Младински Совет Нова Генерација

невладина организација од Скопје

Младински Совет Нова Генерација ― невладина организација со седиште во Скопје, Македонија, основана во 2010 година од Ѓоко Грдановски. Основана во Скопје, организацијата е ангажирана во областа на младинската работа и неформалното образование на меѓународно и месно ниво.

Младински Совет Нова Генерација
ГеслоWe are the Next Generation everyone is talking about!
Основана2010
Видневладина организација
Целволонтерска организација
СедиштеСкопје
МестоМакедонија
Службени јазицимакедонски, англиски
ПретседателЃоко Грдановски
Вработени4
Мреж. местоhttps://nextgeneration.com.mk/

Мисија, визија, цели и вредности

уреди

Мисијата на организацијата е да се поттикнат младите да ги развијат своите капацитети и способности преку обезбедување на национални и меѓународни можности за неформално образование, активизам и волонтерство преку промовирање на европските вредности. Организацијата се стреми да создаде нова генерација образовани и свесни млади луѓе подготвени да земаат активно учество во процесот на донесување одлуки во општеството.[1]

Младински Совет Нова Генерација замислува општество со способни, активни и општествено одговорни луѓе.[1]

Нова Генерација го зајакнува младинското учество преку имплементација и поддршка на проекти и иницијативи насочени кон развој на младите во нашата локална заедница, но и на национално и меѓународно ниво. Основата на организацијата се базира на искуството на нејзините членови во младинската работа, неформалното образование, активното учество и социјалниот активизам, кои имаат цел да им овозможат можности за учење и мобилност на младите луѓе се со цел да се зголеми нивната активност во општеството.[1]

Вредностите за кои што се залага организацијата се: солидарност, единство, разновидност, еднаквост, човечко достоинствo, активно граѓанство, социјална одговорност, демократија и владеење на правото, слобода на лично изразување.[1]

Историја

уреди

Младински Совет Нова Генерација била основана во 2010 година основана од Ѓоко Грдановски, младински активист.[1]

Активности

уреди

Младински Совет Нова Генерација развива младински проекти во рамки на програми понудени од домашни и меѓународни фондови и донатори. Со оглед на целната група и поле на работа, повеќето од проектите поддржани и имплементирани од организацијата се развиени во рамките на програмата Еразмус+. Всушност, организацијата дејствува како координатор и организација домаќин, како и партнерска организација на различни проекти кои се занимаваат со теми поврзани со младите. Досега има работено, подготвено и испратено над 1000 млади луѓе од Македонија.[1]

Проекти на организацијата

уреди

Целни групи на проектите се:

  • Адолесценти од 13 до 18 години;
  • Млади луѓе од 18 до 30 години;
  • Возрасни луѓе над 30 години.

Младински Совет Нова Генерација има улога на координатор или партнер во вкупно 128 проекти од КА1, КА2, КА3 и Еразмус Спорт активности покриени од Еразмус плус програмата.

Еразмус плус КА1 проекти: 109 проекти како партнер, 2 проекти како координатор. Еразмус плус КА2 проекти: 14 проекти како партнер, 1 проект како координатор. Еразмус плус КА3 проекти: 1 проект како партнер. Еразмус плус Спорт проекти: 1 проект како координатор.

Дел од проектите на Младински Совет Нова Генерација:[2]

  • Are You(th) sensitive enough? (координатор; Еразмус плус; програма КА1; 2014 година) - Целта на проектот била да се обучат младински работници, младински лидери, наставници и социјални работници во делот на интеркултурна способност за работа со различни групи на луѓе.
  • United Against Hate speech (координатор: Еразмус плус, програма КА1: 2018 година) - проектот се обратил на предизвиците не само во македонското општество, туку и во општествата на земјите учеснички поврзани со дискриминација и подигање на нивото на екстремизам. Покрај тоа, проектот ги одразувал потребите на учесниците да ги развијат своите вештини за ефективно справување со говорот на омраза во нивните заедници и да придонесат за создавање општество без омраза.
  • The Art of Upcycling (партнер; Еразмус плус; програма КА1; 2020 година) - Целта на проектот била да се миниманизира трошењето на ресурси на индивидуално ниво, со мотивирање на младите да ги претворат нивните не сакани во корисни предмети со што се промовира нивната креативност и оддржлив начин на размислување.
  • The Sound of Youth (партнер: Еразмус плус; програма КА1; 2019 година) - Целта на проектот била да се научат младите за обединување на луѓето преку моќта на музиката без разлика на нивната позадина или припадност. Проектот им помогнал на учесниците да ги ценат нивните разлики и да ги користат во нивна полза.
  • Less scrolling! More living! (партнер: Еразмус плус; програма КА1; 2019 година) - била младинска размена со главна цел да се воспостави дебата за влијанието на социјалните медиуми и да се подигне свеста за безбедно и позитивно користење на социјалните медиуми од страна на младите, вклучување во процесот на донесување одлуки или решавање на прашањата на заедницата од страна на младите.
  • YE - EQUALITY (партнер: Еразмус плус; програма КА1; 2018 година) - го подигнала разбирањето на учесниците за родовите и родовите прашања и ги направила учесниците родово почувствителни.
  • YOUTH IN GREEN for Environmental Protection and Organizing a Green Society (партнер: Еразмус плус; програма КА1; 2015 година) - Целта на активностите на проектот биле да се открие, заштити и подобри природата, да се донесат различни гледишта за надминување на овие проблеми и да се развие свеста кај младите за еколошки прашања.
  • Get Skilled: Get Empowered: DO Sport! (координатор; Еразмус плус спорт програма; 2020 година) - проектот имал за цел да ги истражи можностите што спортот ги нуди и неговата улога во развојот на младите; да ги развијат капацитетите на организациите да го вклучуваат спортот во нивните практики на развој на вештини; подигнување на свеста на јавноста за важноста на спортот во процесот на младински развој и зајакнување на младите: создавање на мрежа помеѓу организациите кои ги претставуваат младите и спортските сектори.
  • Enabling Youth Workers to Work in Intercultural Sensitive Environment (координатор; Еразмус плус; програма КА2; 2017 година) - целта на овој проект била да се обучат младински работници, младински лидери, наставници, социјални работници итн. за употреба на моделот на интеркултурна чувствителност создаден од Милтон Џ. Бенет во нивната секојдневна работа и секојдневниот живот, со цел да ја подобрат нивната интеркултурна способност за работа со различни целни групи вклучувајќи на пр. малцинствата, имигрантите или младите Роми.
  • Heritage YOUth Perspective (партнер; Еразмус плус; програма КА2; 2020 година) - проектот имал за цел да промовира места на културно наследство и традиционални занаети од 5 европски земји: Романија, Данска, Португалија, Македонија и Шпанија, како земји кои се вклучени во проектот. Овој проект има создадено неколку резултати: Дигитален прирачник со методи за изучување на културното наследство, Insta-mapping платформа на културни локации, збирка кратки видеа за занаети од националното наследство и интерактивна платформа.
  • Art Is My Weapon (партнер; Еразмус плус; програма КА2; 2020 година) - целта на овој проект била да се овозможи градење на капацитетите на организациите, воспитувачите, младинските работници и младите луѓе да ја користат уметноста како образовна алатка за справување со позитивните вредности, како што се солидарноста, единството, вклучителноста и правичноста, кои имаат клучно значење во справувањето со вонредната состојба со КОВИД-19. Како резултат од овој проект е уметнички мурал кој бил нацртан од страна на учесниците во Струга, на ѕид долг 60 метри и висок 2 метри.
  • CreaYouth - European Music Link (партнер; Еразмус плус; програма КА2; 2020 година) - целта на овој проект била да овозможи меѓукултурна размена помеѓу млади музичари од 4 различни земји од Европа: Франција, Шпанија, Словенија и Македонија. Преку уметничкото творештво на учесниците биле создадени 12 авторски песни со музички специфичности од земјите вклучени во проектот со цел вмрежување и промоција на различни музички култури. Во текот на проектот, учесниците имале можност да патуваат во сите 4 земји, да вежбаат заедно и премиерно да ги изведуваат нивните новокомпонирани песни.[3] Завршната активност на проектот била во Скопје, каде што учесниците биле распределени во 4 бендови коишто создавале нивни авторски песни и ги изведувале во клубот Маракана: Јануарска идила, од бендот Пиреј;[4] Danser dans les temps од бендот Not Yet;[5] Propane од бендот Last Minute;[6] и Бурек со месо од бендот Crème de la crème.[7]
  • Model European Union Strasbourg 2016 (партнер; Еразмус плус , прoграма КА3; 2020 година) - целта на овој проект била образување и обединување. Образување на теми за процесот на донесување одлуки во Европската унија, улогата на секоја установа на ЕУ и влијанието на државните и недржавните чинители. Друга цел на овој проект била на учесниците да им се даде можност да комуницираат со творците на политики и професионалци од ЕУ, локалните власти и релевантните невладини организации, како и преведувачи, новинари и лобисти со соодветно искуство.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „About Us“ (англиски). Скопје: Младински Совет Нова Генерација. Архивирано од изворникот 2022-06-25. Посетено на 14 декември 2022.
  2. „Erasmus+ EU programme for education, training, youth and sport/ Youth Council Next Generation“ (англиски). Европска Комисија. Посетено на 14 декември 2022.
  3. „Crea Youth“. Crea Youth (англиски). Посетено на 2023-01-03.
  4. „Last but not least, we present to you band No. 4 performing their song during the last mobility of the #CreaYouth #ErasmusPlus Strategic partnership... | By Младински Совет | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2023-01-03.
  5. „From 7th June until 14rd of November 2022 the participants from N. Macedonia, Spain, France & Slovenia took part in the last mobility in Skopje, N.... | By Младински Совет | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2023-01-03.
  6. „Check out band No. 2 performing at Marakana during the last mobility of the #CreaYouth #ErasmusPlus Strategic partnership project that took place in... | By Младински Совет | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2023-01-03.
  7. „Feel free to enjoy the performance of band No. 3 in Marakana during the third mobility of the #CreaYouth #ErasmusPlus Strategic partnership project that... | By Младински Совет | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2023-01-03.