Михаило Ристиќ
Михаило Ристиќ (5 септември 1864 — 15 август 1925) бил српски дипломат, конзул и дипломаски претставник.[1] Главната активност на Ристиќ како конзул и дипломат била да помага на српскиот народ и црквата во Македонија и во Стара Србија, како и нивна заштита од бугарската и грчката пропаганда и оружани акции.[2]
Михаило Ристиќ | ||
Роден | 5 септември 1864 Белград | |
---|---|---|
Починал | 15 август 1925 |
Животопис
уредиМихаило Ристиќ бил син на Гаврил Ристиќ, белградски трговец, и Катарине Ќиприќ од семејство на белградски трговци. Основно училиште, гимназија и правен факултет завршил во Белград. Дипломирал во 1886 година, а потоа една година учел во Париз, во „Слободната школа на политички науки“.
Се оженил во 1895 година со Правда, ќерката на Владимир Јовановиќ, државен советник, министер и сенатор, и сестра на политичарот Слободан Јовановиќ. Михаило и Правда имале еден син Андрија Ристиќ, кој бил правник.
Кариерата ја започнал во Министерството за надворешни работи на Србија, во 1884 година, каде работел во отсекот - пропаганда.[3] Како секретар на тоа министерство, во 1892 година го пропатувал Косово. Изјавил дека состојбата на Косово е толку лоша, што за десет години таму нема да има Срби.[4] Во 1893 година, станал секретар на српското дипломатско претставништво во Цариград,[1] а во 1896 година, бил секретар во Министерството за надворешни работи во Белград.[1] Конзул во српскиот конзулат во Скопје станал во 1896 година, а во 1898 бил поставен за секретар на дипломатското претставништво во Виена.[1] Од 1899 до 1903 година бил српски конзул во Битола,[1] а од 1904 до 1906 година, повторно бил конзул во Скопје. Како конзул во Македонија, Ристиќ помагал да се спроведе српската четничка акција, а во 1904 година, го координирал преминот на четата на Јован Бабунски преку границата и преку Вардар.[5] Во Букурешт бил на служба од 1906 година, а дипломатски пратеник во Рим бил од 1907 година.[1] Во текот на 1920 година, бил делегат на кралството СХС во Дунавската комисија. Се пензионирал во 1924.
Во 1913 година, заедно со Никола Пашиќ го потпишал Букурешкиот договор.[1]
Под псевдонимот П. Балкански ги напишал трудовите: „Низ гробишта, патопис по Стара Србија“ (1894) и „Српскиот народ во скопската епархија, расправа за црковно-школските прилики“ (1899).[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Народна енциклопедија српско-хрватско-словеначка, Београд 1929, књига 3, 950
- ↑ Вучетић, Биљана (2012). Наша ствар у Османском царству. Београд: Историјски институт.
- ↑ Биљана Вучетић, Историјски часопис LIII (2006) 359-374
- ↑ Војводић, Михајло (2003). „Путовање Михаила Г.Ристића по Старој Србији и Македонији 1892. године“. Вардарски зборник. 2: 19-30.
- ↑ Биљана Вучетић , Историјски часопис LV(2007)265-277 Архивирано на 5 октомври 2013 г., Посетено на 12. 4. 2013.