, остатоци од храна (коски, полжави и школки). Исто така, пронајдени се 8 камени гробници. Садовите за грнчарија увезени од јужна Италија биле пронајдени во Грацини кај Бргуље.

Во римско време, локалното либурско население живеело сосема автохтоно. Постоењето на римското население е потврдено од топонимите: Карстул, Бавкул, Макнар, Трамерка, Бргуље.

Среден век

уреди

По пристигнувањето на Словените помеѓу 7 и 10 век, Хрватите постепено го асимилирале месното население. Во тоа време се појавиле првите записи за островот. Најстарото споменување го наведува Константин VII Порфирогенет околу 950 година. Името Мелата се споменува во 1073, 1151, 1195, 1381 година. Запунтел првпат се споменува во 1450 како пристаниште Санпонтело, а Бргуље за првпат се споменува во 1527 година кога бил спроведен првиот венецијански попис.

Островот станал донација од грофот на Деса во 1151 година на манастирот „Св. Кршеван“ од Задар. Старите мапи од 1320 и 1321 го споменуваат Молат како големо пристаниште на Света Богородица (денес Лучина), кое претставувало важна станица на патот од Истра и Осор до Задар.

По освојувањето на Задар од страна на Република Венеција во 1409 година, Молат станал венецијански имот кој бил изнајмуван на годишно ниво. За првите 250 години, закупецот се менувал релативно често. Тие не ги имале предвид интересите на населението, но се обиделе да постигнат колку што е можно поголем профит, првенствено со намалување на шумите. Задарскиот благородник, Зуане Пикарди ја вовел забраната за сечење дрво за населението и вовел парична казна од 25 дукати за оние кои нема да го пичитуваат тоа. Семејството земјопоседник Лантане со островот владееле најдолго, од 1640 до крајот на 19 век, кога семејството Абелиќ го купил нивниот имот. Семејството Лантане понекогаш живееле во мала, висока ѕидна палата во селото Молат (изградена во 1664 година, по Втората светска војна до 1990 година била ресторан, денес е занемарена). Главниот производ на островот било виното, а се занимавале и со жито, грав, леќа, смокви, сирење, ракија, кожи, риби и други.

Островот бил ограбен од разни пирати, а топонимите Стража и Стразица (Мала Стража) сведочеле за обидите за заштита. Било забележано дека Турците го ограбиле островот во 1571 година, а во 1684 година киднапирале и заробиле 20 жители.

Во 1666 година жителите на островите одоколината се пожалиле за високите даноци, но немале никаков успех. Тарифите станале уште повисоки.

Нова историја

уреди

На почетокот на 19 век, англиските затвореници го нападнале островот неколкупати; на пример, во 1810 година тие ја ограбиле и го запалиле куќата на папскиот свештеник.

Помеѓу двете светски војни, било укинато крепосништвото на островот (како што е потврдено од спомен-плочата на камбанаријата на локалната црква во селото Молат, 1937). Во 1926 година бил изграден Домот на културата. Во 1933 година била осснована библиотеката. Во 1937 година, островот достигнал максимална популација од 1.083 во текот на запишаната историја. Населението оттогаш се намалува поради емиграцијата и урбанизацијата.

За време на Втората светска војна во 1942 година, италијанските фашисти на Молат основале логор во заливот Јази, каде што 20.000 луѓе биле затворени, а 350 убиени.

По Втората светска војна до денес, населението се занимава со туризам, риболов и земјоделство. Денес, основното училиште (отворено во 1880 година) е затворено, бидејќи на островот нема деца.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Town Zadar“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
  2. (June 2004). "Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000" (PDF).  (консултирано на 21 January 2011)
  3. Острошки, Лилјана, уред. (декември 2015). Статистички годишник на Република Хрватска 2015 (PDF). Државен завод за статистика. стр. 47. ISSN 1333-3305. Посетено на 27 декември 2015.
  4. Molat on ldnbglobal.com
  5. Предлошка:GE-YLZ

Надворешни врски

уреди