Турнеја (филм)
Турнеја е српски филм од 2008 година во режија и сценарио на Горан Марковиќ. Снимањето започнало кон крајот на 2007 година во Република Српска, на локации во Шамац, Дервента, Приједор и Козарска Дубица, и бил завршен на крајот на февруари 2008 година.
Содржина на филмотУреди
Дејството се случува во 1993 година, кога група белградски глумци кои започнуваат турнеја на подрачја кои се зафатени и се во воено подрачје. Тие талкаат од бојно поле на бојно поле и стапуваат во контакт со сите три завојувани страни.
Интересни фактиУреди
- Горан Марковиќ пред десет години ја режирал истоимената претстава во театарот „Атеље 212 “.
- Филмот бил номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар филм надвор од англискиот јазик“ во 2008 година.
- Музиката на филмот содржи песни од Баја Мали Книнџа (Ни метар повеќе) и Убавиот Миша (Станувајте мои роднини).
НаградиУреди
- Филмот бил прикажан во 2008 година на фестивалот во Монтреал каде Горан Марковиќ бил награден за режија, а филмот добил награда за најдобар филм.
Несреќа за време на снимањетоУреди
За време на снимањето на филмот во Приједор, се случила несреќа кога чаура од куршум го погодила глумецот Богдан Диклиќ во главата.[1]
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Б92, доделена „Тура“ во Монтреал (2 септември 2008 година)
- Балкански трубадури во Холивуд